Бидејќи можам да останам смирена во многу ситуации кога некој друг вика и се дере , и треска врати . Ги поддржувам блиските луѓе кога ќе загубат нешто и не леам солзи со нив ..туку сакам да му бидам пример за и тие да не плачат и да не се нервираат.
Се сакам себеси поради многу работи. Некои (најважните ) се: Интелигентна сум,имам ЦВРСТ карактер,Не сум злопамтило,Природна Русокоса сум (Признавам неможе секој да биде природно рус ) се сакам себеси поради тоа што Дечко ми ме направи подобра личност!!! Си ги сакам моите несовршености и маани. Ширам наоколу позитивна енергија,креативна сум,уживам во ситниците,но и некоја голема работа не би била лоша Има уште многу но ме мрзи..Е не се сакам поради тоа што сум мрзлива..
Им помагам на луѓето. Тоа ми е бесценета особина. Не е битно дали за да ја најдат банката во Автокоманда или за тоа дека веќе неможи да го трпи бесот на дечко и некоај другарка моја,им помагам. Поради мојата извонредна способност за слушање. И разгледување на секоја ситуација од сите можни аспекти. Многу повеќе објективно отколку субјективно. Во кажувањето на вистината. Стварно е болна и стварно имам и многу луѓе што ме мразат заради тоа,но имам двојно повеќе кои ме сакаат. И кои стварно ме почитуваат заради тоа. Што не лажам. Што сум принципиелна. Знам што,како и зошто правам. Што сум оригинална. Најмногу,заради тоа што се почитувам себеси. Ама навистина.
Поради мојата "интелегенција" Спојлер Level Expert. Ај да не бидам самокритична ќе кажам дека се сакам поради тоа што знам да бидам искрен пријател.
Се сакам себеси поради мојата упорност,истрајност,издржливост за сите овие години што се борев,молев,чекав да си правам ректроспектива на се што поминало си честитам сама на себе и сватив, да се секам себеси,-да се сакам себеси затоа што посакувам и другите да бидат срекни.
Се сакам поради фактот што сум убавица (се шалам, не сум толку нарцисоидна) па вака, се сакам затоа што знам помогнам, затоа што сум искрена и откачена, затоа што тренирам, затоа што сум 24 сати насмеана.. Затоа што, просто, никој не е како мене. Никој не е толку интелегентен, никој нема ваква коса, никој нема вакво лице, никој нема вакво тело... Се сакам заради тоа што сум уникат и вистинска мистерија .
Се сакам себе си поради тоа што сум упорна. Дури и да не успеам од прв пат не се откажувам. Се сакам себе си поради харизмата што ја имам и особината да влијаам позитивно врз многу луѓе.
си се сакам себеси поради своеглавоста ,тоа што ке наумам тоа и правам и го добивам,некои ке речат тоа е лоша особина но не е, се сум успеала со тоа ,притоа не газеќи по други за да успеам,а тоа е најважно,секогаш кога ке сум послушала друг сум грешела, одамна решив ама баш никој да не слушам освен себеси
Бидејќи можам да останам смирена во многу ситуации.Бидејќи ширам наоколу позитивна енергија,креативна сум и уживам во ситниците.Се сакам и поради мојот изглед. Затоа што сум искрена и откачена, затоа што тренирам, затоа што сум 24 сати насмеана.. Се сакам себеси заради тоа што се борам до крај за она што го сакам. Се сакам себеси поради тоа што сум јас, ваква каква што сум, со сите мои маани и доблести!
Поради тоа што секогаш го правам она што ќе го намислам и го добивам тоа што ќе го посакам.. До сега не сум газела по трупови и лешови за да стигнам до целта но во иднина ако треба и тоа ќе го сторам.. Еднаш сум на овој свет и не сум безгрешна ако бев безгрешна ќе бев ангел на небото но јас сум еден обичен човек кој знае што сака и токму поради тоа се ОБОЖАВАМ.
..највеќе поради силата која што ја поседувам. Има многу работи кои ме скршиле, но никогаш не сум ја изгубила вербата во себе. Затоа што знам дека можам, затоа што самиот живот е борба.. Понатаму.. енергијата, изнудувањето насмевки на туѓите лица, извлекувањето на позитивното од негативна ситуација и момент, поради тоа што знам да сакам со чиста душа, мисли и срце..
Затоа што сакам да сонувам Затоа што ме исполнуваат ситници и детали Заради амбициите и нештата кои сакам да ги постигнам и не прифаќам помалку од она што знам дека заслужувам Затоа што знам што е најдобро за мене Затоа што сум паметна Затоа што сум итра Затоа што сум сигурна во себе Затоа што сум специфична Затоа што сум емоционална Затоа што сум креативна Затоа што сум друштвена Заради мојот стил Заради сите глупости мој Заради убавината и се што е на мене Знам да верувам во себе Знам брзо да се заљубам Затоа што сакам да јадааам hhihihi И ако сум самобендисана.. голема лутачка.. понекогаш и наивна во љубовта ...едноставно заради тоа што сум јас
Поради тоа што после 30-тата се прифакате такви какви што сте.И конечно знаете да си се цените самите себеси. Не, не сум академик, но сум многу искусна во својата работа.И барам таков третман.Затоа и го добивам. Не, не сум принцеза од бајките,трескам врати и спуштам телефон кога сум љута,ама кога сакам, светот наопачки ќе го превртам за него.Ако знам дека сум сакана.
Се сакам себеси затоа што сум искрена, затоа што сум смирена,се сакам себеси затоа што сум добра мајка ,сопруга,се сакам себеси затоа што сум истрајна и секогаш знам да се воздигнам после секој пат,се сакам себеси затоа што сум добар пријател,затоа што сум секогаш таму кај што им требам,да ги ислушам,да ги утешам да им понудам помош без да барам нешто за возврат,се сакам себеси затоа што добро се снаоѓам во различни ситуации,едноставно се сакам себеси поради многу доблести кои ги поседувам као личност,секој е посебен на свој начин.