Ja би те советувала и да ставиш помала количина. Со 1мл ќе добиеш инстант разлика. Со 0.5 е суптилна. Но знам доста девојчиња со измигриран филер средишно особено на горната усна, особено ако ставиле поголема количина на филер. Сепак зборувај со докторот што ќе го става филерот
Да раскажам едно негативно искуство врзано со Мартин. Имено, веќе два пати кај него ја правев устата, еднаш во Скопје и еднаш отидов до Гостивар. Сакав и сега и имавме закажано во Гостивар. Јас бев во Скопје само краток период и бев дојдена со бебе така да бев малку тесна со време но сепак можев да си дозволам да издвојам половина ден за тоа. Е сега, прво ден пред договорениот термин ми помести за наредниот а на самиот ден ми го помрдна терминот за неколку саати покасно. Не дека сум секој ден на третмани ама никогаш никој вака не постапил. Според мене е многу непрофесионално и колку и да ми се допаѓаше неговата работа веќе не би одела таму.
Здраво, од кого сте најзадоволни за аплицирање филери на уста? Се двоумам меѓу др.Роберт, Перла, др.Весна и промоиталиа… кажете искуства
Се мислам за прв пат да ставам филер, најмногу за израмнување на усните, не ми се еднакви горе и доле, а и веќе како стареам како да снемува волумен од усните. Тотален лаик сум на ова прашање, освен еве што ја прочепкав темава и гледам дека најчесто е фален др. мартин, но исто така и доста негативни искуства од типот на мигрирање на филер итн. Кој филер и кој доктор би го препорачале за мала корекција? Ништо спектакуларно не барам, да ми се изедначат усните само и маалку можеби волумен да ми додаде. А вооедно можеби и некој што става и ботокс, веќе имам и брчки на челово, па некој што и тоа би можел да го корегира.
Кажете искуства со аплицирање филери на уста со др. Роберт или др. Даниела од перла од кого сте повеќе задоволни?
Сакам да ставам прв пат филер и се мислам помеѓу Перла, др. Мина Маринковиќ и Diamond S. Некој искуство да сподели ?
Веќе неколу пати по ред ставам филери (хијалуронска киселина) кај Др. Самоникова Гордана. Секогаш 0.5 мл (125 евра). Ми трае година дена. Задоволна сум од резултатите, блага минимална разлика од пред и потоа. Колку долго ќе стои зависи и колку количина вода внесувате.
Ставив филер пред точно една недела, 0.7ml. Устата ми изгледа исто дури и погрда од претходно. Искрено многу сум разочарана, фрлив пари за да немам никаква промена. Веднаш се пожалив кај докторот и ми закажа термин за да ставиме уште филер, дали повторно цела сума ќе треба јас да ја плаќам или се рачуна ко корекција од негова страна?
Доколку првпат се аплицира филер, секој специјалист за оваа област ќе ви каже дека 1мл е минималната количина која треба да ја аплицирате за да изградите база од филерот, инаку за неколку дена речиси нема да се приметува и нема да трае ни неколку недели. Понатаму дополна се прави по ваша желба. Јас прво се слушнав телефонски да прашам инфо, а потоа кога се осигурав за времето само му пишав на вибер и толку беше, така се договоривме и за термин и за се.
Заинтересирана сум са ставам филери, но сакам да добијам само малку волумен и да изгледа најприродно што може. Имам познаничка, има ставано филери во Ватанмед. Устата и изгледа преубаво и многу природно, но таа и природно има убава уста така да не можам да проценам според неа. Јас не ни знаев дека таму ставаат филери, па дали некој има искуство со нив затоа што не можам да најдам многу информации онлајн?
Да го го раскажам моето негативно искуство со др.Роберт Стојовски за ставање филер на усни.Се двоумев мегу Роберт и Мартин се одлучив за Роберт.Кога отидов од старт неговото одбивно однесување,нељубезен старт ,катастрофа си викам ајде нека ја заврши работава,ми стави 1ml (барем така рече), мн мала промена,по три дена нишо не се приметуваше му се јавив да му кажам дека не сум задоволна дека воопшто не се познава дека имам ставено филер на усни,неговиот одговор беше толку дрзок - СО ЕДНА КОФА МОЖЕШ ДА НАПОЛНИШ БАЗЕН НЕЕ ЕПАА??АКО САКАШ УШТЕ ЌЕ ПЛАТИШ,викам добро меѓутоа ништо не се приметува,така да моја препорака кај него НЕ. Се размислувам сега каде да закажам кај Мартин или на некое друго место??
Мене кај Роберт ми е најинтересно што буквално му плаќаш за да те навредува. Одиш на консултација за едно, он те седнува и почнува да ти набројува маани на лицето и што се би сменил кај тебе. Притоа не бира зборови, брутален е. И прескап е. И лично не ми се допаѓа како ги работи усните. Други работи може да, ама за уста не е најдобар.
Другарка беше кај Роберт, нити уста и се познава нити некои филери на лице нешто пополнуваше дал лаже дали врска нема он незнам, јас сум задоволна од промо италиа Наташа мислам се викаше
Дали некој има искуство со Др. Дејан Димитровски https://instagram.com/dr.dejan.dimitrovski?igshid=MzMyNGUyNmU2YQ==
Значи истово и се случи на колешка. Кај неа за недела дена немаше ништо а не стави 1мл туку доста повеќе. И нормално му отиде да се пожали и истиот одговор го доби - нема проблем плати си пак ќе ставиме. И толку беше. Веќе не му отиде.