Jas pojdov do Gostivar. Navistina toa ne mi e bitno dali e vo Sk ili bilo kade. Veruvaj deka vredi za rezultatot!
Дали Мартин користи teosyal? И која е разликата меѓу teosyal rha 1,2 и 3 Russian lips техниката ја прават Мартин и Бунда? И дали има некоја што ставила со оваа техника тука?
Мене многу поприродно ми изгледаат, јас имам со обичната техника и изгледа понападно па затоа се мислам за рускава техника. Се вбризгува по површно и не изгледа како патка во профил
Добро утро, 1 мл Stylage -12 500 ден. 1 мл Teoxane - 12 500 ден. 1 мл Restylane - 13 500 ден. 0.5 мл Stylage- 6500 ден. 0.5 мл Teoxane - 6500 ден. 0.5 мл Restylane - 7000 ден. Секој дополнителен 0.1 мл. -1300 ден. Ceni kaj Martin
Според мене руската техника е идеална за усни. Нема "duck lips" ,што ми е многу битно. И верувајте имам видено усни од др Мартин во живо- предобри се! Не се ни познава дека има филер а усните се скроз променети. Најдобар е во Мк,ако не и пошироко а и ова не е само мое мислење.. Овие ми се омилени :
Многу убаво изгледаат ама по сликиве ми се чини како да е преболно. Ај некој ако сака да сподели инфо за степенот на болка хаххаха
Мене ме болеше. Ама не ги боли сите исто. Се истрпува. Јас сум со низок праг на болка и стварно осетив и покрај анестетикот.
Не е болен убодот, боли малце кога навлегува филерот, ама не е болка која не може да се издржи. Се боцкам Stylage и според време на разградување на филерот и природен изглед, за мене е најдобриот филер. Не ја сакам руската техника, се познава дека има филер без разлика дали е убава устата, професијата ми е таква да не можам да си дозволам премногу отстапувања од природниот изглед. Совет од мене, почнете со помало количество филер, па после некое време додадете уште малце. Мене Stylage ми стои веќе 10 месеци и нема ни почнато да се повлекува, што значи дека година дена сигурно ќе потрае.
Јас имам teoxane на 7-8 месеци ставам пак. А што е разлика меѓу овие два и restylane што е поскап? Индивидуално е. Мене ме боли не е страшно ама е многу непријатно. Посебно долната уста кога ја боцка
Во квалитетот, како што кажав погоре, во времето на разградување на филерот. Stylage емногу квалитетен филер, испробан од добрите доктори, кај мене се немаат појавено грурки ниту црвенила после апликација. Се боцкам, 24 часа не ставам шминка во областа на устата, а по 2 дена го имам максималниот ефект. И не гледајте што ае форсира на инстаграм, се што има преагресивна реклама, сака да се нафрли како најдобро. Во природата не постои симетрија, пробајте да корегирате некои работи, а не да ги трансформирате. Можеби на прва не, но после неколку боцкања, устата ќе делува како на старлета. Секако, освен ако сакате да изгледате така, тоа е веќе друга работа.
Ви завидувам на трајност. Мене повеќе од 6 месеци не ми трае, а различен ми боцкале, чак и Стилаж. Уште Juvederm немам пробано.