сега читав во едно списание дека наместо да вградуваат силикони ,страни тела во организмот,имале нови начини од вашите матични клетки да извадат од организмот и да ги вбризгаат со инекција во градите и за 32 матични клетки по 4 цм растеле градите ,тоа сакаат да го напраат и за зголемување на задникот ама уште не е проучено до крај ..тоа кошта 26000 евра во европа а во јапонија достигнува најмн до 6000 евра
Ако би била пеачка или некоја така пославна личност во Македонија, тогаш силиконите би ми носеле и пари, па зошто да не ставам ако имам некој профит? Додека вака кога живеам обичен живот не знам зошто би ми биле силиконски гради? Ке биде само џабе лупање пари и не би се чувствувала удобно со нешто неприродно на мене, нешто што не е мое.
незнам што да се случи на светов, НЕМА да ставам силиконски гради, оти од силиконот само рак на дојките можам да добијам(ппп скраја да е)
Сега за сега не би ставала, затоа што мислам дека немам потреба, задоволна сум од изгледот и големината на моите гради. Но, никогаш не вели никогаш. Не се знае.
да бе сите овие со силиконите гледам рак имаат пред умирање се..... . eve link за една таква особа што подлегнала на такбва операција па сега градите неможе да прекинат да и растат , инаку се работи за полипропиленски инекции http://www.tocka.com.mk/index6.php?ID=40956
Немам некои многу малечки гради но би ставила силикони ама да ми ги направи некој што стварно се разбира од таа работа затоа што знам дека се добива и рак на дојката. Сега засега немам толку пари за таков луксуз ако можи да се кажи можеби за некоја година
Немам мали гради, но ако не ми пораснат уште малку би си ставила! Сакам да имам поголеми гради, па дури и тоа да бидат силиконски!
Другарка ставаше силикони тука во МК во Ре Медика кај Др. Огнен Даскалов според мене тој е најдобар кај нас а градите и се прекраснииииииии плати 3000 евра али за се вкупно инаку и јас не сум против и сакам да ставам али нормални топчиња не преголеми
Не сум против,дури понекогаш ме фаќа мерак да си ставам , но кога ќе размислам подлабоко немам храброст тоа да го сторам Што знам,цело време ќе се чувствувам чудно и ќе мислам дека во секој момент ќе ми прснат
3000 полнети со злато нели ? ц.ц.ц цениве а рок и кажаа или бесмртни . Ама ако подразмислам може исплатливо е и онака ќе им ги оставам во наследство на ќерките , внуките поколенија ќе ги носат . За спомен и долго сеќавање
Еми ако не ми пораснат уште малку..зошто да не..ако се има пара би ставила...зар цел живот да носам 75
Јас мислам деа не ќе имам потреба да ставам силикони Уште сега носам 80-85, а кога ќе пораснам којзнае што ќе биде, чувај боже .Ама па и со големи гради не е лесно . Подржувам за тој што сака да си стави, негов живот си, ако така се чуствува посамоуверено, или ако комплекс му е затоа што има мали гради зошто да не. Право на избор, јас на пример никогаш не би ставила (и да имам мали гради), не сакам ништо вештачко во себе.
Имам доста големи гради. Носам 80-85, и некогаш дури и ми сметаат. Силикони не би ставила ,зошто немам потреба, ама би ги затегнала ако ми опаднат после доење и така натака.
Тие се повеќе за девојки без самодоверба, 75-80 градник и не е доволно па што треба 100тка? Има девојки 70 што не можат да наполнат а зрачат од самодоверба и енергија.
Ајде бе ,катастрофи ,од Месечина се познаваат дека се фејк ! Одвратни ми се Би ставила едино во случај на ампутација на дојка ,јбг ,инаку - ни под разно.
Не би ставила, немам потреба. Но оние кои сакаат големи гради, а немаат зошто да не стават доколку имаат средства и голема желба за тоа.