Што сум неуморен борец,никогаш не се откажувам и никогаш не ги повредувам лугето само за да стасам до целта,туку се изборувам сама
заради тоа што не сум тргнала по погрешен пат,што сум чесна и добра,си имам свое јас и не сум скржава ниту срамежлива!
Се сакам себеси заради очите.. Се сакам себеси поради усните... Се сакам поради лицето мое убаво.. Се сакам поради формата на телото... И толкууу
Како мислам... Начинот на кои ги гледам работите. Инаку, и фактот што сум искрена и верувам во луѓето. Ахх нарциси ние
Темава ко за мене е правена изгледа... Се сакам поради тоа што често размислувам зрело,или барем така имам чуено. Што имам завидно ниво на креативност... Што без размислување би се жртвувал за некој што ми значи. Стојам на своето и ретко попуштам. Едино ако сфатам дека имам погрешенн аргумент со текот на времето. Лесно се вклопувам во средина со карактерот. Со изгледот...не баш.
Се сакам себеси поради тоа што сум НАРЦИС пред се... Што поседувам ПРЕМНОГУ високо ниво на харизма.. Што сум супер креативна. Доста паметна. Се сакам поради тоа што ги правам работите што другите не можат или никогаш не би помислиле на такво нешто.. Итн ... Најбитно не се сакам СЕ ОБОЖАВАМ!!
Јас се обожавам себеси ! Тежок нарцис сум уште од малаа Највише ја сакам мојата снаодливост,итрина, големата гордост што на никого не дозволувам да ме прегази, тврдоглавоста, интелегентноста,комуникативноста ии мојата гооолема самодоверба Ги сакам моите крупни очи,долгите трепки, полните усни, широката насмевка, долгата коса...полното газе ,виткото тело... Маа се сакам бе
Се сакам себеси поради тоа што знам да дадам ветување и да го исполнам. Друга причина поради што се сакам се моите плави очи преубави. Го сакам тоа што сум слаба и немам големи гради (порано многу сакав да имам големи,но сватив дека треба да се сакам себеси и дека е предност што немам големи гради). Се сакам поради мојата снаодливост,искреноста ( секогаш сум искрена,па ако ви се свиѓа тоа ок а ако не ви се свиѓа пак е ок), тврдоглава сум и што на ум то на друм како што кажале старите.Имам гордост и никогаш не сум дозволила некој да ми ја прегази а и нема да го дозволам тоа. Ја сакам мојата насмевка,ја обожавам мојата долга коса,го сакам изразот на лицето кога плачам-ги сакам тие плави очи насолзени. Си го живеам својот живот, едноставно не ме интересираат други мислења.Никогаш не ја пропуштам шансата ако ми е дадена за нешто (подобро да пробам отколку да се копкам самата себе зашто не сум пробала и како би било ако сум пробала, и да не успеам барем ќе знам дека сум се обидела). Имам голема самодоверба во себе. Хехехе голем нарцис сум си. Се сакам себеси,бидејќи сум јас.
Да не се фалам ама многу сум паметна , сум задоволно од моето тело , за разлика од некој кој се на диета за да добијат како моето тело јас на пример јадам јадам јадам се што сакам и пак сум таква , задоволна сум и од лицето има многу бетер од мене така да си се сакам комплетно .Можеби кога ке прочитате ќе кажете нарцис но не е така .Си ги знам квалитетите
Се сакам себе поради тоа што сум посебна, храброста, решителноста, потребата секогаш да помогнам некому, секогаш тука за тие што најмногу ги сакам
*Се сакам поради тоа што сум јас -Се сакам поради тоа што секогаш ги разбирам работите какви што се и можам да погледам од било кој аспект -се сакам затоа што имам талент во уметноста(Цртање,свирење,пеење,понекогаш пишување) -се сакам поради моите зелено сиви очи -се сакам поради интелегенцијата(хаха можеби изледа доста нарцистички,но пред мене видов и некои слични такви мислења) -се сакаам...се сакам најмногу и ги сакам сите недостатоци и сите совршености
Тоа што знам и умеам да ги прифатам своите и туѓите мани и да живеам со нив Со тоа што никогаш не се штедам себе си, се гордеам со својата упорност,искреност и со мојата хуманост Подобро е да бидеш човек отколку да станеш крал,бидејќи ќе имаш се, а всушност ќе немаш ништо
Тоа што многу паѓам, но уште побрзо и станувам. Едно време поради издржливоста, сега поради настојувањето да бидам издржлива.
Не се сакам поради тоа,туку си се восхитувам.Сам себе восхитувал ,ама често си се запрашувам како би ми изгледал животов да ја немав таа особина,на која си се гордеам,а таа е решителноста. Доволно сум свесна дека премногу пати сум ја проколнала,но ми има помогнато во исклучителни ситуации,once in a lifetime шанси кои сум ги зграпчила,благодарение ни повеќе ни помалку,туку на мојата решителност.Сум ја прифатила како дел од карактерот и нормално е да не иста кај секого,но кога ќе бидам сведок на не_можам_да_донесам _најпроста_одлука моменти,во себе му се заблагодарувам на Господ,на мајка ми и татко ми,на сите знајни и незнајни фактори кои придонесле да не бидам таква.
Се сакам поради мојата издржливост,верба,искреност,никогаш не се откажувам додека не го имам тоа,поради тоа што секогаш јас ги смеам сите во друштвото,блесавост,тоа што имам разбирање за некој работи,тоа што сум висока...