ЈАс немам проблем, имам природно полна уста па силикони да ставам слободно со патки да се дружам. Инаку многу сум протв ботокс (мислам дека е тоа што се вбризгува, россонерка погоре има пишувано за тоа. Хируршка интервенција па може некако, иако тоа е сепак под нож и може да дојде до компликации.
и ЈАС сакам пополнички усни да имам но од ова што го читам скоро сите се против, не знам дали би се нафатила.Би сакала на горната усничка да ставам таа ми е потенка.Но не сакам после тоа да имам искривена усна. Дај кажете некое козметичко средство за поголем волумен,знам дека имало некои со ефект на пецкање и усните изгледале пополни,подобро да користам некои талви ствари него да си ја зафркнам устата.Дали некој знае,дали пробал и каков е ефектот?Мислам дека имаше од АВОН од Anew ЛИНИЈАТА.Пробал некој? Благодарам.
Не сум против силиконите ама најискрено силиконите на уста ми се одвратни,наместо да те разубаваат те огрдуваат мене лично не ми се допаѓаат
Јас сум сепак за природно. Немам полни усни. Ниту мали, ниту големи. По желба ги правам какви сакам со помош на шминка. Сепак, мислам дека подобра опција е хируршки зафат отколку ботокс. Таа опција ми е многу невкусна.
Немам ништо против силиконите на уста ,се додека се користат добронамерно ,т.е. со цел усните да изгледаат пополно ,но истовремено и природно. Но нималку не ми се допаѓа изгледот на оваа дама ,на пример Инаку,немам потреба од силикони ,усните ми се полни и во хармоничнен сооднос со остатокот од суратот
Мислам дека немам потреба од вакво нешто, усните не ми се тенки, повеќе одат накај полни, онака средно но доволно ми е, задоволна сум со тоа како изгледаат. Кога сакам да ми изгледаат уште малку поголеми, користам шминка. Не би ставила силикони на уста од причина што природното не може да се замени... Најчесто ова изгледа претерано и невкусно, дури и искривени им изгледаат усните на некои, што е стварно грдо. И не им стојат на сите големи усни, пред се зависи од обликот на лицето. Така да со ова жените не стануваат поубави и попривлечни-мое мислење.
Јас во никаков случај не би се одлучила на таков чекор иако имам многу тенки усни....сакам да си бидам каква што сум без пластики врз мене, па кој не би сакал да има полна уста убаво изгледа но тоа се прави и со шминки пробајте и ќе се уверите дека е така....има мислам совети како со шминка да се прави тоа можеш да користиш цртач за усни кој ке биде за нијанса потемен од сјајот или карминот пожелно е да се користи понеутрална боја слична со бојата на телото затоа што потемните нијанси имаат спротивен ефект ја прават устата помала.
Моите усни се скромни, не се најмали, значи не сум без ич ама мене ми се сосема доволни. Скромни, ама чуда знам да правам со нив, особено кога ќе се раздрдорам Ама пополнување на истите со силикони или пак со ботокс ми е некако многу неубаво решение, од чиста причина што без исклучок девојките кои ги познавам со вештачки пополнети усни ми се толку неприродни со нивните патка фаци, што секој момент ми доаѓа нагон да ги бакнам па си велам - ќе се претвори или не во принц сега?! А читав една статија, дека луѓето чиишто лица се модифицирани на овој начин се лишени од какви и да е емоции. Јасно ми е. Кога ќе ги видам како внимаваат да не се насмеат премногу, да не се развикаат премногу, да не се изненадуваат премногу, да не плачат премногу, се во име на нивниот нов „беспрекорен“ физички изглед, се до степен на губење способност да ги изразат чуствата сосема природно. Жално. Јас не би, најискрено Дали дека имам укомпонирано во главата дека луѓето кои посегнуваат по ваков зафат не знаат за доста па така не постои некоја златна средина - ич не знам. Ама мене секогаш ми текнува на екстремно пополнети усни и потоа распаѓање на истите од незнаење да се каже - стоп.
Природно си е природно, батка! Сум забележала дека и силикончињата ствараат зависност како и тетовирањето. Кога еднаш ќе ставиш- не остануваш на еден зафат. Ретко која знае колку силикон да стави, сите сакаат од мушмулче да направат смоква . Не знам дали ви текнува на Марија, онаа од бугарскиот Идол. Дури и виц смислија за неа. Устата иде 15 минути пред неа Се согласувам со Сефора дека шминката може значително да го подобри визуелниот ефект, а богами после мислењево на Пирамида за ограниченото искажување емоции ми е многу жал за нив. Бидете си такви како што ве дала мајка природа. Јас пластични операции оправдувам кога се работи за корекција на видливи лузни и сл. ама газ, уста или цицки - нема шанси да ставам
Употребата на течниот силикон (дури и на оној најчистиот) е казниво дело во Америка.Биополимер е еден дел од тие вештачки материјали-филери, кој сеуште се употребува во сиромашните земји, бившите Советски Републики, па и Бразил и Мексико. Само една од многуте нус-појави е појавата на гранулом и миграција. Постот на Пирамида веќе објасни колку треба да се внимава на силиконските усни,нема потреба да се повторувам, а освен тоа треба често да се масираат, не смеат да се јадат поконцентрирани зачини и сл. Лично, не сум против, ако некој смета дека таквата промена видно ќе му го измени изгледот и дека ќе изгледа поубаво. Но, пред да вбризгате во лицето било што , посетете го сајтот: http://www.lipaugmentation.com/ И таму ќе се информирате за материјалите, ги има дури и нивните сериски броеви, ќе дознаете како и што да очекувате после неколку години, начинот на отстранување на истите, ако нешто тргне наопаку или дојде до компликации итн. И изборот на хирург е од големо значење, зависи колку е тој естет. Инаку како што постои привремена тетоважа, така постои и привремен материјал за силиконски уста се вика пураген. Па ако некој се одлучи на ваков чекор, може да проба, па доколку не е задоволен од изгледот, тоа ќе биде само привремено
Да и во Ск има привремени материјали како што е теосиал кисс кој трае 12 месеци и е хијалуронска киселина која сите ја имаме во телото, па затоа се разградува. Јас сум за таа варијанта и мислам дека сега никој не користи веќе течен силикон и забранет е во повеќе земји. Инаку не знам дали смеам да ставам линк од докторката која според мене ја запазува естетиката и става минимални количини од хијалуронот. Еве ако го интересира некој има слики и од усни на профилот. Спојлер http://www.facebook.com/?ref=home#!/dr.svetlana?sk=photos http://www.facebook.com/?ref=home#!/med ... 1460298876 Ако е против правила бришете Инаку јас размислувам за оваа опција за понатаму за горната усна бидејќи ми е тенка (доста потенка од долната) и ова е единствениот безбеден начин, а и ако не ми се допаѓа по 1 година усните се враќаат во нормала. Ама се разбира ова е и поскапата варијанта!
Значи сварно ви се чудам,зошто ви се тие силикони на усните,само заџабе пари давање ништо друг,а и не изгледа убаво(мое мислење и вкус )
Јас никогаш не би ставила силикон на мене на ниту едно место , но тој што има потреба и сака зошто да не .. но сепак да изгледа природно
Ова со силикониве ми е сељацизам на устата. Ептен ми се грди. Има една блгарска певачица Марија а бе ко некои слонче со сурличка е, катастрофа. А на Северинчето со тек на време силиконите застареле и на тоа шоуто ’’големиот брат’’ ко стара баба беше во устата. Ако ти се усните мали има финти со кармин и олив и сјај како визулено да ги зголемиш а да не изглеаат нападно.
Жена, можеби би сфатила, ама машко да стави силикон... ццц... Додека изгледа добро, шо знам, секој за себе, ама јас не би ставила, задоволна сум од големината на моите усни.
Се извинувам за задоцнетиот одговор. Пред една година 1 мл хијалурон чинеше 150 евра, конкретно во оваа ординација. За сега немам информации. Поздрав
Имам полни усни но и да имам потенки никогаш ама никогаш не би ставила силикон.Од таа причина што ќе се осеќам како да имам нешто што не е мое,нешто што не е дело на мајка природа . Делува вештачки а зошто сите да бидеме со полни усти??? На некој повеќе му стојат потенки,на некој пополни,се зависи до фацата и мислам дека природната убавина е нешто што не може да се замени.Бидете си такви какви што ве створил бог. Силиконите се залудно трошење на пари и сум апсолутно против.Не само на уста него било каде.
Hijaluronskata kiselina ne e ic toksicna samo trae 2 meseci i e 500 evra ampula-dzabe parite jas ja pravev kaj dr daskalov so aqumentin i kosta 420 evra ampula,staviv 2 -morav da cekam izmegu ampuli 2 nedeli.i mi dadoja vtoriot pat popust 20 evra.izgleda prirodno [mod-kirilica:rlr4aah2][/mod-kirilica:rlr4aah2]