Имам за давање големи гради дури , си ги сакам , иако не сум секогаш раат во барањето совршен градник, ама ако би ги немала толкави сепак никогаш не би ставила силикон . Вештачки, и што? Само ми личат на надуени балони, и воопшто не ми се убави. Барем сите кои ги гледам имаат силикони, веднаш се познаваат дека не им се природни. Бог како не надарил, така, треба да си се сакаме.
Ако тоа ќе ти ја зголеми самодовербата, зошто да не ставиш силикони!!! Ама имај на памет дека ови нашиве хирурзи уште се учат, па не верувам дека сакаш да бидеш нечие експериментелно глувче, и дека ако ставиш силикони ќе треба да го смениш по отприлика 5 години!!!
само кога ќе погледнам каква е операцијата за вметнување вештачки имплант...... страшно нешто.За убавина не се согласувам , а за оние кои навистина имаат проблем, пример разлика во големина или не дајбоже отстранети поради болест, тогаш мислам дека е о.к да се стави силикон.
Немам ништо против силиконите, но јас лично не би ставила, затоа што имам дури и повеќе од доволно! Ми се допаѓаат силиконските гради на Елена Велеска.
Јас немам ништо против силиконските гради,дури и би ставила затоа што имам мали гради и поради тоа не се чувствувам убаво.Инаку кај личи женско без гради... се знае истакнати гради,задник,убаво струкче... се имам само гради немам
Немам ништо против силикони,но јас лично не би ставила задоволна сум од градите што ги имам а задоволен е и мојот дечко.Нема потреба од нешто такво а не ги ни осудувам другите кои сакаат.
Tocno isto i so mene...imam zadnik struk ...ama gradi nemam..abe imam da si stavam gradi duri moze da gi istaknam ama ne e toa toa...sakam sredni gradi a ne ovolku mali...pa zatoa bi stvaila silikoni no vo epten normalni granici ne bi sakala da imam nadueni baloni pozz [mod-kirilica:3rwi89u5][/mod-kirilica:3rwi89u5]
Немам ништо против силиконските гради,ама повеќе ги оправдувам девојкките што имат потреба и ги ставаат.Јас лични имам средна големина на гради,ама ми се убави и никогаш не би ставила силикони .
никад-многу си ги сакам моите златна средина не се надуени балони ниту малечки , баш се убаво оформени , ма не ги менувам за ништо ! а газето некако ми е малечко ...е таму може
Мене не ми требаат искрено си имам таман гради што ми одговарат со телото и супер си се, ни мали ни пак ептен големи ...... Иначе кој сака нека си става тоа е негова работа. Јас знам дека и да ми биле помали и да сум била незадоволна, сепак не би ставила пошто скоро секој ден даваат емисии за операции за силикони и така ми е језиво
можеби некогаш би ставила ама од здраствени причини недај божа да дојде до тоа,иако имам премали да не кажам гради не би ставила силикони природно си е природно какви и да се мои си се си ги сакам
Не би се осудила на таков чекор. Си го сакам своето тело такво какво што ми е... нема никогаш да посегнам по пластични хирургија, освен ако имам здравствени потреби, не дај Боже.
Pa mene mi se taka po golemki gradite taka da za silikoni ne ni razmisljuvam, ali ako nekoj zaradi zdravstveni pricini ii estetski saka da stavi ok e ali da se ima merka vo se [mod-kirilica:16ihes9j][/mod-kirilica:16ihes9j]
Ни случајно не би ставила,немам ништо против девојките што ставаат,ама мене лично ми се свиѓаат многу девојки со мали стегнати гради...моите и не се баш мали,не се ни големи додуша,85-90-ка,ама висока сум,така да таман ми се и секогаш кога можам да не облечам прслук,не облекувам за да ми бидат помали
А знае некој искуство (од близок) што ставил силикони во Бугарија (пошто претпоставувам дека тоа е најблиската земја каде што се колку-толку постручни од нашиве касапи и ваљда таму и одат турбо-фолк ѕвездиве наши)? Јас сум за, не поради големината, туку поради формата пред се, а се разбира, екстремно големи гради воопшто не почитувам, ама онака средна големина, баш ми е ок и баш прекрасно ми изгледа, без разлика дали девојка во 20тите години или повозрасна жена која онака си е стегната и одржана. Тоа е сеуште некакво табу кај нас, зошто на пример ги кубеме веѓите, зошто се грижиме за обликот и изгледот на телото? Зошто ја кратиме косата? Ако гледаме така, зошто го правиме сето тоа, се ќе се сведи на неколку работи - поради поголема привлечност (некој ќе рече и за да се чувствува подобро - но зошто? затоа што ние сме следени и гледани од околината, затоа ни е потребно тоа чувство на самодоверба). Значи сето тоа, последично ќе се сведи на главната причина - поради естетски причини ги правиме сите тие работи. Јас така ги гледам и силиконите. Никој не се родил совршен и секој на денешницава има можност да си „преправи“ се поради што не се чувствува добро. А исто така и секој има право да си одлучи до кој степен ќе оди и се разбира да земи во предвид што е глобално естетски, затоа што сведоци сме на огромните одвратни силиконски гради или муцки. Затоа, пак ќе речам, никој нема право да суди за никој
Јас дефинитивни одамна размислувам да ставам силикони и кога ќе бидам во можност ќе го сторам тоа. Баш пред некое време од факултет присуствував и на оперативната постапка за поставување на силиконите па дури и ги фатив квалитетно да видам какви се на допир градите по поставувањето. За изглед немам збор, значи по мое изгледаат совршено ( девојката инплантираше нормална големина, не беа одвратно големи), е сега на допир...не бев баш задоволна, се осеќа дека има инплант, нешто слично како надуен балон да фаќаш. Сепак желба си е желба, и се надевам дека за брзо ќе си ја остварам
Не е убаво девојка со многу мали гради, ама па и импланти со ненормална големина изгледаат одвратно. Јас си имам среќа што господ природно ме надарил, па немам потреба од такво нешто. Сепак ги подржувам тие што сакаат да стават, како и да е девојка без цицки, како зима без снег
Јас никогаш не би ставила какви се такви се мои си се и природни се. А за други што сакаат да прават би им дала поддршка ако тоа си го сметаат за комплекс со кој неможат да живеат бидејќи тоа би им ја зголемило самодовербата која е важна ите како во животот . Ако после тоа би биле среќни и насмеани зошто да не а не поддржувам како на пример една другарка моја ми кажуваше дека дечко и кога ќе видел некоја со големи гради и викал :- леле сонце твоите да беа онолкави (и тоа не како на шала туку сериозно ) и затоа таа почнала да размислува за операција И кажав дека воопшто не ја поддржувам и и ја извлеков таа глупава идеја од главата сега скарани се ...па нормално која би била со таков човек ...