Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сидни Шелдон

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од s1a1n1d1r1a1, 4 ноември 2010.

  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Неговите романи се многу лесни за читање. Интересни приказни, се задржува на детали, не дозволува ништо да му избега од контрола. Не ми е меѓу омилените писатели бидејќи во неговите романи има само приказна, ништо друго.
     
  2. kleopatra11

    kleopatra11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Штотуку ја дочитав Крвна врска и секако немам зборови,книгата е оооооооооооооооооодлична.Ги имам прочитано и Ништо не трае вечно и Раскажи ми ги твоите соништа.Дефинитивно Сидни Шелдон ми е еден од омилените автори и утре одам по уште некоја негова книга.Единствен стил на пишување,криминал,љубов,заговори,убиства,неверојатен заплет и расплет кој ве остава без зборови.
     
    На nedzma му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lizardqueen

    lizardqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    11
    Сидни Шелдон е никаков автор. Пишува по шема: млада, убава, згодна и претерано паметна девојка запаѓа во триста неволји и ги средува сите околу неа благодарение на упорноста и истрајноста. Абе ајде. Која е разликата меѓу него и сапуниците? Нема. Тоа е тоа. Целта на уметноста е да оствари некаков дијалог меѓу делото и читателот. Каков е овој дијалог: тој зборува вие слушате, ви чука срцето брзо и сте напнати, се ви работи освен мозокот. Немојте да мислите дека сте многу паметни ако успеете да му ја следите приказната. Тоа секој го може. А поради заплетканоста сите се среќни што разбрале и се чувствуваат многу паметни. А не е така. Мој совет: баталете го Шелдон. Читајте го Кундера, на пример.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.491
    Допаѓања:
    201.415
    Пол:
    Женски
    Искрено, јас порадо би го читала Шелдон отколку „солачите“ на памет, како што милувам да ги нарекувам Коелјо, Мандино и компанија. Тој барем не ми соли памет. За Кундера се сложувам, подобар е, цели светлосни години.
    Инаку, Шелдон и не е писател, туку е сценарист. Само увидел дека сценаријата може да ги продава и како книги и тоа успешни книги, и си заработил човекот на тоа. А оние што го читаат, па поарно и Шелдон да го читаат, отколку ништо.
     
    На fana, crazylady и nedzma им се допаѓа ова.
  5. lizardqueen

    lizardqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    11
    Сè е добро и да се чита и да се гледа, ако ги гледаш со висока свест и критички. Нека се чита и Шелдон, нека се забавуваат луето. Само не ми се допаѓа тоа што се фали толку многу еден потпросечен автор.
     
  6. klaudija90

    klaudija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    „Крвна врска“ , „ Раскажи ми ги соништата“. Ми се допаѓа Шелдон навистина. :)
     
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    11.595
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа Шелдон. Ги имам прочитано Се плашиш ли од темница, Совршени планови, Раскажи ми ги соништата (омилена ми е од него), а последна Полноќни спомени. Интересни му се книгите, лесни за читање. Лично, кога се работи за крими, повеќе го преферирам Џејмс Патерсон или Даниела Стил, ама кај нас во државичкава наша, многу е тешко да се најдат книги кои ги сакаш. Тоа е тоа. Мора да се задоволиме и со ова
     
  8. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Многу ми се допаѓаат романите на Шелдон, ги имам прочитано "Гневот на ангелите", "Странец во огледало", "Оголено лице", "Крвна врска", "Другата страна на полноќта", "Ништо не е вечно"... Повеќето од овие сум ги читала на српско-хрватски, бидејќи не можев да ги најдам на македонски јазик.
    Сите книги ме оставиле без здив...
    Посебно ми се допаѓа Гневот на ангелите
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Значи, ги имам читано скоро истите кои ги наброја ^Лејди, и тоа исто на српско-хрватски. На македонски ја читав „Крвна врска“ и можеби затоа што беше на македонски најдобро ја разбрав и најубав впечаток ми остави.
    Да имам можност - би читала уште од него. Ми се допаѓа начинот на кој пишува.
     
    На Lady-PinkHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Епа вака сакам да ве прашам нешто тие што сте ја прочитале Раскажими ги соништата од Шелдон дали Ашли на крајот се излекува од болеста. Чудно ми беше затоа што кога излезе и кога се качи во возот пак ја пеење песничката што ја пееше Тони. Книгава ја прочитав пред некои 8-9 месеци, многу е добра им ја препорачувам на тие што не ја прочитале.
     
  11. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Па јас како што ја разбрав книгата,Тони е вистинската личност,а Ашли и Алет(така беше мислам)и се тие другите идентитети,што значи Тони цело време се криела зад нив.Не знам како да ти објаснам,јас за себе си сфаќам :)
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Јас книгава може пред две години ја читав. Ама некако ми е состанат вѓпечатокот дека Ешли не се излечи, дека целото лечење беше фарса... Баш поради песничката.
     
    На nedzma му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Исто и јас така мислам, затоа и прашав. :) И како што сфатив Ашли е вистинската личност а Тони и Алет се другите две
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Да, нели татко и ја злоупотребувал, па она за да се заштити си ги креирала овие две алтер ега. Приказната е прекрасно сплетена, јас подзината останав :)
     
    На nedzma му/ѝ се допаѓа ова.
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    11.595
    Пол:
    Женски
    и јас одамна ја имам читано. Ешли не се излечи, мислам дека тоа во болницата се беше маска колку само да излезе и да се освети на татко и
     
  16. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Од Сидни Шелдон до сега ја имам прочитано само Раскажи ми ги соништата.

    Ми се допадна, само крајот не го сфатив убаво дали е излечена или не, ама благодарение на Rainbow сега ми се разјасни :)

    Штом ја пее песничката на крај, а плус тргна да оди накај татко и, значи личноста Тони преовладала и најверојатно нема да се смири се додека не го убие татко и.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Вери, ако ти се допадна книгава обавезно да прочиташ уште нешто од него. Навистина има прекрасни книги, јас се имам прочитано :) Жал ми е што немам веќе што да читам од него...
     
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.395
    Допаѓања:
    42.130
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на коментарите, таа не се излечи и тоа го заклучив не само поради песничката, несли се сеќавате дека беше пратена да живее таму кај што си живееше со услов од време на време да ја прегледува психијатар и да и да има терапија, но на последната страна вели таа се качи во воз за незнам кое место беше точно ама знам дека беше местото каде што рече предходно дека таму живее сега татко и...значи таа тргна да го докрајчи, лечењето беше фарса.
     
  19. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    a дали си ја прочитала неговата автобиографија
     
  20. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    RainBow ја имаш ли читано Господар на играта од Шелдон?
    Во библиотеката каде што сум зачленета ја нема, ама се надевам дека на саемот ќе ја најдам.

    Инаку што мислите за Полноноќни спомени, оваа книга е втор дел од Другата страна на полноќ, но толку е добро напишана што не ни можеш да препознаеш дека е втор дел. Книгата е пре преубава.