Навистина, и големината е проблем, но јас сега имам C корпа, па замисли во каква ситуација сум била :'(. Убаво изгледаат, ми се чини поубаво од природните (можеби затоа што се мои) и се надевам дека долго време нема да „паднат“.
Најголема желба ми е силикони на гради и на задник Незнам кое која цена е, ама уфф, многу јако изгледа... Еднаш се живее бе луѓе , зашто да не си ги корегираме недостатоците... Прва прилика да имам пари одма ставам...Само незнам за доење како е со силикони
Подобро и поубаво од природно нема. Правете се пластики,никој не ви забранува. Но градите изгледаат само убаво но кога ќе ги фатиш ко тврдо нешто да фаќаш а и не се тресат туку стојат во место. Јас не гледам ништо привлечно во тоа,ниту пак во задникот. Ова се само пари зимање од оние кои имаат низок левел на самодоверба. А и воопшто не е здраво,можат да настанат многу компликации. Јас не би се одлучила за таков чекор. Никогаш
Другарка ми стави пред месец дена, 3700 фунти ја кошташе операцијата, во Лондон ја правеше. Таа е презадоволна, нејзе не и се многу големи ама многу убаво изгледа, форма, затегнатост. И мене ме фати мерак од неа, онака дека често ја гледам и ме навлече И да имате големи гради не е исто, ова многу поубаво изгледа, не треба ни градник да се носи дури, ептен убава форма, абе сепак операција си е операција. Јас мислев дека никогаш не би ставала, имам јас не ми требаат, ама никогаш не вели никогаш, ете кога гледам почнува натаму да ми иде паметот..
Не е точно дека имплантите треба да се менуваат, имаат доживотна гаранција. Најчеста причина за нивна промена после неколку години е по сопствена желба за промена на обликот или големината. И да, не е точно ни дека се тврди Тоа е само во првите 3-4 месеци додека не спадне отокот, потоа на допир се меки. Тоа со тврди и пластични гради било на времето, со првите импланти кои биле произведени, сега не е така. Се што ве интересира на оваа тема можете да дознаете на линкот во мојот потпис, споделени искуства и слики.
јас ја правев мојата операција во 2011 година кај доктор dr. cyrus bachtiari во Дортмунд еден од најдобрите пластични хирурзи имав да бирам имплантани во форма на топка,или капка, јас сакав поприродно да изгледаат па одбрав капка форма, понудено ми беше засек на пупка или пак засек на града од оздола од страв да не се деформираат пупките да се прошират одбрав опција засек под града од 70А сега носам 90Б одлично се осекам немам никакви потешкотии, не се ни заприметуваат не се тврди како што викате тоа се случуваше во пост оперативниот период што мислам дека е нормално. доколку некоја е заинтересирана ке и дадам контакт од докторот во лп
И колку те чинеше тоа задоволство? Не дека имам мали ама ги сакам поподигнати и постегнати затоа баш ме интересира од лично искуство
И колку те чинеше тоа задоволство? Не дека имам мали ама ги сакам поподигнати и постегнати затоа баш ме интересира од лично искуство[/quote] Стационар 2 дена самата операција и пост оперативни трошоци се на се 3 500 евра
Во Србија, кај добар хирург има и за помала сума, подигнување (се прави со импланти), доколку хирургот смета дека има вишок кожа тогаш се прави и затегнување (во најголем дел од случаите не е потребно) т.д. може да те чини од 2400 до 3500 еура, во зависност од тоа што ќе се прави.
Јас сум ЗА , посебно кога ќе имам дете нели од доењето паѓаат градите што и не мора да значи, ама поубаво е кога ќе ти бидат во форма и убави кренати и стегнати
Кој ве лажел дека се доживотни? Докторот? Силиконот сам по себе има неограничен рок на траење, ама тоа не значи дека имплатанот ќе биде вечен, тоа се две различни работи. Затоа често се случува да пукнат, да истечат, да се изобличат, па да треба повторно операција. Дали ќе бидете во можност и тогаш да си ја покриете операцијата и дали ќе биде ист ефектот, мислете му ја. Стварно наивни сте да ви кажам. Кога читам кои глупости ги пишувате на некои теми си се чудам на паметов како уште пишувам на форумов. Хелоу силикон, хелоу ризик од канцер. Запрашајте се како оди тој процес подоцна за промена, покрај трајноста на силиконот. Не знам дали знаете дека нема да можете мамограм да правите, туку само ехо, а ехо не е доволно за да се согледаат промените на ткивата. И само одете со помислата - мене тоа нема да ми се случи, особено во ова време кога тие случаи се во пораст.
Пред се сакам природен изглед,а потоа следат и последиците од силиконите. Немој да мислите дека ако ставите силиконски гради и момците ќе се спотрчаат по вас и тие гледаат девојката да им биде што по природно убава,без вештачење. Јас лично сум задоволна од себе и нема потреба да ставам силикони никаде. Подобро не ризикувајте,не се ставајте под нож.Големи,мали,вакви,такви гради-ваши се и наместо цело време да се обвинувате,гордејте се со себе.
Секој има свое мислење и свој став и сето тоа е за почитување. А за доживотноста на имплантот, фирмата која го произведува дава доживотна гаранција и замена доколку се случи било какво физичко оштетување; и во рок од 10 години ги покрива трошоците за операција. Мамографија може да се прави без проблем, како и ехо. Има 1001 причина за да се стават импланти, секој си ја знае својата...
Ајде малку ти доедуцирај се па врати се со фактите. Јас туѓите причини или подруго наречени комплекси, не ги почитувам. Пластичните операции ми се едни од показателите колку некои луѓе се насочени кон физичкиот дел на постоењето, но не и духовниот. Ќе даде 3500 е за гради, а нема да даде за образование. Комплексот секако ќе си остане. Знаеш како се прави мамографија? Ај те молам стави го тој имплантант во таа штипката и очекувај да го направи тенок 1 сантим без ништо да му се случи. Никој не прави мамографија на имплантант. А башка што не зборам на памет, бев на предавање силом прилике на една докторка која јасно и гласно го кажа тоа и ги кажа сите можни ризици кои ги напишав. И да, не беше пластичен хирург. Секако дека пластичниот хирург нема да ти го каже ова, а и фирмата која ги произведува. Малку погледни ги статистиките што кажуваат од независни извори па ќе ти стане јасно. Види го просекот кај кого доцна се открива болест и види кој најчесто фаќа дисплазија, кои жени порано престануваат да си ги дојат децата во име на својата лепота и покрај бенефитите на доењето и види ги и другите причини,па повели врати се. Ама 10 години се сасвим доволно за да се упеца маж, после сеедно е какви ќе бидат. Не бе, фасцинантно ми е како жените се подложни на лаги и манипулации и колку се силни нивните комплекси до степен да се убедат во очигледни лаги, место да работат во друг поглед со себе си... Ама добро, еве сега читам ти веќе си ставила, па јасно е дека ќе бараш повеќе оправдувања и потврдувања...
Па би сакала малку поголеми да имам, ама да си го изгубам здравјето за глупости не би, сепак си ги сакам вакви какви што се. Така да не!
Не е точно.Имплантите од компанијата Ментор кои што се користат и во Србија и секаде имаат доживотна гаранција,чип за доживотна гаранција и доживотна полиса за замена.Компанијата Ментор е лидер во производството и дистрибуција на медицински производи во повеќе од 60 земји насекаде во светот.Имплантите со гел се заштитени со четирислојна обвивка која е текстурирана и нема никаква опасност од истекување на гелот.Познати личности кои ја довериле својата доверба на Ментор се: Pamela Anderson, Jordan, Jessica Simpson,Christina Aguilera, Britney Spears, Цеца Ражнатович, Lindsay Lohan. А може и мамограм да се прави затоа што имплантот се става под градниот мускул(субмускулно).Потешко е да се утврди,не викам не,се слика од неколку различни агли на дојката за да се добие вистинската слика.