СИЛАТА НА СУДБИНАТА Број на епизоди: 102 Содржина: Приказната започнува кога 14 годишниот Иван со мајката Алисија се враќа во родниот град - Аламос, Сонора. Во градот живее и неговиот татко Хуан Хаиме Мондрагон, моќен и богат бизнисмен кој не го признава за свој син. Алисија, која ја чува тајната за неговото потекло ќе биде принудена да биде слугинка во куќата на фамилијата Ломери Куријел, каде што освен доња Карлота, нејзината ќерка Лукресија, зетот Херард, живеат и две девојчиња, малолетната Марипаз и малата Лусија. Во куќата на оваа богата фмаилија, Иван помага во се, што може да ѝ се заблагодари и на својата интелегенција поради која ќе студира со несебична помош од доња Карлота. Пет години подоцна, Марипаз се враќа од странство и одлучува да започне игра на заведување. Иван чувствува привлечност спрема младата заводничка, додека таа, несериозна и каприциозна одлучува да го заведи поради забава. Не обрнувајќи внимание на последиците, таа останува трудна. Скандалот во фамилијата е голем, толкав што Лукресија, мајката на Марипаз наредува момчето да биде претепан. За време на тепачката, еден од напаѓачите ќе биде убиен и за тоа убиство е обвинет Иван. На негова несреќа во исто време умира и мајка му која станала жртва на абортус. Повреден и збунет, одлучува илегално да оди во САД. За време на наредните 11 години живее и работи во Л.А каде што го запознава Ентонио Мекгери кој станува негов заштитник но и човек кој го посвојува и го мотивира да се врати во Мексико, но не само за да води бизнис преговори туку и за да се соочи со минатото. Многу интриги и изненадувања го очекуваат Иван кога ќе се врати во Сонора, помеѓу другото и тоа дека синот кој Марипаз го родила мистериозно исчезнал истиот ден кога се родил. Еден од најнапнатите признавања ќе биде и она на Лусија, младата психолошка полна со врелина која го сакаше во тајност од мала, нешто што Иван не ни го помислувал. Силата на судбината со времето ќе стави се на свое место. Така Иван и Лусија заедно ќе ја откријат лојалноста, чесноста и вистината но и ќе најдат љубов заблагодарувајќи и се на силата на судбината. Улоги: David Zepeda(Ivan), Sandra Echevarria(Lucia), Gabriel Soto(Camilo), Laisha Wilkins(Maripaz), Juan Ferrara(Juan Jaime).. Термини: 17.30 - Пинк 15-
Јас ја загледав и интересна е ама на моменти ми изгледа дека малку неприродно глумат глумците. Овој Иван ми е многу згоден .Во главна улога е повторно оваа од Клон и Марина и многу ми е антипатична како појава .Како по обичај во шпанскиве серии не ги поднесувам добричките па она ми е најлигава.Марипас ми се многу допаѓа иако е негативец а и со Давид ми беа многу убав пар,штета што не се заедно. И така,си ја пратам серијата.Баш во тој термин ми е многу досадно и супер ми е за релаксација.
Сега оваа серија ја даваат на ХРТ од понеделни до сабота во 12 и 30. Ја гледам, стасани се некаде до 50 епизода, уште 50тина има до крајот, релативно мала шпанска серија. Јас си ги сакам шпанските серии, ама нашиве телевизии се пренатрупани со турски и индиски, се заборавија веќе шпанските. Иначе е типична шпанска серија во која се заљубуваат сиромашен(кој подоцна станува богат) и богата (која подоцна станува сиромашна), меѓу нивната љубов секако застанува семејството, и многу други работи без кои не може шпанска серија да постои, како на пример дете кое како бебе е изгубено/посвоено а подоцна се се дознава
Ја гледав серијава. Ја даваа на Пинк 15. Интересна ми беше. Многу ми се допаѓаа Лусија и Иван како пар. Штета што престанаа да ја емитуваат.