1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се срамам од моите родители

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Nezna28, 16 ноември 2013.

  1. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Дали некогаш сте биле во ситуација да се засрамите од вашитеродители? Без разлика од кои причини, дали се работи за тоа како се облечени, дали поради нивната необразованост, дали поради тоа што се сиромашни...... Значи без разлика на причината дали некогаш сте посакале да е сте до нив о некоја ситуација.
     
  2. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Се срамам од моите родители!?

    Никогаш...сепак тие се оние кои те направиле човек и те воспитале.
     
  3. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Се срамам од моите родители!?

    Само во една единствена ситуација..мајка ми премногу ме засрами..
    Не би сакала да пишувам за тоа,уште ме боле за тоа..
    Никогаш нема да и простам!
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Се срамам од моите родители!?

    Никогаш не сум се срамела од родителите. Ниту од баба ми и дедо ми.
    Со нив знаам да излезам на прошетка, на вечера, на пазар, во маркет, по гости,во бутици,да си седиме во двор, заедно да гледаме тв, итн. :)
    Некогаш баба ми и дедо ми ги носам во бутик кога сакаат да ми купат нешто. :lol:
    Стари се, ама средени, одржани, културни.
    (Иначе има и излапени стари со кои е тешко да се разбериш :tmi: ).

    И не можам да се изначудам на другарки кои се срамат дури и со мајка им да појдат до негде надвор. :fubar: Се срамат зошто била дебела, била остарена, а не се срамат кога ќе им направи ручек, ќе им пери по дома, им дава пари од платата ? :puke:

    Какви се, такви се, тие не родиле, жртвувале за нас и нема зошто да се срамиме од нив. Попрво ќе се засрамам од себе си. :!:

    Освен еден случај, кој верувам на повеќето ви се случил. Татко ми кога ќе се напие (по собиранки, по гости) знае да треси многу, да зборува што не треба. Тогаш, во тие моменти стварно не сакам да сум покрај него, и навистина ме нервира. :^)
     
    На Ena05, cresa-jagoda, Quuen и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Се срамам од моите родители!?

    Не знам за други причини, ама да се засрами некој од родителот поради причините што ти ги наведе:облека, необразованост, сиромаштија е крајно себично и нечовечно, па добро кај ви се емоциите.
    Не ми се случило да се срамам од моите родители, можеби во одредени ситуации сум мислела дека постапиле несоодветно но сите во животот знаеме несоодветно да изреагираме, да кажеме нешто погрешно за кое не е ниту време ниту место.
    Но тоа не значи дека треба некој да се срами од нас.
    Тоа е дел од животот, никој не е соврешен секоја секунда и не може да живее според тоа како на друг му одговара.
    Треба да научиме да се прифаќаме еден со друг, да го прифаќаме човекот и со неговите мани и да се сакаме, особено кога станува збор за некој кој те донел на овој свет и се грижи за тебе.
     
    На Quuen, Taccka, calliope и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Се срамам од моите родители!?

    Не се држете само до трите причини кои ги наброив, тие само онака ги нафрлив и затоа ставив точки причини може да бидат повеќе. Но дали постои оправдана причина поради која треба да се срамиме од своите родители? Јас мислам да, на пример работи кои не се од бога дадени кои можат да се променат. Еве ќе посочам само 2 алкохолизмот, неморалот тоа се работи од кои навистина треба да се засрамат прво они а потоа и ние од нив. Исто така неуредноста, несреденоста, несоодветно облекување на годините.... Затоа што постојат ситуации кога и они се срамат од сопствените деца, да не се лажеме. А они децата имале шанса да ги сменат, но децата нив не.
     
  7. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Се срамам од моите родители!?

    можеби некогаш ама многу многу ретко
     
    На rak1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Се срамам од моите родители!?

    Јас немам никакво право да се срамам од моите родители .... Да имало доста случки али ниедна од нив не е причина јас да се срамам. Се гордеам со нив , какви такви си ги сакам сите :!: :D
     
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Се срамам од моите родители!?

    Никогаш ама баш никогаш не сум се засрамила од моите родители од наведениве или било кои други причини.
    Имало ситуации кога ќе ми рече нешто пред други луѓе па незгодно да ми падне, но не и да се срамам од неа.

    Имам другарка која што се срами од мајка и кога не е нашминкана и дотерана.
    Не ги разбирам јас тие луѓе. Мајка ми да искочи најнедотерана, расчупана пак нема срам да ми биде, јас се гордеам со неа.

    Не само тоа и со многу други работи се гордеам, а не да се срамам.
    Луѓето кои се срамат од родителите- не се луѓе, тоа се бесчуствителни створења кои не вределе некој да ги носи во стомак 9 месеци и секоја радост и тага да ги споделува со нив.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Се срамам од моите родители!?

    Вака ти не можеш да се срамиш од нив сепак тие ти се родители.
    Без разлика која е причината.Ако има некои поголеми причини за тоа како:неуредност/нехигиена,алкохолот,глупаво и недоличнос однесување....ти можеш само да позборуваш со нив.
    Не да ги навредуваш него со фино и културно однесување.Кажи им дека тоа не чини.
    Велиш необразованост...сега со при ваква технологија,ако со тоа те срамат можеш да ги поднаучиш нешто,да им покажеш,сигурна сум дека нема да те одбијат.
    За облекувањето....па ако се нема пари,што повеќе сакаш ти?Колку и да сакаш да имаш,колку и да се мачиш да стигнеш до некоја паричка повеќе-нема тоа е!
    Важно е да не се запуштат себеси.А ти без разлика која е причината не треба да се срамиш,едноставно ти не си крива и понекогаш работите не можеш да ги смениш.
    Јас лично воопшто не се срамам од мојата фамилија.Сите ги сакам подеднакво и не ми пречи ништо.
     
  11. blue-sky

    blue-sky Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Се срамам од моите родители!?

    Никогаш немој да се страмиш од твоите родители безразлика какви и да се ,треба да се гордееш со нив затоа што се посветиле на тебе,воспитале и слично,можеби не биле совршени но секогааш сигурно те чувале како зеницата во очите,без разлика на нивната гардероба или образованост или незнам што друго :)
     
  12. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Се срамам од моите родители!?

    Изгледа погрешно ме разбравте, не се работи за личен пример и не ми се обракајте мене , туку кажете си го вашиот став.
     
  13. MoonshineAnne

    MoonshineAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    83
    Се срамам од моите родители!?

    Нежна 28, видов погоре тема за сиромаштија почната од твоја страна, сега ова ( што по мое е многу безвезе тема ) Не не се срамам од мојте, и никогаш нема да се срамам се гордеам им се восхитувам и тие мии се пример што сакам ја да бидам во животот, па дали ми биле дотерани, дали не исто ми се фаЧа.
     
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Се срамам од моите родители!?

    Оти да се срамам од нив,оти не биле средени или не биле финансиски стабилни?Тие луѓе се утепуваат од работа да ме издржуваат,да ме школуваат,да ме облекуваат..Во каква и состојба да се појават секогаш ќе ги почитувам и никогаш нема да жалам што се до мене или да се срамам.
    Најверојатно јас ги имам посрамотено многу пати со моите глупости,они мене никогаш. :)
     
  15. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    Се срамам од моите родители!?

    во никој случај, јас се гордеам со нив :)
     
  16. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Се срамам од моите родители!?

    Никако! Кога сум со нив сум најсреќна на свет! Дури ни како тинејџерка никогаш не ми текнало да се срамам од моите, напротив, со гордост ги представував на сите. :) Тоа се моите мама и тато и баш поради тоа сум горда, дале се да ме воспитаат правилно.

    Наместо срам, треба да чувствувате исполнетост кога сте со нив, без разлика на нивниот физички изглед, образование, материјална состојба. Тоа се вашите родители и поради тоа треба вечно да сте им благодарни.
     
  17. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Се срамам од моите родители!?

    Никогаш! Какви се такви се мои родители се! Попрво би се засрамила од самата себеси и би пропаднала во земја отколку да се засрамам од моите родители. Јас со мајками нонстоп си изглегувам,пазариме,кафе пиеме,исто така понекогаш и со таткоми,а со бабами редовно одам бидејќи и треба помош кога купува,одиме на пазар,по маркети,по трговски центри. Немам зошто да се срамам,колку пари имаат толку,како се облечени така,не ме интересира,тие ми се мене најблиски,тие мене ме створиле!
     
    На Valentina.Vaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    3.121
    Пол:
    Женски
    Се срамам од моите родители!?

    Никогаш! По никоја цена и за ништо не се срамам од моите родители. Тие луѓе ме донесоа на овој свет, ме одгледаа, ме хранеа, ми удоволуваа/т се што можат... и јас да се срамам од нив?
    Мое мислење е да не влијаат другите на ова затоа што е апсолутно погрешно. И мислам дека дискусија не треба да постои на оваа тема, бре човеку само некој нека ги пипне или да каже лош збор за нив.. колам! :)
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Се срамам од моите родители!?

    Не е безвезна темава, за жал, има многу кои се срамат од родителите.
    Секогаш кога ќе слушнам вакво нешто на ум ми доаѓа онаа приказната, за момчето што се срамело од својата слепа мајка.
    Иако мислам дека кога сме биле деца и тинејџери сме го почувствувале ова, дали поради една или друга работа. Ама тоа детско срамење е многу поинакво од она кога си веќе свој човек, а да се срамиш од своите родители. Тоа е жално. Да се срамиш од луѓето кои те донеле на овој свет, благодарение на кои постоиш, за мене е исто како да се срамиш од себеси.
     
    На cresa-jagoda, QueenElena, lana.del-rey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Mei

    Mei Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    70
    Никогаш не сум се срамела од моите родители,ниту ќе се срамам. Секогаш биле и се моја потпора и поддршка во животот,им благодарам што ми овозможија топол дом исполнет со многу љубов и разбирање,што вложиле во моето образование,што вложиле труд и љубов за ме изведат на прав пат како личност и уште многу други работи кои што ги ценам и не ги заборавам. Тие се мојата гордост!
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.