Дали го има некоја од вас пробано на Евелин сјај/серум за полни усни? Нешто како за 5 мин имало разлика по ставањето на тв го рекламира во розе нежна боја е.
Сакам филери. И би си ставила за некоја година, зошто да не? Горната уста ми е тенка и целата фаца многу подобро и пропорционално би изгледала ако ставам филер. Секако нема да изгледам како Мелита и Накова - тоа ќе биде направено со усул и од добар доктор. Плус денес филерите се како шминка, лесно достапни и брзи, без големи ризици и компликации. Има многу примери за лица со филери чии усни изгледаат прекрасно и природно.
Девојки кој става убаво филери? Сакам да ставам ама не знам каде Можете ли да ми препорачате и да ставите слика од убаво пополнети усни Јас оние што ги гледам по инста како патки се
Немам потреба јас од тоа за среќа, природно имам полни усни. На старост можда, пошто се губеле и вовлекувале.
Женски сакам да ве прашам дали некоја од тука има користено балсам од LR, serox lip optimizer се вика?
Да има некоја ептен тенка уста ќе сфатам да сака малку да има волумен, ама модава сега секоја втора како задник на горила што изгледа воопшто не ми се допаѓа. Усните колку пола од фацата, вештачки клепки и нокти. Па не знам како толку унаказено и големо може да помислат дека им е убаво на некој. Поддржувам да стави некоја со ептен тенка усна, се додека е во граница на нормала. Се знае што е природно и убаво, а што ејј сакам да сум старлета.
^^ А зошто да не? Ако некој сака да смени нешто во изгледот и има можност слободно нека си става што сака.
А зошто Не? Ако не сум задоволна од нешто мое на себе , зошто не би го променила кога веќе имам можности
Не го спомнав во негативен контекст. Чисто ете ме интересира по која причина би сакале да имате големи усни...
Не би ставила, лично ретко кај која ми се допаѓа крајниот ефект, ептен ако ја правеле кај некој стручен во работата и со усул да е направена ама 90% не ми се допаѓа како изгледа, толку вештачко и неприродно... Ова ми се допаѓа. Ова е тоа за кое зборам дека не ми се допаѓа... Ама немам против да си ставаат луѓето ако им е желба, мора и пластично - естетската хирургија да опстојува.
Не знам како очекуваш ова да го сфатам?! Ако си ставила ти твој избор. Па се водат по некои моди, ако им е Ким идол на пример, се ќе сакаат да им биде големо. Не знам само кој ќе сака да лапа силикони?! На кој му е тој фејкерај привлечен?! Мислам дека самодовербата кај некои е премногу ниска, па вака со три рала муцки супер им е се физички, ама психички исто им е.