Многу долго барсм stylage во МК. Каде го ставаш? Дали некој има искуство со Д-р. Данијела Михајловска од Diamond S? Гледам убаво работи ама за Цитосал филерите нема никакви рецензии на интернет па затоа се мислам. За назолабијални брчки пополнување ми е и за минимално освежување на устата.
Stylage има кај др. Мартин Мојсовски 1мл 14 000 ден. Има некоја вадено филер со хијалуронидаза да сподели искуство дали е болно и која цена е и кај кој доктор?
Сакаш да го намалиш, да немаш подбрадок? Тоа се прави со липолиза. Липолиза е нехируршка липосукција, се боцка подбрадокот со течност која ги топи масните наслаги. Нема веднаш резултат, туку по неколку недели. Планирам и јас да го направам ова, не сакам да боцкам филери на брада/вилица, но се уште немам истражено во Македонија кој ја прави оваа процедура, колку чини и слично. Ако некој има искуство би била благодарна да го сподели.
Дали некој ставал филери кај оваа докторка? https://instagram.com/dr.viktorijaoncheva?igshid=YmMyMTA2M2Y= На сликите делува доста природно, но ме интересира искуство од прва рака
Jas stavav vo oktomvri lani i do sega e poveketo spadnat doktorkata ne mi se svigjase malku so odnosot(kasnese na terminot) pa ja cekav,nisto ne objasnuva jas i kazav kakva sakam a ona mi vika e za taa usta treba mnogu filer za da bide i tvojata ista takva.Mislam so dva filera raboti ama neznam tocno.Teoxane mislam e edniot.Se na se ne sum mnogu zadovolna.Izvini za dolgiov post ama sakav da ti kazam kako sto citam po forumov ima i podobri taka da ti si znaes
Дали некоја од вас има искуства со ставање филер на усни кај Маја Балова, конкретно Aprilline брендот?
Девојки на 18.05 ставав 1мл филер Амалиан во Промоиталиа значи денес е 22.05 јас НЕМАМ НИШТО ОД ВОЛУМЕН, ФОРМА,НИШТО ОД ФИЛЕРОТ НА УСТАТА. Ве молам кажете чааре за филер кој би стоел барем пола год, доктор по препорака и искуство. Толку се разочарав што ѕвонев кај др.Мартин Мојсоски 2 пати но не крева тел. Фала Ви однапред.
Другарка ми редовно се боцка кај Др. Даниела Димитрова во Перла и жената е врв. Јас само што престанав да дојам, да помине летото и планирам и јас да ставам кај неа. Многу ми се допаѓа како работи.
Мене оваа ми се допаѓа, една другарка става кај неа, преубаво работи. Јас лично сум деталист и многу ми е важно тоа, мислам дека девојкава го доловува тоа https://instagram.com/dr.vesnastojanovaatanasovska?igshid=MzRlODBiNWFlZA== Пиши и на инстаграм, одговара релативно брзо,а не ко Мартин да се дига во вис и да трчаат по него,чиниш злато тече од инекциите.
Не сум запознаена ниту со филерот, ниту со работата во Промоиталиа, но би сакала да ти кажам да не се разочаруваш, затоа што сепак ти е прво аплицирање на филер. Можеби и си очекувала поголема разлика во волуменот (или си гледала слики од девојки на кои веќе им е 3-4 боцкање), па по спласнувањето на отокот си се разочарала. Би те советувала да не ставаш веднаш нов филер, почекај прво 3 месеци и потоа стави 0.5 мл. Ако одиш кај Мартин, ќе ти шибне одма голема количина и по пола година целата уста ќе ти биде со грутчиња ( нека не ми пишува сега Радмилче неговиот “адвокат” на темата да го брани, 3 девојки од мое најблиско окружување се со истата компликација). Знам дека сакаш убав и брз резултат, ама размислувај подолгорочно. Јас после четвртата апликација бев задоволна од волуменот и формата, а еве неколку години се боцкам и ниту имам грутче, ниту ми е мигриран филерот. Првиот пат ставив 0.8, па дополнив по 3 недели 0.2 и потоа само по 0.5 на 6 месеци. Извини за долгово излагање и непобараниот совет, ама навистина гледам многу девојки со преполнети усни со топчиња и мигриран филер до носот…