Фала ви. Дали изгледаат така поприродни ако се стави 0.5мл и дали со тој мл се бира форма пример слично како rusian lips? И на колку време се прави корекција?
Тоа ќе мораш да видиш со докторот што ќе те боцка, зависно од тоа што сакаш да постигнеш. Јас со 0,5мл Јуведерм пополнував цела уста. Корекција на асиметричност на горна усна и малку на долна и ми беше сосема доволно. Не сум правела руска техника, не би знаела за тоа да ти кажам. Лично, од тие 0,5 мл си оставив 0,1 за корекција после еден месец. Од друга страна, на другарка ми и рекоа минимум 1 мл за тоа што сакаше да го постигне. Индивидуално е. И, би ти препорачала малку да ја боцнеш и долната усна, чисто за симетрија. Затоа природно за жените од овој регион е да имаат пополна долна усна или еднакви (така ми рече докторката). Така да, јас би ти препорачала да не планираш премногу пред време, туку да отидеш на консултација, докторот најдобро ќе ти каже.
За руска техника според мене, 0,5 не би било доволно за првпат. Ако имаш тенки усни, би ти требало можеби и повеќе доколку сакаш, нели, пополни усни. Во спротивно, природен изглед би добила и со 0,5мл.
Издржливо е, иако болката е индивидуална. Првиот пат можеби и најмногу боли. Дополнувањата, лично, не ме болеа како првиот пат.
Може некој да ми помогне за кај Мартин во Гостивар? Одамна не сум била во Гостивар па ако може да ми објасни некој како да стигнам
Mene mi prati lokacija na whatsapp i taka stignav. Lesno e , od vtoriot vlez na gradot samo pravo. Sepak najubavo e da mu pises ke ti prati lokacija, taka jas prviot pat stignav.
Не знаев дека Мартин доаѓа во Скопје. Ми се допаѓаат фотките кај него, и би пробала следен пат и кај него. Мада јас повторувам , од Перла сум задоволна. Докторката постојано следи обуки, не само за усни туку и за цело лице и генерално и' верувам за проценката. Се надевам дека се повеќе и повеќе добри естетичари ќе има во мк. Цените сеуште споредено со надвор се пониски.
Фала ти многу, се снајдов. Втор пат ми беше кај Мартин да одам и сум презадоволна. Апликацијата вториот пат сега траеше доста пократко, со оглед на тоа што веќе имав основа. Болката отпосле ми е значително помала, првиот пат лед и апчиња а сега се издржува многу полесно, не знам зашто ама така и имав прочитано.