Задоволна сум,1 мл теосал кисс 10 500 (тој го користам) Индивидуално е кај секој и зависи од мал милион фактори,но првиот пат секогаш е пократко од секој нареден пат,кај мене беше 6 месеци
Првиот пат ми држеше околу 4 месеци, вториот скоро една година. Третиот (пред неколку дена ја правев пак), ќе видиме. Понатака само би додавала по 0,5мл, чисто за освежување. Во принцип зависи од многу работи времетраењето на апликацијата, начин на живот, количество на внес на вода во организмот, како и од самиот вид на филерот што е и очекувано.
Здраво, не сретнав некаде ваква тема а навистина имам доста прашања поврзани со темата па затоа ја отворам. Доколку некаде има слична или иста тема слободно препратете ме таму. Сепак ме интересира, доколку некоја членка има искуство, како оди целиот тој процес, дали вреди и дали после еден третман на зголемување усни со хилајурон веќе е видлив резултатот или потребни се повеќе третмани? Исто така пратете ми профили на инстаграм/фејсбук од места каде што сте ги зголемиле усните и сте задоволни.
Дали ќе ти е доста од еднаш зависи колкава уста имаш и што сакаш да постигнеш. Боли да знаеш. Не боли толку на самата апликација бидејќи е со локална ама наредните три дена ужасно ме болеше устата, бев модра и имав грутки. Јас ставав кај Д-р Мартин. Убаво работи мене ми се допаѓаше мојата уста. А за тоа дали би ставила повторно дефинитивно не. Го оставам филерот да ми се разгради сам постепено и еве скоро природните усни ми се вратија ама има уште малку. Сфатив дека природно е најубаво.
Зависи каква е природната уста, колку хијалурон ќе ставиш. Кај поголемите усни помалку се приметува. За тоа дали се потребни повеќе третмани самата ќе си процениш пак зависи од тоа што ти очекуваш и сакаш. Инаку како за прв пат не ти препорачувам повеќе од 0.5
Јас ставив пред 3 дена во Санте Плус 1мл и сега имам како едно поголемо топче на горната десна половина од устата. Не ми беше симетрична устата и докторката таму ме боцкаше уште еднаш. Сакам да прашам дали некоја има слично искуство и дали е нормално?
Мислам дека е нормално. Треба време да се раствори грутката. Иначе мене едната страна ми беше минимално поголема од другата. Гледам некои и дупки имаат кога ќе се насмеат. Затоа од мене големо не за филери.
@Jane.Birkin да не ти е оток? Мене често ми се случува после боцкање да ми е тврдо и болно некое место. Ако е оток ќе помине за 1 недела. Прати му слика на докторот да не се мислиш. И немој да го масираш ќе го изместиш филерот.
Паа, на неколку места ми е тврдо... докторката ми кажа да ја масирам устата и сеа ја масирам лелеее....едната страна ми е поголема и подувана. Не знам која докторка е
Колку време е потребно да се раствори грутка? И ако има некоја девојка правено fox eyes , ако сака да сподели искуство и каде?
Не се сикирај оток е, ќе се повлече и ќе биде рамномерно Здраво, во врска со прашањата за пополнување на усни. 1.процедурата се прави со анестезија и не е безболна, но се издржува, далеку од непријатна и сепак зависи од прагот на толеранција на болка. 2.Резултатот е видлив веднаш, устата е отечена и можно е да имаш и хематоми. За да го намалиш ризикот за хематоми недела дена пред и потоа не конзумирај суплрменти, вит ц и аспирин. 3.Отокот може да биде присутен и до недела дена и да ти изгледа една страна поголема друга помала. Можно е да имаш и грутки кои ќе се асорбираат за недела две. 4. Се препорачува пиење на вода минимум 1 л дневно. После првото аплицирање се препорачува не покасно од 6 месеци да аплицираш пак барем 0.5 од причина да е подолготраен филтерот. А колку ќе трае никој не може да ти гарантира. Се зависи од метаболизмот и внесот на вода.Не е битно дали е поскап или поефтин филер.
Читав контраиндикации за филери, дека може да напраат фрка кај тие со автоимуни заболувања, пошто имам хашимото сакам да знам ако имате искуство дал има врска?
Drugarka ja ima istata sostojba. Vekje ima 3 pati staveno filer (na usni i jabolcnici) , apsolutno nemase nikakov nesakan efekt. Sekako ke se konsultirash so doktorot i ke napomenes.