Марија, лабело или кармин нема многу да ти помогнат...Јас се решив на хијалурон само во горната уста. Докторот ми направи зголемување на контурите на горната уста. Постапката не беше воопшто болна и скапа. Јас ставив пола ампула ( 0.5 мл) и сега имам прекрасни секси усни.
Можеш да ја исцрташ устата со моливче за уста па после тоа кармин да ставиш. Моливчето колку толку ќе ти ја зголеми устата
Не би ставила силикони никадее, и смешно изгледа и баш кај нас у македонијава да се потпреш на некој да си игра со лицето што се вика- не би рекла. Странство е секогаш подобар избор за такви операции отколку Мк
Ни на усни ни никаде.... каква ме дала природата, таква. А фала богу никаде значително не ми скратила.
Девојки , особено вие од Скопје, дали можеби знаете колку чини пополнување на усни кај Др.Светлана Спојлер https://www.facebook.com/dr.svetlana и доколку некоја има искуство кај неа, ве молам споделете
мисс басс стави ли филер? јас сум на ум да ставам кај др. Билјана битолчанката што сега работи во Ск во промо италија анти ејџинг центар. Ако има некој да сподели нешто би ви била благодарна. 12000 е но не знам колку трае?
И јас слушнав пофални зборови за др.Билјана од Битола..дали некоја има телефонски број или некаков контакт како би ја нашла..?
Јас морам да се надоврзам на постов. И во минатиот пишав, ама ќе потенцирам уште неколку пати, затоа што има доста не толку добро запознаени со тој доктор. Секој доктор што гледа да не му земе само пари на пациентот, туку внимава и на неговото здравје и да не го унакази физички (а понекогаш и уништи психички со истото), не го препорачува тоа што го препорачува докторов. Јас сакав мало полнење на носот (поточно на левата страна имав асиметричност која сакав да биде пополнета), и барав перманентно решение. Доктор Даскалов ми препорача Аквамид. Потоа бев кај друг доктор кој ми го реши проблемот, и ми кажа дека доколку сум ставела аквамид ќе ми се створела некроза. Тоа е филер што буквално може да ти го уништи лицето. Трае со гооодини и цената му е 500е од апликација. Е сега секој кој логично ќе размисли, ќе се запраша како може една ампула хијалурон која трае една година да чини 200е, а ова перманентно решение да чини само 500е. Јас само ќе го оставам линков да видите слики, пред да се решите за вакво нешто... http://www.realself.com/aquamid/reviews?rating=not-worth-it Моја препорака за секој што ќе се одлучи на нешто вакво е хијалуронски филер или сопствено масно ткиво. Никако силикон!
Баш ме интересира колку време траат тие филери? кај др светлана 250 евра е 1мл филер, секако може и помалку да се стави
Depending on the area injected, Teosyal can last anywhere from 6-18 months and the results are visible immediately. Unlike other fillers, Teosyal has a cumulative effect, so less product is required for touch-up sessions.
Дечки јас имам прилично мала горна уста но со помош на мало чаше за ракија и четка за заби си ја правам таа големина што ја посакувам.
https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK Овде работи Билјана, ја фалат мнг, јас бев готова да ставам но видов една девојка што ја полнела таму и ништо не и се познаваше плус и спласна мнг брзо 3-4 месеци, и пак става сега. не можам да си дозволам по 250 евра на 6 месеци маџимум. и мене ми го пофалија др. Коста но не знам цена.
Во Промоиталиа од прошлата недела имаат нови филери и техника на вризгување со што се продолжува дејството на филерот и се задржува волуменот на усните од 6-9 месеци минимум
Мене ми е многу смешно тоа природно си е природно.Да бидеме реални секогаш и секого природата не наградила.Стварно не ми се јасни тие двојни стандарди, од една страна природно си е природно, од друга страна кога ќе излезат фотографии од некоја позната личност без шминка, ми се гади од коментарите со навредлива содржина што ги читам по македонскиве сајтови . И на многу лепотици од шоу бизнисот се восхитувате, а не знаете дека имаат некаде силикон или филер. Ама тоа е Македонија и кај нас ваквите работи уште не се доволно распространети и се мета на предрасуди.Ако некој сака да си стави, негова работа, нема потреба од скокање. Според мене ако не штети на здравјето и изгледа убаво зошто да не.За филери гледам многу почнале да ставаат, ама некој што вчера бил на курс денес да се учи на мене не би му дала.Не знам дали има некој во Македонија со доволно искуство за да би се решила да ставам. За такви работи мислам дека во Белград е далеку подобро.Исто и за силикони, секоја трета србинка ми се чини има ставено и нормално докториве имаат далеку повеќе искуство со такви работи.Разгледајте по српскиве форуми, сигурно има активни теми на ова прашање.
https://www.facebook.com/Dollips-Macedonia-1028497200513980/?fref=ts за оние кои не се осудуваат да стават силикони , би можеле само за испаѓање да го користат