На клиника работеше ваљда уште, за жал немам број веќе од него. Најди го на фб ако можеш пиши му. Игор Пеев.
И јас исто така ставив пред 3 дена 1 мл во Санте Плус. Во моментот на ставање не ме болеше, но после неколку часа имав прејаки болки и не можев да ја мрднам устата, а многу и потеков. За 2 дена ми поминаа и болката и отокот. Само што и мене долниот дел од устата ми е цел со грутки Имам 2 грутки една голема, другата помала. Докторката ми рече за 1 недела да идам на контрола, па ќе видам што ќе ми каже, затоа што прв пат ставам.
Зашто уште не ми се врати устата како што ми беше? имав една апликација 1мл пред 12 месеци. Смалена е ама сакам мојата да ми се врати
Каде се наоѓа ординацијата на Др. Роберт Стојовски? Има некоја процедура пред ставање филер,читав дека не треба да се оди на забар?
Тоа зависи од твоето тело колку брзо го разградува филерот. Кај некои луѓе телото го разградува мн брзо за неколку месеци, најчесто 6, кај некој подолго. Барем јас така знам Кај две другарки за неполни 6 месеци отиде филерот.
Стар е постов, но сепак да пишам. Мене ми стави ботокс во чело и околу очи д-р Даниела од Перла, исто и хијалурон под очите јаболчници, во усни и кај назолабијални бразди...сега вака кога читам баеѓи ми изгледа Задоволна сум. @piglet1 како ја одбравте бојата за усните за лип блашингот, знам дека се прават комбинации од бои, но дали даваат совети во смисол што одговара на твојата боја на усни и кожа, и дали е како омбре крајниот изглед, или рабовите на усните ти се поинтензивно обоени а остатокот воедначено, ако ме разбираш на што мислам... Колку чини во мк? Кај што живеам е блади 600 евра па се фемкам некако дали тука или во мк да правам.
Во мојот случај јас им кажав дека сакам нешто понежно, а тие ме советуваа дека би било идеално да се ставе потемна нијанса, бидејќи ќе избледнее up to 50%. Не е како омбре, рамномерно се нанесува бојата. Јас не правев во Мк, платив исто 600еу и е фрлање пари. Башка болката 2 (и пол) саати. Добиваш ептен онака “pinch” од бојата, па мене лично не ми се исплати за болката и цената. Поарно купи си Benefit lip tint, иста функција врши, а не боли и не е скапо.
Тешко кај мене лип тинт да остане повеќе од половина час..јас сум " јадач" на кармини, некако несвесно, и нема шанса да задржам нешто што не е "зацементирано" за усните..обично дрогериски марки купувам ама исклучиво што се long lasting, иначе џабе ми е , или пак пудра , па со молив цели усни па врз нив кармин. Им завидувам на жените кои само со мали поправки, цел ден или ноќ тераат со карминот..последно лупнав пари за Маc, бојата убава, трајноста кај мене мањкава. Колешка иначе направи лип блаш, и ајлајнер траен , бојата е прашање на вкус ама мене не ми се допадна што рабовите беа приметливо поинтензивни од остатокот, као да претерала со моливче изгледа засега. Инаку и кај неа избледе, дури и после корекцијата и ја болело, а сите козметолози лажат дека не боли. Мене искрено и веѓи кога депилирам ме боли и се' живо со игла, ботокс, хијалурон, па немам илузии дека ова не би болело . Маста или кремата за анестезија е само површинска, сепак одат во длабочина со иглата.
И мене Mac кармините не ми траат, онака долготраен ми се покажал АBH кармините, оние мат што се. Тинтот, мех, не е дека многу долго стои, ама пак многу лесно се нанесува, можеш и со прсти. Кај мене не се познаваа линии така, убаво беше изработено, ама ете ми избледе, а нема ни 6 месеци. Би пробала ете пак, ама не сега. Можеби во некои други околности.
За ботокс и мене ме интетесира, јас имам ставано кај др.Бунда пред 3 год и секоја чест. Многу е професионална, многу убав пристап, ќе даде свое мислење што таа смета, а ботоксот ми траеше баш... преубаво искуство! Но, сеуште не работи и ставав кај Биби Ризес но, ефектот катастрофа. Минимална разлика во брчките уште во старт, потоа на контрола ми стави уште малку но не беше ни приближно од тоа што имав претходно. Се чуствував како некој третман да имам направено, а не ботокс. За 2 месеци како ништо да немав ставано. И од тогаш се разочарав и ми е страв да одам некаде на трето место... Баш би сакала некоја искрена препорака.
Дали е потребна претходна консултација кај др.Роберт ( и да сподели искуство ако некој ставал филер на уста кај него).
Mozhe da mi kazhesh koj filer go aplicira? Jas pred eden mesec staviv Restylane Kysse kaj Dr. Martin i eve vekje mi go snema, skoro e vratena vo prvobitna sostojba. Koj filer go aplicira?