Здраво. Дали некој имал искуство со зголемување на градите на Универзитетската клиника во Скопје, како се движат цените, конкретно кој доктор би ми го препорачале, како оди целата процедура на кратко, ако може некој да оддели малку од своето време и да ми одговори. Фала
Никогаш не би ставила силиконски гради, немам потреба од тоа, а и не ми се допаѓа, премногу вештачки ми е.
Јас сакам да правам естетика т.е подигнување и зголемување ама со сопствено ткиво. Не знам дали има кај нас таков специјалист. Доколку знаете ве молам за препорака ( може да е и од соседството)
Јас имам мали гради, да не речам скоро и да ги нема Но си ги сакам такви какви што се, не би ставила силикон.
Која е цената на силиконски гради дали знае некоја дали постои ризик вп смисла да пукни силиконот да се искомплицира нешто и после колку време треба да се заменат или извадат
Да пукне силиконот мислам дека не е толку често. Почесто е стегнувањето на мускулатурата околу силиконот. И ќе ја држи градата високо до врат. Знам дека се случува бидејќи е туѓо тело и организмот го одбива. Исто така знам многу случаи каде после ги извадиле силиконите, поради намалувањето на имуниот систем. Не знам, ако е нешто што толку штети на твојата самодоверба, сфаќам. Но, првин пробај да се засакаш самата себе. Тоа ем не кошта пари, ем не кошта на здрвје. Мислам дека има доста видеа на јутуб и пластични хирурзи кои би ти дале постручно мислење од мене.
Верувај подобро од природно нема Не знам зошто некој е во филм дека преголеми гради се во мода , а едвај се дише со толкави .. Јас можам да сватам ако некоја после доењето и се уништени градите да сака да и се изврши хирушка интервенција ,ама вака .. Сум разговарала со мн машки и 95% ми кажале дека сакаат помали гради , отколку преголеми гради спуштени до попокот ...
А кој има пишано дека некој сака преголеми гради?!?! Силикони не значи и балони. Друга работа, нивен живот. Не твој.
Мене ми се мали, интересно беше кога беа некој број поголеми за време бременост и доење и си мислев така ке остане ама толку од радоста, се вратија во претходната димензија Имав некои помисли порано за импланти ама знам дека не би се осмелила. Сега мислењето ми е друго и си ги сакам такви. Сепак секој со своите желби.
Поголеми гради не е исто со преголеми гради. Има девојки кои скоро и да немаат гради, па тоа им е комплекс. Не се сакаат такви и готово. Зошто да не го сменат тоа ако ги прави посреќни? Од здравствен аспект, медицината и материјалите се напредни.
Ок , грешка моја наместо поголеми напишав преголеми , ептен е ретко да видам некоја со толку мали , иако машките мене ми рекле дека сакаат природни и помали , отколку олабавени и спуштени и итн . Па за силиконите никој до сега не ми рекол дека сака и итн. Јас и давам совет на членката дека природно е подобро во секој случај , не и забранав нешто или било што во секој случај погрешно си ме разбрала Фала богу нејзин живот нејзина одлука , само излезе муабетот како јас да и забранвам Не е ни твој! На членката и се обратив не тебе!