Женскии ајде помош. Крај на Декември ставив 0.5 на горна усна. Па средина на Февруари ставив уште 0.5. Првата недела се топ баш си ја свиѓав, дали ми беше и отечена од боцкање, ама еве сеа немам ништо како воопшто да не сум се боцнала? Да напоменам пијам многу вода.
Лелеее појма немам. Таа ми е познаничка и ај викам а 9000 платив. А кој е најдобар и кај да идам да се боцнам пак? Џабе фрлени пари
Здраво, кажете добра докторка за филери во Скопје што работи со руска техника? Како ја доби доктор Мина за да закажеш за филер? Јас и на вибер и на инста и пишав но не враќа…
Не препорачувам. Другарка сакаше на горната усна 0.5 мл и ја накривија, изгледаше језиво. Потоа бараше корекција во друга ординација, среќа ја средија. Внимавајте каде одите, во последно слушам се помалку има професионалност во некои ординации.
Isto i jas staviv 1 ml kaj dr bibi rizes na 3 april a veke mi e kako padnat ? Dali vi se ima sluceno ova? Ustata ne mi izgleda voopsto porazlicna
Не се разочарувајте доколку прв пат сте ставиле филер и за брзо време изгледате како да немате ништо, исто ми беше и мене првите 2/3 пати кога ставив, јас дека имам мала уста природно докторката само 0.5 мл ми ставаше за да не мигрира филерот (реално 0.5 е многу малце) и стварно за една или две недели од кога ќе помине отокот како да не сум се ни боцкала. Првичниот резултат дур е потечена устата не е резултатот што треба да го очекуваме и после две недели од кога ќе спласне отокот и филерот ќе легне. Така да не разочарувајте одма, треба време, јас последен пат во јуни се боцкав и од тогаш уште стои филерот, ама пред тоа во рок од 3 години имам аплицирано околу 5 мл вкупно распределено на 0.5 мл на неколку месеци. Исто така битен е и филерот (нормално и докторот) сум приметила дека погустите филери како Teoxane RHA 3 и Cytosial подолго траат.
Читате за филерите? Мафија! Јас до сега само Амалијан ставам. Првиот пат мек Амалијан, понатака тврд ставав. Го фалат дека е ОК, ама јас сакам уште потврдо. Има ли некој со Теоксан да ми каже искуство? Амалијан имам и на лицето Radiesse Washing за ревитализација и генерално задоволна сум од него, ама за на усни ми е некако....два месеци е полн ефект, после полека го снемува. На колку време ставате на усни? П.С....и hifu ако правел некој да пише
Ставив 1мл на устата пред една недела, абе совршена ми беше додека имав оток, сега немам веќе ништо. Иста ми е како претходно. А докторката ми кажа дека работеле само со soft филери. Да ми кажете кои се потврди филери па да побарам каде ставаат од тие.
Прашај кај др. Мина, секакви филери работи, јас лично немам правено уста, ама за третмани за лице одам, мислам дека има и потврди филери, ама да не зборам на памет, најубаво да ја прашаш, мене ми се допаѓа како работи.
Абе не е проблем, јас ќе напраам и во Мк, ама неможам да се враќам на неколку месеци само за филери . Затоа ме интерисираше кои се потврди, да најдам кој работи со такви тука во Гер.