Мене лично не ме болеше воопшто. Прво ми ставија крема со анестетик, а за време на аплицирањето имав онакво како пенкалце што вибрира за да се распореди болката ( не знам како се вика ). Целата процедура е буквално 3 минути, така да се издржува. Првите 2-3 дена устата е отечена, може да се појават модрици ( јас немав) и грутчиња. Ја сум задоволна, устата си ја чувстувам како своја, конечно усните ми се симетрични (најмногу поради тоа ставав филер), ништо пренагласено, верувам дека тој што не ме знае не би ни приметил дека имам филер.
Мене со локална анестезија ми ја праеја (иако не ме фати).Околу 10тина мин, половина мл. Цена не знам зашо по набавна платив.
Јас кога ставав во нос, двапати, не ми ставија emla, ама и не ме болеше. Ќе видиме за усни, па ќе споделам искуство наредна недела.
Аман бе јас 20 мин се задржав со се консултација, анестезијата, формулари, слики... Дали мојов праг на толеранција на болка е висок или докторката има лесна рака... нешто има Имаше после модрици или реакција некаква?
@LiliBoz @Avery @thequeen95 каде стававте? И колку ве фати? Јас за Перла центар размислувам, ама имате подобар предлог? Имам убава форма на уста и мала ми е, ама сакам повеќе волумен.
Јас мислам посоодветно е кај доктор на медицина да се прават вакви третмани. Мислам дека и Билјана и Даниела од Перла се стоматолози. Не потценувам,во никој случај, ама читав дека по некои статистики многу повеќе се јавувале компликации кога се аплицирал филер и ботокс кај стоматолог отколку кај доктор по медицина,зашо сепак докторите имаат поопширно знаење,шо ми е и логично.
Сега ми е јасно зошто си имала толку болно искуство + модрици... Женава треба да си се посвети на стоматологијата и да престане да упропастува девојки по градов... ( да не ме сфатиш погрешно, ништо лично кон тебе, ама со свои очи имам видено неколку ужаси направени од нејзина рака... )
Колку шо сум информирана, модринки се јавуваат скоро секогаш кога се прават усни. Кај некого повеќе,кај некого помалце. А,конкретно за Билјана, се сложувам со Аvery.
Женски, сакам да направам контурирање на долна вилица. Препораки? Ако има некоја што веќе правела негде?
Зошто Перла не ти се допаѓа? Јас имам позитивно искуство со неа. Прв пат се боцкав кај докторка што работеше во Промоиталиа ама веројатно повеќето си имаат и side gigs во разни козметички салони. Втор пат кај стоматолог, третиот пат во Перла , исто стоматолог. Никаде не би рекла дека згрешив или дека не ми се допадна. Во Перла и низ лице ме боцкаше, не само усни и во супштина сум задоволна, иако никогаш, ама никогаш не траеше 9 месеци во усни. Веќе знам дека тоа е чисто индивидуално и од - до реклама. Кај мене во усни е видлив тој 1 мл околу 4-5 месеци. На лицето ми трае подолго ( бразди назолабијални и образи). Секако длабочина на боцкање веројатно влијае и тип на филер и зона. Следен пат се мислам и за под очи и ботокс на чело. Јуведерм е фален ко што слушам. Важно ми е да има искуство тој што ме боцка а и да е естет. Да не ме гледа само како паричник, туку да процени со одредена кубикажа што би било најдобро, и да учи техники постојано. Се зачудив за Перла негативно мислење, ама можда има нешто што не сум приметила.
Секој бира каде да оди мислам дека на нејзе не и се допаѓа начинот на кој се аплицирани филерите исто ко што на мене промоиталиа премногу паткасти испрчени ги прават усните ко случај кај Елеонора Миљковиќ
Имам една мимичка брчка и прашав една лекарка дерматолог за да се измазни чисто информативно. Ме предупреди ако веќе се одлучам да не дозволувам да ми стават филер.
Јасно ми е дека сите одиме каде што сакаме. Нема збор за тоа. Прашав за туѓо мислење, еве различно од моето.Јас имам искуство, таа нема , но сепак може забележала нешто што јас не сум приметила. Верувам дека има некои со неусовршена техника. Иако сакам да експериментирам, не би одела кај некого што сите го плукаат.