Zdravo ,moze ne e za tuka,ama dali nekoj koregiral brcki na celo?imam 35 god I mi se poznavaat veke,mi bodat oci kade I kolku cini? Blagodaram
Со плазма пен се гори делот над и под усните, со тоа се намалува и затегнува кожата и се добива ефект на поистакнати/ поткренати усни. Лично не би се нафатила никогаш на оваа процедура, а знам дека ја прави Оливера од Велес aesthetic studio. А ако мислиш на хилаурон пен за пополнување на уста, сврти назад една страна, имаме пишано мислење.
Плазма пенот е ок, и може да се прави третман на било кој дел од лицето и телото. За брчки, стрии, спуштени капаци, висната кожа и др. Ја затега кожата. Секако, нема ефект со јачина на face lifting но сепак не е воопшто страшен. Како и се друго, само треба да се пази на хигиена каде се оди. А хијалурон пенот е друга приказна, не се препорачува
Прво, процедурата е забранета во многу земји, на пр. во Канада. Второ, периодот на опоравок е до 12 недели. Често по плазма пенот може да се појави пост инфламаторна пигментација (флеки), инфекции и слично. Постои голема опасност да останат дупчиња на местата каде ласерот ја гори кожата. Друго што ме загрижува кај овој третман е стручноста на лицата кај нас кои работат со плазма пен. Не би го доверила своето лице на било кој и на било каква опрема. За крај, постои многу поедноставен и помалку болен начин за пополнување на усните, а тоа се филери. Конкретно Бубаче прашуваше за корекција на усни, а не на брчки.
Прашував за потбрадок,сакам да го затегнам, да ми дојде до израз. Вака ми се гледа опуштена кожата. За усни и брчки не размислувам. Конкретно не се ни разбирам, се мислам дали да вложам во дерма ролер или во ова?
Па дека темата е силикони/ филери на уста, мислев дека за уста прашуваш. Инаку, да плазма пенот е решение за подбрадок, иако лично не би ја направила процедурата, како и што пишав претходно.
Плазма пен не е ласер. Проблеми се појавуваат скоро исто како и кај јапонско исцртување. Ако се изложи лицето директно на сонце, ако се гребе кожата и сл. Стручноста нема да да ја доведувам во прашање, се знае дека се оди кај луѓе кои се сертифицирани и со искуство. Не се кај нас сите козметичари неуки идиоти, сепак има луѓе кои вложуваат во работата.