Се цени ли денеска квалитетот и талентот во музиката?

Дискусија во 'Музика' започната од Monna.Monna, 31 јули 2012.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Во денешни денови, се почесто сме сведоци дека кај нас, на Балканот и на светската сцена секој кој што сака - може да стане пејач!Единствено треба малку подлабок џеб да си имаш, ќе му кажеш на татичко и оп - имаш песна и те даваат на сите телевизии на секое радио те вртат...Примери безброј; воглавно тинејџерчиња врска од животот што си немаат (читај:Биберчиња, Селени, Ребеки и сл.) се опарија, не можат само парите да си ги избројат :D , а ни т од талент немаат.Па и кај нас не е поарно, им парираме со Гулабица, Боки наш... :D За Србија муабет па не праам, едно 50 певачици можам да набројам. :rofl: Стварно многу малку останаа изведувачи што имаат талент, и тоа подолго што се на сцена, од ова новово што излегува, се е пиши пропало (со 2-3 исклучоци).Музиката не се цени како уметност...
    Друго е пак тоа, што во последно време (односно последниве 3-4 години) се едни исти звуци доминираат, се е комерцијала, само се гледа хит да се направи, кој ќе биде актуелен неколку месеци, после никој не се ни сеќава на него, во секоја 2ра песна Гета, Питбул, Лил Вејн, текстовите ужас, се за секс, пари, ку*ви се збори еве кај нас чист пример е Слаткар |( кој во секоја песна пцуе, го вреѓа цел женски род а се тоа во етер оди и мали деца слушаат, нема никаква морална вредност во текстовите, српскине таканаречени певаљки и нашиве фолкерки уште од мали ги учат девојчињата: Фати си ти богат чичко, он ќе ти купува све што сакаш а ти у меѓувреме спиј со дечкото на другарка ти, абе катастрофа, како иде времево се поглупави и поглупави песни излегуваат, нема една да речеш, ќе ја пуштам на дете/внуче/братучед нешто корисно да научи.
    Во 70тите, 80тите и 90тите имало дефинитивно најквалитетна, најразновидна и најпристојна музика, за сечиј вкус, сакаш поп - имаш, џез, рок, метал - имаш.
    Бендови и изведувачи како Битлси, Ролинг Стоунс, Елвис Присли, Ганс & Русес, Френк Синатра, екс - ју како Бијело Дугме, Црвена Јабука, Прљаво Казалиште, од кај нас Трајче Манев, Маја Оџаклиевска, Џафер - тешко да некогаш ќе се појават повторно. :^)
    Во денешно време, ретко, мооогу ретки се тие што ги бива.
    Од српскава да речеме Сергеј Четковиќ, Жељко до негде, Саша Ковачевиќ, Здравко Чолиќ и Ѓорѓе Балашевиќ од постариве што се, светскава сцена Еванесенс, Бијонсе, Шакира и Енрике (додуше и овие почнаа да забегуваат по тралалајките, ама може ќе се опраат :geek: ), Адел и Бруно Марс од поновие, ние најсиромашни едни Леб и Сол, Нокаут, Влатко Стефаноски, Калиопи, Каролина до негде и Лозано како потенцијален млад талент, а од другиве со лопата имаме да ги ринеш. :D Од Идоливе мислев ќе стане нешто, ама со ПМС-от на Виктор сите надежи ми се уништија. :D
     
    На sweet-star и Lov3 им се допаѓа ова.
  2. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Monna.Monna не е до тоа дека повеќе немаме квалитетна музика, постојат мал милион други изведувачи, твој е изборот кого ќе го слушаш, живееме во дваесет и први век, имаме пристап до се, постојат и други пејачи освен оние кои ги даваат 24/7 на MTV и VH1.
    Никој никого не тера да слуша никого, секој си има избор, а тоа што на повеќето луѓе изборот му е да слушаат само тоа што го даваат по 100 пати на ден на MTV (читај тоа што е "кул" да го слушаш) не е вина на ниту еден изведувач, ниту на MTV, туку на луѓето, ако луѓето слушаа вистинска музика, а не само тоа што MTV ни го нуди, тогаш ни MTV ќе немаше друг избор освен да дава квалитетна музика.
    Погоди што!? Јас имам отворено тема за мојата омилена пејачка, има и хипстер, има и спаркс, имаат и други феминки, и знаеш по колку мислења имааат темите!?
    0, да 0, мислам дека тоа кажува доволно!
     
    На crimson, Hipster и Sparks им се допаѓа ова.
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Не се цени, посебно не се ценат тука кај нас.
    Од прост пример што ете да дојде Аца Лукас или некој од надвор, турбофолкер одма сите ке одиме на концерт, а да дојде некој познат пеач од надвор, а да не речам па да направи концерт некој наш изведувач па никој нема да му отиде. Значи повише го цениме туѓото отколку нашето. Затоа во последниве години слабо кој и работи, нема пазар кај нас каде што можеш да се продаваш како изведувач. Едноставно не те ценат, што и да направиш ..
     
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Не ми беше тоа поентата, секој што сака може да си слуша, но квалитетот веќе не се цени, за жал...
    Неврјмајнд.
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.700
    Допаѓања:
    80.850
    Пол:
    Женски
    Можеби не се цени доволно, ама квалитетот секогаш испливува на површина и ќе си се одделува од толпата „талентирани“, впрочем, секогаш е така, само не знам колку заприметуваме.
     
    На Someonespecial и crazylady им се допаѓа ова.
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.886
    Допаѓања:
    4.891
    Пол:
    Женски
    Мое мислење барем кај нас тука во Македонија,не се цени квалитетот и талентот во музиката.
    А посебно не квалитетот.
    А зошто наши мили македончиња да слушаат квалитетна музика кога тука ни е Аца Лукас и негови колеги.
    И 13 годишни нафурани девојчиња на Слаткар и компанија,и на тоа Биберчето.
    Конктерно кога би разговарала за Македонската квалитетна музика,колку квалитетни бендови имаме меѓу кои се : Мизар,Архангел,Ареа,String Forces,Фолтин,Bei the fish, па тука би ги вборила и Нокаут ова се моите најомилени,и се назаменливи за музика барем тука кај нас.
    А нашава младина фура турбо-фолк,и Слаткар,еднаш не удрија глава да слушнат нешто квалитетно,и упорно ме убедуваат дека Слаткар бил незаменлив.Ма немој да ме јебеш бре.
    А да не правам муабет за србскиве турбофолкери
    А што се однесува до странската естрада,искрено сум разочарана.Типчиња како што ни е Биберчето,имаат поголема гледаност на ју туб,од веќе докажаните ѕвезди.Го земам еве пример Pink Floyd,и ред други.
    Вистина.Квалитететот не се цени,туку квантитетот!
     
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.365
    Допаѓања:
    77.727
    Пол:
    Женски
    Има некој што цени ама ретки се. Прво ги гледаат цицлестите и газлестите девојки како Ники Минаж, тоа продава денес, а музиката што и е без врска, тоа не е битно.

    [​IMG]

    И ова квалитетно е? Слушнете ги од Пинк Флојд песните да видите квалитет што е.
    Денес од овие новиве ми се допаѓаат Адел и One Republic.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. alena19

    alena19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Океј , хитовите кој се на врвот на светските топ листи во превод голем број од нив звучат без смисла , меѓу тоа тоа е тоа што лугето го сакаат го бараат и го слушаат , И на балканот е исто ноќните локали најмногу заработуваат оние вечери кога во локалот се слуша турбо фолк таа музика ги расположува ,мене не ми е јасно зошто таа музика е по малку вредна и зошто се срамат да признаат дека слушаат турбо фолк ,, тоа мене ми е селско ,, и потоа ги гледаш Кукавица ја пеат од збор до збор ... Јас го ценам секој талент а за проценка на квалитетот има многу фактори меѓу кој е и вкусот на публиката без разлика на критериумите преку нок може да биде хит .
     
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.298
    Пол:
    Женски
    Денес реално музиката и талентот воопшто не се цени. Кај нас, дечки со прекрасни гласови одат да пеат во сељачките шоуа ко Ѕвезде гранда и гласот прекрасен го користат за пеење шабанарии пошо таму само така може да се успее. Македонија не цени воопшто таленти и не прави ништо за нив.
     
    На Mr. Right и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.097
    Допаѓања:
    163.512
    Пол:
    Женски
    На Балканов, од страна на балканската публика и во врска со тукашните изведувачи – дефинитивно не. Едвај и да успееш да најдеш некој пејач, бенд, диџеј вреден за слушање од што се потиснати од искомерцијализираноста на дното на музиката наречено турбофолк.
    Кога ќе слушнам луѓе со имиџ и (недостаток на) талент како Аца Лукас, Цеца, Брена дека полнат сали и стадиони... ми се темни искрено.
    Исто и тоа што рече Дримка за шоуата, колку ми беше трагично пред некоја година случајно по тв кога видов на шоу за помали таленти не знам од Гранд или од Пинк, брилијантно талентирано дете пее опера на италијански а у жири Цеца. Цеца да оценува таков талент и оперско пеење еј, жално... (facepalm)

    А за во светски рамки исто е точно дека има доста кич и многу заразни песнулиња без некаков вистински квалитет постигнуваат огромен успех со прегледи на Јутјуб, но меѓу најпознатите и најпопуларни актуелни има доста неоспорно брилијантни артисти – Адел, Колдплеј, Сиа, Лана дел Реј...
     
    На Dream-Girl и Briar Rose им се допаѓа ова.