Cношти ја прочитав Cе плашиш ли од темница? книгава е одлична,ме мрда,ме остави без здив,ја прочитав во рок од 4-5 саати,не станав ни за мочање а камоли ли да легнам Cекој момент те изненадува,возбудува,одлична е Eх глупава јас,што не си купив повеке книги од Cидни
Како и многу други мислев дека е женско но нема врска, сеедно маестрален писател. Книгите му се многу лесни за читање. Ги имам прочитано Раскажи ми ги соништата и Полноќни спомени. Раскажи ми ги соништата не можев да ја испуштам од раце, во еден здив се чита. Ме остави без зборови, толку непревидлива, толку заплеткана. Полноќни спомени, не ми се доадна многу, некако уште од почетокот како да знаев што ќе се случи. Како и да е, книгите на Шелдон се прелесни за читање и одлични за тепање време
Ми се допаѓаат книгите на Шелдон, лесни и интересни. Ги имам читано: - ‘‘ Полноќни сеќавања ‘‘ - ‘‘ Радкажи ми ги оништата ‘‘ - ‘‘ Ништо не трае вечно ‘‘ - ‘‘ Гневот на ангелите‘‘ Сите се добри!
Пред некое време ја прочитав и третата од него книга „Ако го дочекам утрото“ и не беше баш ништо посебно, многу акција на почетокот за таков слаб крај. Инаку од „Крвна врска“, „Странец во огледало“ и „Ако го дочекам утрото“. „Странец во огледало“ ми беше најубава, иако немаше срекен крај. Беше непредвидлива и прекрасна приказна. Инаку планирам и јас да го профатам предизвикот за најмногу прочитани книги така да ке продолжам да го читам. „Гневот на ангелите“ и „Се плашиш ли од темница?“ ми се први на списокот.
Сидни е навистина одличен,немам зборови како би се изразила.Сите книги што ги имам прочитано се прекрасни сега ја читам Гневот на Ангелите а имам уште 3 од него да прочитам:Небото паѓа,Наутро напладне и ноќ и Ѕвездите светат од небото.Сигурна сум дека се прекрасни како и овие досега.
Сидни Шелдон - едноставно го обожавам, човекот едноставно знаел да пишува, од него имам прочитано многу книги,некои ги имам и дома а сакам еден ден да си ги имам дома сите, ме воодушевува начинот на пишување, сакам како и претходно што имам кажано книги кои ме оставаат без здив, кои не можеш да ги оставиш, од него ги имам читано „Крвна врска“, „Се плашиш ли од темница“, „Ништо не трае вечно“, „Другата страна на полноќ“, „Полноќни спомени“ (мислам дека така се викаше) мислам дека се толку и сите ги сакам неможамникоја да ја издвојам ама ке ги прочитам сите
Конечно се убедив да ја прочитам „Крвна врска“ и многу ми се допадна. Сега следни се „Гневот на анѓелите“ и „Странец во огледало“ само треба да ги најдам.
Од Сидни може да се каже имам прочитано поголем дел од неговите книги. Прва која ја прочитав беше Раскажи ми ги соништата и многу ми се допадна. После како ги читав другите негови книги веќе му ја знаев тактиката и не ми беа интересни, јас веке знаев што ке случи на крајот.
Пеколни планови, Ветерници на Боговите, Ако го дочекам утрото и Се плашиш ли од темница - најдобри се.
Јас ја препорачувам Господарот на играта мислам дека така е преведена на македонски, јас ја читав на српски беше Господар игре, заедно со Крвна врска ми се најдобри. Потоа читајќи ги другите се презаситив од Шелдон, а на времето ептен го сакав и читав, не знам дали ми остана непрочитана книга од него. Во секој случај е мајстор на трилер романите кои се читаат во еден здив. Едит- сега гледам, ова ми е трет пат како ја препорачувам Господарот на играта во рок од две години Гледате колку ми се допаднала?
И јас ги имам прочитано скоро сите негови книги и ми се допагаат.Ако го дочекам утрото,Мајсторот на играта се филмувани.Ги даваа во серии пред дваесетина години кога многу од сегашните негови читателки не се биле родени.Исто го имам гледано и Ветерници на боговите.
Од Сидни Шелдон никогаш не ми е доста. Дома имам околу 15тина негови книги и сите ги имам прочитано по два пати. Ептен ме фасцинираат!! Последниве две години најдов доста на саемот преведени од Наша Култура, ама некако ич не ми се допадна преводот, претпочитам да ги читам на српски. Издавачката куќа Алнари има најдобри преводи и најубав дизајн. Само што се малку поскапи од нашиве, за околку 100 денари. Прочитав исто така и 2 книги од авторката Тили Багшо, Господарица игре и После таме, на кои како автор е напишан Сидни Шелдон, бидејќи пишува во негов стил и морам да признаам дека ептен ја бидува... да не занеш нема шанси да приметиш дека не е пишувано од Шелдон. Инаку најдобри книги ми се Ако го дочекам утрото, Се плашиш ли од темница и Раскажи ми ги соништата. Единствена која не ми се допадна е Ѕвездите светат на небото.
Нема промашување! Пишува феноменално! Имам прочитано неколку книги од авторов... -Ништо не трае вечно -Раскажи ми ги соништата -Крвна врска -Ветерници на боговите иииииии сите се ПРЕУБАВИ! А да издвојам една што ја прочитав во еден здив -Раскажи ми ги соништата
Го обожавам неговиот стил на пишување...Во последно време ги имам прочитано "Раскажи ми ги соништата","Гневот на ангелите" и "Небото паѓа"...одлични се нема да зажалите ако ги прочитате
Прва негова книга која ја прочитав беше Пеколни планови, по предлог на библиотекарката. Каква книга, бреејј .. не ја пуштив од раце! Сплетки за извоз, а плус до самиот крај не можев да претпоставам кој е човекот што се крие позади сето тоа. А сега, само што ја завршив Се плашиш ли од темница?, ама на англиски јазик ја читав. Разбирливо и интересно напишана, со многу повеќе заплети од предходната. Дури вилицава ме заболе од чудење на секое, најсериозно! Уште на пола книга се откри кој стои зад сè, па мислев ќе нема смисла сега книгата, џабе ќе ја читам. Ама сум згрешила, зашто после тоа всушност почнаа вистинските заплети и интриги. Прекрасна e, препорачувам да ја прочитате ама на англиски, за вистински да ja осетите книгата!! Во англиската библиотека на Црвен Крст има уште неколку негови книги, па сигурно за брзо време ќе земам уште некоја. Иако на кратко, маѓепсува некако..
Човеков е дефинитивно врв! Сите негови книги кои сум ги прочитала ме воодушевиле (а сум ги прочитала речиси сите кои му се преведени на македонски) Иначе и јас на почетокот мислев дека е женско и останав буквално со отворена уста кога дознав дека е машко, бидејќи некако пофанатик сум по книгите од женски автори (незнам зошто така)
После долга пауза од неговите книги, ја прочитав “Ништо не трае вечно“ и сфатив дека веќе не ги доживувам исто неговите дела, сум ги надраснала и не ми се интересни