Девојчево што има 18 до некаде и го разбирам што е збунето и што не знае како, ама ви се чудам вам што сте од 25+ со методиве што ги препорачавте. Нешто најлошо во врска (а и општо) е она типично пасив-агресив однесување. Ќе си ќутиме, ќе си враќаме на лошото со лошо, он станал од кревет после секс, нареден пат ТИ да му станеш така па да види он убаво...мислам стварно не разбирам. Освен што ќе настане поголема тензија и сите ќе бидат збунети, огорчени и изнервирани на крајот на денот, тешко дека некој ќе извлече поука и дека така работите ќе се доведат во нормален тек. Се' ама баш се' би требало да се решава со искрен муабет во животов. Можеби те сака ама има друга мака, можеби не те сака веќе, досадно му е...секакви опции има, ама најбрзо и најбезболно ќе ги дознаеш само ако седнеш и ако поразговараш. Никој од овде, па ни од твоите поблиски не може да ти каже што има дечкото во глава и зошто така се однесува. Па и да се оладил, не е крај на светот, ќе си продолжиш понатаму и повторно ќе се заљубиш кога ќе дојде време. Се' е подобро од тоа да бидеш мизерна и несреќна и постојано да си ја чукаш главата обидувајќи се да одгатнеш нечие однесување, избегнувајќи го моментот да ја дознаеш вистината. Во секој случај, конкретниов проблем не те прави никако курва, туку само една збунета девојка што се осеќа несигурно во врската во која што е.
Дали дечкоти случајно е близнак??? На близнаците првата реченица после однос им е: Каде е далечинскиот управувач? Така да ако е близнак да не се грижиш по многу. http://www.femina.mk/хороскоп/хороскопските-знаци-и-сексот#znak-bliznaci
Тоа е тоа ! Зар после овој пост уште размислуваш да продолжиж со него? Нешто слично ми се деси со бившиот. Ми се свртуваше со грб после секс, никаков муабет не ми правеше. Ќе му речев ќе си идам ми вели добро. Али очигледно бев слепа, мислев он е единствен, да и јас со него ја изгубив невиноста, али слабо ценел. Не се откажував од него, повеќе од себеси го сакав (може уште има некоја трага, со со тек на време ништо ќе нема) и гурав, гурав, гурав и за што? за да една вечер го видам како пред мои очи се лапа со друга еј!! Факт е дека не ме сакал, може на почетокот да али тој период не. Имам дечко сега идеме 3 месеци, не дава капка да падне врз мене. Ќе сфатиш колку си згрешила со тек на време. Убаво му е со тебе шом се гледа, али убаво си кажа Анон - НЕ ТЕ САКА. Сака или посакува друга/и.
Хахахаха, ме изнасмеа. Јас сум близнак (женско сум), не би рекла дека е така кога станува збор за некој што го сакаш и што ти е мил.
Па искрено и треба да се чувствуваш така, каде е девојче твојата гордост, зошто да му бидеш девојка само за празнење? како некоја вреќа. По твоите зборови, он тебе нит те сака,нит почитува туку гледа само како да се испразни, да си ги задоволи неговите сексуални потреби. Не треба да го прашуваш, пошто очигледно е, него земи откачи го. Можеби и никогаш не те сакал, запрашај се, направи си едно добро резиме на тоа од кога почнавте па се до сега. Ти најдобро од сите нас си го имаш одговорот,кој се крие во тебе длабоко, кое верувам наскоро ќе излезе на површина.
Не му давај некое време...ќе видиш дали те глеа само за секс. Иако после толку време у врска у принцип се сведува на сексот. И патем, ''совршенството'' од жената е: '' Да биде во јавноста дама, во кревет да биде курва. '' Идеално би било да напраите малку пауза, ова го зборам од искуство зашто и ја сум имал слични такви ситуации и тоа е зашто веќе вас сексот ви е рутинска појава и ништо ново во животот. И евентуално доминирај во креветот, предложи некои нови игри и биди ти доминаторот ( ако можеш/ сакаш).
Дали ако доминира во сексот, секако, само ради него поубаво да му биде и да му стане... Би се вљубил во неа повторно? човекот нема никаков респект кон неа, и ја уништува самодовербата, ја прави да се чувствува, односно да се запраша дали е всушност она курва или до него е проблемот? Што би променило тоа, ти и тој не сте исти. И тачно во неговиот живот доминира монотонијата од тој секс и од неа воопшто, затоа е таков. А тоа нема да се смени се додека тој не си најде некоја нова која што ќе му помогне да го надмине тој монотонски период.
Секако дека ако она доминира во сексот работите би се смениле и он би шизнал по нејзе како никогаш до сега. Сигурен сум дека он доминира во сексот , што всушност и така треба да прави машкото ( и вие жените тоа го сакате, тоа е нормално ) А кога би се смениле улогите , замисли како би било? Она него го ебе, си завржува фантазија и работа и си седнува на кревет и си пали цигара и си гледа концерт од Снуп Дог , а овој ќе се прашува што му се издесило. И секако дека не сме јас и тој исти, не дај боже да сме исти. Не сакам мојата девојка да се жали од мене за тоа како јас нејзе ја повредувам и и го уништувам психо-емотивниот баланс со моите сексуални рутини.
Она ништо не преземала против рутината, битно од типов креативност фрчи. Да му штукне памет на човек. Од мене еден совет за разбивање на рутина: понекад машкото да се потруди за промена. И на него самиот добро ќе си направи. А у спротивно, жените да се понашаат исто незаинтересирано како типов на девојкава што се пожали. And watch how things change.
Да не се знаеме случајно? Во љубовта и сексот се е дозволено до нормални граници, а јас не гледам ништо ненормално ако некој си заврши работа и после тоа си прави што си наумил.
Да Мамасита, во љубовта и во војната нема правила. Само тука овие во овој случај имаат психолошки дефицити и треба да играат некоја друга игра, ако ме сфаќаш што сакам да кажам, а ме сфаќаш..
Очигледно дефицит има, само да не произлезе после и суфицит. Туку девојчево не се појави веќе да каже до каде е состојбата, може се земале веќе и сега после секс заедно си гледаат телевизија и од обврски не може да пишува.
Со самиот наслов кој што гласи: '' Се чуствувам како курва '' , јасна е нејзината состојба. Ни прва ни последна не е што ќе се чуствува така, а нели рационалноста гласеше: '' Човекот е тоа што мисли дека е, човекот е тоа што чуствува дека е. '' Само штом таква игра се фура, може да се смени на полувреме. Нека научи техника, '' стимул на бешика '' , тоа би сменило многу работи.
Daleku od kurva bilo se toa... Rabotite vo zhivotot ne se sekogash perfektni, pa taka I ponekogash vo vrskite. Za uteha pomisli si samo kolku devojki odnosno zheni na svetot nemaat voopshto sex so partner.
Најлошо нешто што може партнерот да го направи, без разлика дали станува збор за долгогодишна врска или неколку месечна е после чинот да сака да си замине веднаш, онака како да не сака да е со партнерката. Смислува изговори како треба да е некаде, се брза и слично. Женската психа е поинаква, секоја девојка сака после тоа да и е убаво, а со таквото заминување, како ќе осети дека дечкото бил среќен што е со неа ? Заминувањето после односот делува навредувачки и потчинувачки, како да сакал само да имаат и толку. Ако вакво нешто се случува повеќе пати се разговара, еднаш до два пати, ако не се промени ништо треба да се прекине врската, зошто секоја жена заслужува да биде во нечии прегратки во кои секогаш ќе чувствува дека е посакувана, за разлика од претходно кога може и после заминувањето на таков партнер да се јави сомнеж, да се наруши женското его, самодовербата и ако е жената емотивна, а сите сме по некоја солза и прашања од типот зошто така се однесува. Мажите, т.е. дечковците што се однесуваат така прво немаат основна култура и почит. Се знае од каде си одиш веднаш после секс. Не мора гушкање ако толку не сака, ама муабет некој треба, пак ќе речам од почит.
Кога веке се останато било во ред 2 години.. Нели вие бевте тие што велевте дека не е битен толку сексот колку почитта,разбирањето итн..па сега давате совети демек треба да му раскини И самата кажа дека било последната недела што можи да е периодично. Најдобро е да разговараш со него..А за Курва ке се осекаш доколку ги послушаш советничките на форумот. .што ако и тој другиот не ти се погоди во тоа или можи во нешто друго.. И него ке го сменваш