Ме насмеа со ова. И мене ми падна на памет да не е трудна пошто нели во серииве ако некоја повраќа тоа треба да ни е знак дека е трудна но во случајов мислам е прашање на стрес и се останато, инаку би немало ништо смисла по мене... А да бидам искрена и јас помислив на типот од Истанбул. Ама навистина мислам дека нема поента, сигурно не спиела со него и да роди негово дете а да си бидат среќни и заљубени после со маж и. Барем според мене... И навистина преубава серија! Ниедна вака не ми го задржала вниманието и не ми била заразна уште од Ѓумуш мислам, зашто обожавам серии што почнуваат со таква љубов. И местото е преубаво, самата приказна е поразлична од оние на кои навикнавме веќе... Добар одмор после удавот Имитација На Животот.
Инаку јас ги изгледав до 20 и некоја епизода и ја изгледав и последната и доста беше Спојлер Ќе остане бремена наскоро од Боран, со овој Емре нема спиено. Ќе роди син а на крај и две ќерки близначки. Така среќни и весели ќе си живеат до крајот на животот
Ах боранн, хаха таман си реков готово не гледам веке, иииии ете, толку многу ми се засвига што синока и јас окапав гледајки ја на youtube
Спојлер Како наскоро, толку брзо ќе станат вистински маж и жена? Јас мислев ќе има тегнење тегнење, држ не дај, те сакам ама не ти кажувам и слични турски ситуации.
не е баш наскоро нема брзо да биди ,доста време ќе помини пред да се зближат.сигурно треба да поминат нај малце 20 турски епизоди,а една турска епизода трае саат и пол а тоа ти е 60 македонски епизоди а и вие не чекајте да се заљубат прво па после да прават деца. just saying
Веќе имам пишувано за серијата.Убава е до оној момент кога ќе избега од Боран и уште малку понатака.До тој момент си велев,поубава серија немам гледано во животов,ама ми се смени мислењето.Почнаа убиства,глупости,како некои филмови со убивање,целата серија изгуби смисла и престанав да ја гледам.
Спојлер Она прво му се налути на Боран кога не сакаше да води љубов со неа, па после се изнервира оти ја опали малку поагресивно
Спојлер Ако ги гледаш на Сител,рано е за бебето,сеуште е невина девојката Ама сите деца,колку и да ги има ќе бидат на Боран ага
Изгледав 9 епизоди, ме фати мерак и си гледам на интернет.Зависна станав веќе, но подобро така отколку на Сител.Нашиве има да ја тегнат на долго и широко ако ја гледам на телевизија, а и ќе ме копка постојано што ќе се случи. Спојлер Ах, Боран..
Боран -тоа што е добар и позитивен лик во филмот го прави совршен, башка убавината Тој е среќа во несреќата што ја снајде Сила. Многу голема љубов ќе биде тоа. Инаку многу поубаво ми е дејствието додека се во таа провинцијата одколку во Истамбул.
Сеа гледав на интернет и не ми се допадна тоа што Сила побегна со Емре, Нарин и Азад изгубив желба за гледање баш ќе беше поубаво заедно со Боран да заминт.И таа ако не сакаше можеше да му се јави на Боран и да му рече да дојде по нејзе али ај турска работа им простуваме сите серии им се такви незнаат они поасална да напраат