Имам мали гради и никогаш не би ставила силикони, јас сум за природното, какви што Господ не дал. Природно си е природно! А и кој рече дека жените со мали гради не се убави? Кога некој ме гледа сакам да ме гледа во лицето, а не во градите...
Можеби дека немам мали гради и ова не претставува болна тема за мене па не ги подржувам оние кои ставаат силикони. Сепак природно, си е природно. Секој нека си се прифати и започне да се сака таков каков што си е. Ако оној кој имал мали гради стави силикони на градите, оној кој имал мала уста стави на устата, оној пак кој сакал поголем задник стави импланти и што ќе стане ова. Сите ќе сме исти и нема да се разликуваме. Не сум за силиконите и за ништо што е вештачко. Сваќам кога некој си прави пластична операција на нос бидејќи му е стварно крив или нешто му бил скршен па има проблеми, или пак пластична операција на ушите кога навистина има потреба. Но вакви пластични операции како што се силикони, миликони и слично ми се ептен како од лигавеш, и сметам дека сето тоа е недостаток на самодоверба па така сакат да си лечат комплекси.
Немам потреба од тоа, а и кога би имала мислам дека нема да ставам Какви ми дал Бог такви нека се! А и зошто обична девојка како мене да ставе силиконски гради Сваќам еве пејачка била или некоја друга позната личност па еве сакала да ставе ама обична девојка ! А и сигурно не е толку добро да ги имаш, секој ден читаме што им се случува на девојки што веќе ги имат. Позз
Уффф огромна желба ми е да ставам силикони, не за да се прчам, но едната града ми е мнооогу помала од другата и ептен се приметува, без прслук никако, а кога сме кај прслукот и тоа ми е проблем... кога би ми биле исти, макар и мали
Јас мислам дека ако некој се чувствува неубаво заради големината на градите, нема причина зошто да не си стави силикони. Па секоја жена сака да се чувствува женствено и секси со своето тело... Лесно е да се каже НЕ на силиконите и пластичните операции од тој вид кога се има природно големи гради (или барем нормална средна големина). Има жени кои се сроз рамни и кои нормално го сметаат тоа како недостаток на своето тело, штом има начин да го поправат тоа - нема причина за дискусија и осуда на тие жени.
Читам и ви завидувам (позитивно, секако ) на сите тие кои си имале големи гради... И јас сакам!! Ми се смачи да ги барам низ прслукот. Спојлер Да не ми ги фаќа веќе дечко ми градната коска и ребрата!! Да фати нешто "мрсно", а не вака! шмрц шмрц
Јас би сакал да ставам силиконски гради...Моите се мали и мислам дека лично јас би се 4увствувала подобро ако ми се малку поголеми градите..Секако ако се одлучам некогаш да ставам силикони нема да бидат тоа најголеми сакам нешти поскромно... Чисто онака јас да си бидам тип топ
Сум се изјаснила на други теми дека сум задоволна со големината на моите гради, едноставно кога би ми биле поголеми не би ми одговарале на конструкцијата. Иако женска работа секогаш сака повеќе, и искрено размислувам некогаш во иднина откако ќе завршам со раѓање деца да си легнам под нож . Од доење ќе ми свиснат ваљда, и ќе ми ги стегнат и малце од тоа силикончето да ми додадат, ама само малце нејќам од авион да се гледа дека ми се силикони, туку малкуцка, природни да ми изгледаат. Петко нема проблем со големината, задоволен е, таман има да си го наполни рачето, добро и не баш да го наполни туку онака нормално да има што да фати, не се само брадавици таман работа. Ама па чудна работа мајка ми носи пслук 85-90, а јас јадно 70-75-80, дефинитивно сум на тато метната .
Не би ставала силикони си ги сакам онакви како што се ! Дури и мали ако ми бида нема шанси пак да ставам силикони Спојлер многу ми е страв од ставање силикони незнам why?
Јас сум слаба и имам мали гради и што сега да се фрлам да не треба . Слаба девојка со големи гради не бива. Немам ништо против пластични операции и да би ставила некогаш ако ми се зголеми желбата за поголеми. И да ми рече некој/а дека ми се мали градите, одма има одговор кој гласи а имаш ти манекенско тело видено со големи глупак/чка
Јас лично не би ставила силиконски гради. Можеби не сум Памела Андерсон, но сепак сум задоволна со природната големина. Не ги судам оние кои имаат ставено силикони (се додека тоа изгледа ок). За секој производ има потрошувач. Доколку на некој градите, односно, немањето гради му претставува комплекс не гледам зошто не би го елиминирал тој комплекс со ставање на силикони.
Не би ставила силиконски гради, бидејќи немам потреба. Задоволна сум од моите гради. Но сепак и да имав помали гради не би се осмелила да го направам тој чекор заради стравот кој го имам од операции, игли итн. Оние кои имаат желба да стават силиконски гради, ги поддржувам во реализирањето. Со самата операција би се ослободиле од комплексот што го имаат. Ама сепак, според мене природно си е природно. Но кога природата не дала, зошто да не се искористи можноста за големи гради.
Најубава, бројката што ја кажвиш нема врска со големина на градите, него со обемот на градниот кош. Тоа што мајкати носи 85-90 значи дека е поширока во обем на градниот кош од тебе. Големината на градите се определува со корпа А, Б, Ц, Д, Е, Ф итн... Кај нас ретко кој од женскиве знае точно да ја определи големината па слушам сите викаат носам 75-80... шо нема врска, ама најмногу криви за тоа се кинескиве прслуци шо не преплавија па и тие погрешно ги презентирет големините. Додека кај долен веш марка тоа го нема. Еве пр отвори на официјалната страна од лиска имаш калкулатор и врз основа на твои димензии можиш да си пресметаш која големина носш на градник. Чисто онака, за купвење кога ќе ти треба... Инаку за темата... Не сум за, од причина што големината ми е таман, средни, прилагодени на градбата. Али не сум ни против силикони, да речиме за 10тина години одсега, се е можно по раѓање на деца, па зошо да не бидам одржана мамичка
На некои луѓе физичкиот изглед знае да им создаде многу комплекси и ниска самодоверба, така што немам ништо против таквите пластични операции. Ако некоја девојка не е задоволна од изгледот, нејзино право е дали ќе преземе ваков чекор. За мене ставање на силиконски гради е исто како и операција на нос, брада, уши и секој друг хируршки зафат кој не е пресуден за здравјето, туку за надворешниот изглед на пациентот. Јас лично не би ставала, доволна ми е 85ка
Како што почнаа да даваат дешавки со силикониве у последно време, ми се згади што ги слушав па фали уште да го ставам тоа у гради Не се можеби големи, ама доволно ми е 80ка