Зошто да се срамам од нив? Затоа што секогаш се жртвуваат за мене,се би дале да успеам во животот,затоа што ме пораснале,ме хранеле? Не,тие за мене се најголемо богатство,животот би го дала за нив,ги сакам!
никогаш не сум се срамела....тие прават се за јас да не се почувствувам подолу од другите, имам и поголем брат студира...никогаш не не двоеле и братми никогаш не добил повеќе дека е поголем секогаш сме еднакви и многу ми е жал кога ги гледам како се мачат да ги исплатат сметките, да го платат интернетот кој моментално го користам!!!Понекогаш сакам и јас да почнам да работам и платата да им ја дадам ним...братми работеше ама не можеше да најде време и за испити и за работа
Никогаш не сум се срамела од нив. Немам ни причина, се ми пружале, а најбитно љубов. Тие ме воспитале, ме чувале и уште ме чуваат, ме хранат, леб од нив јадам, тие пари ми даваат.. Зошто да се срамам од нив, какви и да се сепак тие се мои родители, добро де и на брат ми.
Јас не се срамам од моите родители. Си ги сакам најмногу затоа што тие ми помогнале да станам она што сум денес. Но луѓе има некои родители кои што ги тепаат и ги малтретираат своите деца. И ај кажете како тие деца да не се срамат од своите родители. Некој постојано да е под стрес дома, да пази што ќе каже, како ќе каже... мислам дека не е баш сеедно.
Никогаш не сум се засрамила од моите родители, не би ни помислила на такво нешто, особено не поради финансиска состојба на пример, ако не можат нешто материјално да ми пружат и слично. Тие ми се најголема поддршка во секоја ситуација, секогаш се жртвувале за мене, ме воспитале и ме направиле тоа што сум сега. Ми даваат причина за нив да чувствувам само безрезервна љубов и да се гордеам со нив.
Никогаш ама баш никогаш не би се срамела од моите родители, тоа се пред се луѓето кои ме створиле, кои ме израснале, кои ми прижиле се во животот, мојата најголема поддршка во животот, мојата гордост. Иако сум 22 години никогаш не ми било срам да излезам со нив дали да пазаруваме, или на прошетка, напротив тоа ме исполнува. За жал како што имаше спомнато некоја феминка во темата, мора да признаеме дека се не е така розово во животот, постојат на светот такви створења што неможат да се наречат родители, се изживуваат врз своите деца, ги малтретираат, силуваат, па скоро беше и случајот со 3 годишното девојче што беше претепано до смрт, како тие деца би се гордееле со своите родители, тоа е многу жалосно но сепак вистинито. Сиромаштијата, физичкиот изглед, необразованието, не смее да биде причина за некој да се срами од својот родител утре сите ние ќе бидеме родители, а животот не се знае на која страна ќе не однесе .
Кога би помислила да се посрамам од моите родители во тој момент би зела пиштол и би се убила без размислување .... Нема што повеке да кажам јасно е све
Грев е да се срамиш од родителите! Тие кои те создале,кои ти дале живот, те одгледале,те пораснале.. Некој имал повеќе,некој помалку, важно секој родител посакува најдобро на своето дете. И нема потреба за срамење од нив.На неколку случаи имам наидено и некои муабети, од деца кои буквално се срамат од родителите, искрено мене ми се плачеше. За тие таквите незнам што да кажам. Јас не се срамам воопшто од моите мама и тато. Зашто ЗНАМ што имаат поминато и претпрено за да ни овозможат живот како што имавме јас и сестра ми.
во многу ситуации сум се срамела....не бидејки се сиромашни(иако се) нити бидејки биле во алкохолизирана состојба или несоодветно облечени туку поради глупавост најчесто мајка ми ме вади од контакт со изнесување на сите буквално сите работи пред јавност значи јас не сакам секој да знае како се чуствувам или како сум стекнала нешто а посебно многуу мразам кога ке бара сожалување од некој постојано се жали и ците мислат дека сме мизерни а тука е и делењето во кое мојот 13 годишен брат е идеализиран и бранет од нивна страна иако направи мешаница од нашите животи (крадење...не одење во школо...тепачки...)тато е срце не ми е јасно како заглавил со неа тие што ме знаат и ја познаваат мајка ми мислат дека сум посвоена и има уште многу случки можете да ме осудувате колку сакате но јас навистина понекогаш(најчесто ) незнам што да правам со неа. Да кажам и дека од мојата 18 година јас работам и не само што не им барам пари за ништо туку и им давам а сеуште ги прашувам за се !
Искреноста и скромноста е доблест. Ако веќе имаш вакво искуство, потруди се ти во иднина да бидеш понаков родител.
ама таа го прави тоа за да не сожалуваат а не бидејки е скромна (ова не значи дека не ја сакам и почитувам напротив) али ја мразам кога го прави тоа! Да ќе се трудам и тоа со сите сили !
Од мајка ми не, ама 2-3 пати ме има татко ми засрамено и до ден денес на улица кога ќе го сретнам ми го прави тоа ама јас веднаш гледам како да го откачам или го тргам на страна да не слушне некој друг. И мајка ми го опоменила дека не треба да ме срами пред народ ама он му се излетува и до ден денес.
Не се срамам од моите родители воопшто. Татко ми знае да претера некогаш да, ама затоа како се облечени или такви работи не.
Никогаш не сум се срамела и никогаш нема да се срамам од нив, тие ме родиле и се прават за да бидам на прав пат !
Од моите родители никогаш не сум се срамела, ниту пак некогаш ќе се срамам. Можеби не се идеални, има некои работи кај нив кои не ми се допаѓаат, се случувало нешто непотребно да кажат пред некого, но никогаш не сум се засрамила. Секогаш се тука за мене, секогаш ми помагаат. Се би направила за нив .
Темава ме погоди во најболната точка.Релано не сите сме растеле во семејство во кое владее хармонија, мир и разбирање.Познавам многу семејства во кои владее слога и навистина тие деца се посреќни и поразлични се и во однос со други личности. Не се срамам поради тоа како биле облечени,дека се сиромашни или необразовани но никогаш нема да им простам затоа што сум изложена на постојани стресови ,расправии и викотници.Тоа е за срамење затоа што еден ден не поминал добро и затоа што не се случуваат глупости зад затворени врати туку често се случувало пред мои пријатели кои ќе ми дојдат на гости па може и не е чудно што сум сама и отфрлена од сите само поради тоа па сега немам никој покрај себе.Секогаш знаат се да упропастат ниту еден празничен ден не сум го поминала среќно како што и треба туку секогаш се повеќе чувствувам горчина . Тоа што вие велите дека е крајно неблагодарно да се срамите од родителот затоа што тој ве воспитувал,ве направил човек верувајте дека некој постојано да ви префрла,да ве брка од дома на уште 17 години,воопшто да не се грижи за вашето здравје и да нема кој да ви помогне тие причини за благодарност наспрема тоа што секојдневно го преживувам отежнува на вагата и не сум им благодарна за ништо .Ако не биле способни да стапат во брак ниту да формираат семејство воопшто не би им требало ниту дете. Можеби ме воспитувале и издржувале ама знам и дека душата низ нос ми ја извадија . Секое дете заслужува да има родители,но не секој заслужува да биде родител посебно не лица што вршат насилство во било која форма!
Јас од моите родители не сум се срамела никогаш, не дека биле совршни, ама ќерка ми се усрами еднаш од мене и ми плесна во фаца: „Мамо се срамам од тебе“ Имаше 10 години. До ден денешен, а верувам и понатаму ми иде да земам самата да се натепам.