Првиот пат брзо спласнува филерот, со секој нареден пат потребно е помалку филер за ист ефект, а неговото времетраење е подолго. Само, мене ми кажаа дека повторно полнење се прави за минимум 3 месеци, односно за 3 до 6 месеци за второ аплицирање, а понатаму може и на 8-10 месеци, зависи од желбата и потребата. Да не ти е многу брзо да ставаш повторно?
Изгуби на волумен , горната уста ...контурите стојат, не се мрднати Баш вчера разговарав со стомато-лошката и ми рече да нема врска тоа колку време треба да помине.Штом спадне отокот се гледа каде и колку треба да се доработи/допуни.. Додуше, поише отиде на контури ставање, колку и да вртиш 1,2 мл не е многу за да се постигне она што ја го сакам .Она ми рече дека за такви уста и до 3мл одат
Wow 3мл и јас бев на корекција после 2-3 недели, ама ми дополнија само 0.3мл каде што беше потребно, но ми кажаа дека за повторно полнење треба барем 3 месеци да поминат... Фала ти на инфо дека може и порано Инаку девојка што ја познавам става филери веќе сигурно 3-4 години и има ама баш полна уста. Она веќе почнала да става на година дена по 1 мл, а и кај неа првите 2 пати мнооогу брзо паѓал филерот. Така да, и јас си се надевам дека сега подолго ќе ми трае.
Па мож дека веќе си имала 2 полнења, затоа ти кажале мож после 3 месеца наредно ...нзм... Со каква анестезија те работеа?
Јас сум по професија доктор и сама се боцкам со Apriline или Citosial medium deep. Анестетик ставам крема лидокаин и сум задоволна од трајноста на филерите.
Кој е подобар од нив двата? Баш сега ќе пишував, едната докторка кај што сакам да одам ги има нив, а друг работи со теоксан, не можам да се одлучам. Како нови ми делуваат првите два, а за теоксанот имам добри работи читано.
Citosial е подобар од Apriline, бидејќи има поголема концентрација на хијалурон, со тоа што и самата инекција е 1.2 мл.
3мл? Да не се многу? Јас се мислам дали 0.5 или 1 мл, ама ми е страв со 1 да не е многу неприродно. Како ти изгледаа на почеток? Каква ти е природно? Мене ми е горната доста потенка од долната, сакам да ги изедначам да изгледа како да немам ништо правено ако е возможно. @baby-star кажи ми дали е можно само контурите да ми ги поткрени нагоре докторката? Да не изгледа во профил како пополнето? Се плашам поради потенката горна усна да не добијам само волумен и да оди нанапред во профил, а контурите да си останат исти.
Ај јас да прашам дали со филерите се оцртуваат краевите на устата,мене ми е бледа,дали станува по розова или подобро е со трајна шминка?
За едно ставање е многу 3мл... тоа за до краен резултат до 3мл ,значи2-3ставања ,за онакви какви што ги сакам . А тоа дали 0.5 или 1 мл да ставиш, види прво стави пола(ионака ќе си ја платиш целата доза) па почекај недела две да спласне отокот.Накнадно можеш да го ставиш и останатиот 0.5 Ма да мислам да 1мл не е многу , ја ставив 1.2 првпат
Ќе закажам за наредна недела. Едно 100 пати се премислив. Така ќе направам, прво 0.5 па ќе видиме. Фала
Ако ти е мерак, стави си, ич не му ја мисли ...не е нешто ,,доживотно" (пр.тетоважа) па толку да му ја мислиш Ја денес уште 1мл ставив ...требаше утре ,ама ме вклопија денес
Дали за прво ставање 0.5мл е малце? Не сакам да има драстична разлика, долната усна ми е подебела од горната па сакам да се изедначат.
Колку ќе ставиш прв пат зависи од тоа што сакаш и каква ти е устата. Колку помала толку повеќе хијалурон иде.
Немам видено соодветна тема па се надевам не е проблем тука ако прашам. Имате правено fox eye lifting? Ме интересира за цена и колку време трае? Исто така дали откако ќе го снема целосно неопходно е повторно да се стави или не, скроз исто во нормала се враќа?
И мене ова многу ме интересира, дека иако се конци( после 6 месеци паѓа ефектот) , се плашам да не треба после нонстоп да го правам тоа бидејќи кожата ќе се олабави..