Јас топев филер кај нив (бидејќи беа најевтини тогаш) и потоа и аплицирав филер. Жената која што аплицира филер не е докторка нити има таква слична професија. Работи во МВР и затоа секогаш ја чекаш пред термин и е недостапна. По топењето на филерот, после 2 недели се вратив за да ми аплицира наново филер… поголема болка во мојот живот немам осетено! (Да напоменам дека сум толерантна на болка и не ми е прва апликација на филер) Жената што аплицираше беше во шок зошто толку ме боли… како и да е јас имав трауматично искуство. Се воспостави дека таа болка била од самиот филер кој е користен (нема анестетик во него) а и иглата што се користи (направи споредба на видеата од нивниот инстаграм со видео на друг доктор), дури и шприцот што се користи изгледа поинаку. Се на се не бев задоволна нешто многу и еве сега заради тоа мое “да поминам поевтино” пак ја топам устата и ќе аплицирам филер зошто се мигрираше лошо Живее во Гостивар, треба да го контактираш да ти закаже Тешки далавери прави докторката со филерите. Подалеку од таму Мајка и ќерка се. Ќерката прави нокти а мајката боцка. Притоа мајката работи во МВР и не е докторка… не ти препорачувам да одиш таму. Не секогаш поевтиното е подобро (јас така се зезнав)
Девојки, некоја во скоро време што топела филер кај др. Мартин или во промедика кај др. Мина, може да ми кажете која е цената?
За овој профил ли зборуваш и сигурна ли си дека е така? Пошто ако се претставува како доктор а не е, тоа е сериозно...
Ставив 0.5 мл кај докторка во Битола, презадоволна сум колку природно изгледа, а добив тоа што сакав. Не се познава воопшто дека е правено нешто. И таа беше против да стави 1 мл наеднаш, и ми ја направи како што сакав без волумен во профил само ги помести контурите нагоре и ги изедначи горната и долната усна. Ако не кажев ни дома немаше да заприметат, толку е природно. Инаку ми стави теосиал рха 2, многу мек филер, баш за тенки усни. Ќе ставам пак штом се апсорбира, сакам да помине доволно време за да не мигрира и да остане природен изгледот.