1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се срамам од моите родители

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Nezna28, 16 ноември 2013.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.038
    Пол:
    Женски
    Се срамам. Од многу причини.
     
  2. RecklessGirl

    RecklessGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Како може да се срамите од родителите?
    Велиш поради облеката. Па тие одвоиле од парите за ти да се носиш убаво а нив најважно им е да бидеш среќна и на крај да се срамиш од нив?
    Необразованост. Сериозно? Може нивните родители, твои баба и дедо немале услови за да ги пратат на училиште. Ретко кој можел да учи школа во тоа време.
    А за сиромаштија да не правиме моабет.
    Како може да се срами некој од своите родители, кога тие се оние што не извеле на прав пат, кога корката леб што можат да ја изедат нам ни ја даваат. Тие не израснале, тие се оние кои што се би направиле за нас и на крај така ли да им вратиш? Со тоа што ќе се срамиш од нив? Не ги сфаќам некои деца. Имам 15 години и и никогаш не би се срамела од моите родители, без разлика што е во прашање. Кога тие можат да ме поддржат во се, јас морам да им ја оддадам таа почит и немам право да се срамам од нив. :)
     
    На unike, <3 pleza4e <3, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  3. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Абе не можете секого да разберете и да му бидете во кожа.Животов некому мајка,некому маќеа.
    Оние родители кои ги малтретираат сопствените деца,било физички или псичички,а за жал постојат,не треба да се наречат родители.Што ако го напраил,а она го родила.Кога постојат брачни двојки .што едноставно преку своите деца го живеат она што тие не можеле на времето.
    Родител не е напрај го,роди го и фрли го.

    Пред се треба да ти биде пријател,па татко,кој ќе те штити,па мајка која ќе се преправа дека спие а ти доаѓаш дома у пет сабајле.Татко кој ќе жртвува се` за тебе,само ти да си добро.Ако треба ќе работи и повеќе од што треба.Мајка која бдее над тебе кога си болен.Која ќе трча да ти купи триста препарати,затоа што си изгорел до максимум.Татко кој ќе направи муабет со тебе.Мајка која пред други ќе те брани.Мајка која ќе ти се јавува за едни смотани документи,да ти посочи каде и како треба.Мајка која ти купува алишта,декоративна козметика,а ти пред тоа ништо не си и` кажала.Мајка која те подучува како треба понатаму во животот.Татко и мајка кои проблемите ги кажуваат пред тебе,затоа што си доволна зрела личност.Мајка и татко кои имаат доверба во тебе.
    Мајка што нема цел живот асално сон да ја фати,татко кој вели добро е,а рацете,нозете,погледот кажуваат друго.И покрај се`,успеале да направат човек од мене и душата секогаш да им биде насмеана.
    Едноставно,фала му на Бога што имам вакви родители.Да ми бидат живи и здрави.:l:
     
    Последна измена: 2 август 2015
    На glosipgirl, Tanjamm, eloves и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.518
    Пол:
    Женски
    Nikogas ne sum se sramela od roditelite nema ni da se sramam.....kakvi takvi tie me izrasnale.....a I na kraj kraeva mislam deka nisto ne im fali osven so se malku mnooogu malku strogicki....:lol:
     
  5. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    @cresa-jagoda, исто како кај мене. Порано татко ми имал многу пари, ама ги оставал кај своите родители, тие давале пари на неговите сестри да си градат куќи, исто така ја доградуваа и куќата во којашто тогаж живеевме... Се додека не се отселивме поради тоа што баба ми и дедо ми беа ненормални и мн ја малтретираа мајка ми. Куќата ја продадоа и поделија на 4 дела поради што сега сме во долгови. Можеби татко ми некогаш заработувал мн пари, но сите тие биле потрошени на она што моите баба и дедо ќе одлучеле. Е, од нив се срамев, од баба ми и дедо ми. Сељаци од мало гратче, прости, неултурни, пцујат колнат, тие што ќе ми дојдеа на гости, ги скубеа за коса ако отидат сами во кујна по вода или до вц без да прашаат, ако пуштаат вода на мочање... Страшно.
    Од моите не се срамам, глупави се, ко трева да пасат, не согледуваат очигледни работи, но тоа е поради тоа што цело време работат, па им се исушил мозокот. Онака се средени културни, океј се. Ама, имам другарка која што дефинитивно треба да се зазрами од мајка и. Живеат во село, можеби затоа нејзините се толку прости. Не смее да искача, ако се врати во 3 попладне дома, а сме биле до 12 во школо, јаде ќутек, кога ќе се врати од роденден, и покрај тоа што овие ја пуштиле да оди, пак јаде ќутек. Еднаш мајка и ја тресна по глава во школо и и рече Козо една, демек строга мајка е, ја тера да учи ќерка си. Тоа беше после родителска, девојчево беше мн добра на тромесечие.
     
    На Tanjamm, macedonec15 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.998
    Допаѓања:
    11.117
    Татко ми било да сме отишле на свадба или на погреб, секогаш пијан се враќал дома и сме се срамеле од родни. После сите тоа ни го збореле со намера да не навредат. Мајка ми цел живот ништо не работела, никогаш не одела на работа, и кога на мои 22 години не ми даваа плата и си отидов од работа, страшно хистеризираше дома, па и ме удри. Кога бев мала требаше да одиме на хорски натпревар и ми требаа да речеме 20 денари во џеб, за смоки на пример додека чекаме. Му спомнав на татко ми и тој пред да ме ислуша ми вика “Твоето пеење мене ништо не ми дава, не ме интересира“. После сфати дека се работи за мизерни 20 денари, дека не ми требаат 200 (мислел превоз ќе се плаќа). Така да му кажеш на дете од 9 години е катастрофа, тоа ми е една од многуте трауми. Ми се плаче кога ќе се сетам. Сега кога им носам полни кеси дома, добра сум. Не ги почитувам воопшто оти се паразити.
     
    На candy.cane, Svetoslava, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Никогаш не се срамам од моите родители, напротив се гордеам со нив.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  8. MeAfterYou

    MeAfterYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Се гордеам!
    Посебно со мајка ми, и мајка и татко.
    Жена, кралица♡♡♡♡♡
     
  9. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    19.842
    Пол:
    Женски
    Јас не се срамам од моите родители:)
     
  10. Brunhilde

    Brunhilde Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    31.063
    Пол:
    Женски
    Не се срамам од мајка ми таа е една прекрасна борбена жена што има премногу работи направено за мене и мојот брат.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Никогаш пред луѓе ме немаа засрамено со ништо. Не се срамам од нив какви што се, затоа што за мене постојат поинакви животни вредности. Моите немаат високо образование, ниту се облечени во скапа облека но пред се тие важат за угледни и чесни луѓе. Моја школска другарка се гордее со своите образовани и богати родители, но сите знаат дека нејзиното семејство пред 10-15 години се задолжиле и ги немаат вратено парите, фамилијарно се раскарани за имот, нејзината мајка сите ги озборува, итн.. Има милион примери околу мене и според мене од тоа би требало човек да се засрами ,од празнината во душата, но како што гледам изгубени се вредностите одамна и луѓето се гордеат со она што не треба.
     
    На Tanjamm, teressa и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  12. butterflu

    butterflu Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Gorda sum na sekoj niven cekor