Значи јас имам прочитано многу книги од Сидни Шелдон и сум фасцинирана од начинот на кој кулминират настаните, како се испреплетват, те тера да мислиш една работа цело време и на крајот излегва сосема друго...И предобро ги вклопува криминалистиката и романсата во таков баланс шо јас дури читам книга од него сум ваква буквално ... Цело време чекам да видам шо ќе се случи и книгите ги читам во минимално време... Зато сакав да споделиме ...Која книга ја имате прочитано од него и какви впечатоци имате ? Дали пак би прочитале друга книга во тој стил ? Позз
Последна прочитана од него ~Ништо не трае вечно~ и беше одлична. Да не кажувам сега за што се работи, прочитајте ја Стилот му е јасно дефиниран и се држи до него, иако понекогаш мислам дека го побунува концептот и самиот не знае како да дојде до расплет. Буквално не се оставаат книгите!!
Го обожавам, секогаш сум расположена да прочитам некоја книга од него. Омилени- “Господарот на играта“ и “Крвна врска“
Knigite na Seldon se navistina fascinantni.Posledna sto ja procitav bese "Raskazi mi gi sonistata", a mislam deka e i posledna prevedena na makedonski.Ja baram "Ako ima utre",prevedena na makedonski ?? pozdravvv [mod-kirilica:3klu3rg4][/mod-kirilica:3klu3rg4]
Го обожавам Шелдон, неговиот начин на пишување, имам доста книги прочитано од него: Крвна врска Раскажими ги соништата Странец во огледало Пеколни планови Се плашиш ли од темница И сега на список ми е Ништо не трае вечно
Од Шелдон ја имам прочитано само Ветерници на Боговите лани на одмор. Ми се допадна како за на одмор, лесна и пријатна литература, белетристика. Интересен е, но не доволно комплексен за мене. Оваа книга има и екранизација, т.е. мини серијал , го даваа на времето на Мтв. Добра книга.
Прва книга која ја прочитав од Шелдон беше Крвна врска.Таа книга ми остави така најголем впечаток,незнам можеби затоа што беше прва.Инаку книгите од Шелдон се лесни и брзи за читање,имам неколку прочитано.Има препознатлив стил на пишување многу сплетки,интриги,убиства...интересно во секој случај кога сакаме нешто возбудливо да прочитаме.
Крвна врска ми е ол тајм фејворит. Ја обожавам книгата. Гневот на ангелите исто така ми е една од омилените, едноставно мора да се прочита. И Небото паѓа ја прочитав во еден здив. Нема книга од него што не ме оставила без спиење.
Го обожавам човекот, нема книга која не ме ставила без здив. Повеќето ги имам прочитано на српски, бидејќи само малку наслови се преведени на македонски. Фасцинантни трилери, ги препорачувам на секој. Последните прочитани ми се Господарица игре (продолжение на Господар игре), и Испричај ми снове, ги купив од саемот годинава. Потоа... - Се плашиш ли од темница - Крвна врска - Пеколни планови - Ветерници на боговите - Ништо не трае вечно - Јутро, подне и ноч... има уште знам, ама не ми текнува во моментот. Ако знаете некој друг наслов преведен на македноски кажете да го барам.
Единствено Крвна врска,солиден роман ,јас би рекла повеќе лесен роман кој ќе те остави без спиење,ама сепак нема да те натера да го уклучиш мозочето малку повеќе Интересно,ама сепак за мене не доволно заинтригирачки да посакам да прочитам нешто плус од него.Се надевам нема да се налутат обожавателките
Ја читав „Пеколки планови“ и мн ми се допадна, а дома ја имам „Крвна врска“ не ни знаев дека ја имам ја купиле моите на времето на српски е ама не ми претставува проблем ќе си ја прочитам, а баш сега ја почнав „Се плашиш ли од темница? “. Кога ќе ги дочитам ќе ви пишам каков впечаток ми оставија
„Пеколни планови“ , „Крвна врска“ ,стварно ми се допаѓаат, ама кога читам еден автор со 1- 2 книги се заситувам од него па сакам нешто друго , за промена па кога ќе мине некое време би прочитала уште нешто од неа .
Последна книга од Шелдон беше Раскажи ми ги соништата.Преубава крими-драма,се воодушевив. Ја читав на англиски и одма си ја купив и на македонски !
Сидни Шелдон е машко, а не женско. Инаку беше во Охрид пред неколку години (мислам дека имаше жена по потекло од Охрид). Јас го сакам, интересен ми е. Ми се допаѓа како пишува (во овие македонскиве преводи нема ни с од стилот на Шелдон), имам неколку книги дома што татко ми ги купил на времето, и сега кога ќе најдам нешто од него, не пропуштам да го прочитам. Омилена книга ми е „Ако има утре“ (If tomorrow comes). Не дека не сум ги читала другите, ама таа посебно ја сакам.
Цело време мислам дека читам книги напишани од жена [/quo И јас на почеток мислев дека е женско „Се плашиш ли од темница“ преубава
Се плашиш ли од темница е единствена книга која сум ја прочитала од него. На мајка ми и е еден од омилените писатели колку што имам сознание. Планирам да земам повторно нешто од него, читам претежно книги кои вклучуваат мистерии, факти од полето на археологијата и слично на тоа, меѓутоа после секои 3-4 такви книги, правам пауза со нешто поопуштено, а Се плашиш ли од темница ме остави без зборови.
Ја имам прочитано Пеколни Планови стварно многу ми се допадна книгата... И сега ја зедов Странец во Огледало да ја прочитам
И јас мислев дека е жена Инаку од него ги има прочитано Се плашиш ли од темница,Крвна врска,Ништо не трае вечно,Странец пред огледало,а најмногу ми се допадна Раскажи ми ги соништата-крај кој буквално те остава со отворена уста.Одлична книга,всушност како и останативе.
Го открив кога ја здогледав Ништо не трае вечно. Веднаш на памет ми падна некоја тажна љубовна приказна, но првата рпетстава за нешто обично е лажна нели, и задоа добив крими верзија на серијата Вовед во Анатомија По неколку месеци ја седов Крвна врска и некако.. не беше тоа тоа. Но таа книга има еден добар цитат: " Времето е непријател на љубовта, крадец што ги скратува сите наши златни часови. Јас затоа никогаш не разбрав зошто љубовниците ја сметаат својата среќа во денови, ноќи и години, кога нашата љубов може да се мери само во нашите радости, воздишки и солзи. "