Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сидни Шелдон

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од s1a1n1d1r1a1, 4 ноември 2010.

  1. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    390
    Досега имам прочитано само 3 книги од писателов:
    -Раскажи ми ги соништата
    -Крвна врска
    -Пеколни планови
    Од сите 3 книги сум воодушевена, ми се допаѓа стилот на пишување, начинот на кој што се редат настаните. Секогаш кога ќе здогледам книга од писателов во библиотека веднаш ја зграбувам како небаре некој ќе ми ја земе :)
     
  2. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Препорака: Прочитај ја „Полноќни спомени“ ;) нема да се покаеш
     
    На strangewoman му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hristina979

    hristina979 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    16
    Еден од моите омилени автори!
    Најдобра книга од него според мене е Странец во огледало!
    Не ја затворив додека не ја прочитав!
    http://en.wikipedia.org/wiki/A_Stranger_in_the_Mirror
     
  4. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Дефинитивно мојот омилен автор!
    Нема негово дело кое не ми оставило силен впечаток.
    Тематиката и стилот му се одлични.
    Ми се допаѓа што пишува за изопачената реалност на богатите и славните,за моќта и за спетките...

    Омилено дело сега за сега ми е "Ако го дочекам утрото"-воедно и првата книга која ја прочитав од него... :)
     
  5. misperfekt

    misperfekt Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    31
    Ја имам прочитано само Раскажи ми ги соништата и воодушевена сум. Обично можам да го погодам крајот на секоја книга но со ова сум воодушевена, а кога дознав дека
    татко и ја силувал
    ми се идеше у книга да му влезам и едно убаво предавање да му одржампа да се свести што направил
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Е па фала многу што ме оставаш без спиење...

    Во рок од месец ипол ова ми е трета книга што ја читам од него.
    Ама ми се чини дека колку повеќе го читам, толку повеќе можам да го предвидам. И ќе ми биде жал ако стигнам до точка кога веќе нема да ми биде интересен.
    Јас ја обожавам психологијата, и некако потсвесно кога читам повеќе книги од конкретен автор, психолошки му го анализирам начинот на пишување. И тоа обично „пали“ кај трилерите, крими романите, каде се обидувам да го одгатнам крајот на загадочната приказна. Поточно, влегувам во умот на писателот и судејќи според претходните негови романи кои сум ги читала, пробувам да го напишам крајот. Не се сеќавам кога последен пат сум прочитала роман од Агата Кристи, веројатно поради таа причина.
    Ама си ветив дека ќе паузирам малку од Шелдон, веќе правам листа на книги за читање каде нема негови романи :)
     
    На crazylady, strangewoman, Butterfly14 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Имам прочитано повеќе книги од Шелдон, поголемиот дел од нив биле на српско-хрватски од причина што не сум можела во библиотека да најдам понови изданија на македонски јазик, но секогаш кога ќе почнам книга од Шелдон останувам без спиење неколку ноќи по ред додека да ја завршам книгата, знае човекот како да те маѓепса и да не можеш да дочекаш за да дознаеш каков ќе биде епилогот.
    Ми се допаѓа неговиот стил на пишување, “Гневот на ангелите“ и “Крвна врска“ ги имам прочитано по два пати, а други дела што ми оставиле силен впечаток се “Странец во огледало“, “Ништо не е вечно“, “Соголено лице“...
     
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.484
    Допаѓања:
    165.879
    Пол:
    Женски
    Значи нешто инзвонредно, првата книга од него сум ја имала ова лето, Јули конкретно и од тогаш како на дрога само од него читам ... :o
    Првата книга од него ми била „Гневот на Ангелите“, нешто прекрасно♥
     
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Крвна врска - една од поубавите :inlove:
     
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.484
    Допаѓања:
    165.879
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав и „Завера - Суден ден“ и повторно останав без зборови.♥
     
  11. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Ја имам прочитано само Пеколни планови. Ми се свиѓа стилот на пишување и ако и другите книги му се волку добри, време е да прочитам и нешто друго. :)
     
  12. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Добри се, и време е, почни и читај, јас би ти ги предложила „Сеплашите ли од темницата“, „Ништо не трае вечно“.
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Случајно ја земав Раскажи ми ги соништата и ме воодушеви.Јас повеќе сум за љубовни романтики ама оваа е ненормално добро ја прочитав за два дена неможев да престанам.
     
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Ја имам читано "Странец во огледало" пред 18-20 години, ама не ми текнува баш содржината како беше, ќе треба да ја прочитам повторно, можеби тогаш ќе се присетам.
     
  15. KatarinaLehotska

    KatarinaLehotska Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Imam procitano se od nego, omilena "Stranec vo ogledaloto" i "Zvezdite sjaat od neboto".
     
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Ах Шелдон , мојот омилен пистаел, се извинувам сценарист. :D
    Ги имам прочитано : Aко го дочекам утрото ( вооедно првата книга од него што ја имам прочитано и одтогаш се заљубив ). Ветерници на боговите , Завера - суден ден, Странец во огледало, Господар на играта и Господарка на играта .
    Сите негови книги се прекрасни , се читат во еден здив и не можеш да претпоставиш што ќе се случи следно.
    Омилени ми се : Aко го дочекам утрото и Завера -суден ден
     
    На kjukli и eliesaab им се допаѓа ова.
  17. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Штотуку ја прочитав Песокот на времето и топло ви ја препорачувам, дефинитивно е една од поубавите негови книги.
     
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.484
    Допаѓања:
    165.879
    Пол:
    Женски
    Летово мислам дека беше кога прв пат читав една книга од него и следното враќање во библиотека барав повеќе. „Гневот на Ангелите“ ми беше првата негова книга и онака шо викам јас - ме купи, одамна знам дека сум продаена душа. После продолжив со „Завера: Суден ден“ и онака ме копкаше до крај книгата, нешто магично значи. Со тек на време сакам да прочитам се со него, ама како што велам, нека помини еднаш полагањето на матура кога ќе бидам малце послободна. :l:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AutumnRain

    AutumnRain Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    На авторов првапат наидов буричкајќи низ старите книги на татко ми. Ја забележав Гневот на ангелите и кога ја прочитав само кратката содржина реков само малку да пробам неколку страници да прочитам, зашто беше на српски, ама кога започнав...не ја оставив книгата се додека не заспав, и првото нешто што го направив наредниот ден кога се разбудив беше да продолжам да ја читам. Така во рок од 16 часа ја прочитав и авторов дефинитивно остави белег на мене. Ме воведе во жанров да го засакам толку многу, зашто претходно немав читано трилери. Секоја негова книга ме воодушевува и ме остава на работ на неизвесноста се до самиот крај. Ги имам прочитано следниве:
    Ѕвездите светат од небото
    Песокот на времето
    Голо лице
    Ако го дочекам утрото
    Небото паѓа
    Гневот на ангелите
    Полноќни спомени
    Пеколни планови
    Ништо не трае вечно
    Ветерница на боговите
    Раскажи ми ги соништата
    Крвна врска
     
  20. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Предобар! Ја читам сега Гневот на ангелите и одлична е многу интересна.Ја имам прочитано Ако го дочекам утрото и таа исто беше пре предобра.Следна морам од него да ја земам Раскажи ми ги соништата.:inlove: