Јас не сакам пластика или се што е вештачко. Природно не создале и такви треба да останеме. Никогаш не сум размислувала дали ми е потребно нешто плус за да се разубавам. Мислам дека девојките се одлучуваат на ваков чекор поради намалена самодоверба, поради тоа што не се природно убави или не се задоволни од своето тело. Тоа е психички проблем кој е тешко да се надмине во денешно време...
имам гледано многу емисии за пластични операции и според тоа што го кажуваат,освен ако не напреднала медицината не знам,силиконите треба да се сменат на секои 10 години,но огромен е процентот на жени што ги менуваат побрзо поради компликации.инаку сум за силикони се разбира некој понормален и поприроден изглед.би одбрала силикон не салин.
Kaков што си роден,таков и остани си,таков требало да бидеш,ако пробуваме да се смениме на било каков начин тогаш ќе станеме некој друг,не сме веќе ние. За вакви пластики-големо не.
^Имам слушано за еден спроти државна болница има негова приватна. премногу добар бил дури од америка имал пациенти кои биле унаказени таму од доктори на црно. исто имал и доживотна гаранција за градите. ако си заинтересирана да побарам и бројче ако сакаш?
Немам против силиконски гради. Ако мислев дека имам потреба, ќе си ставев Затоа некој многу попаметен од нас му текнало да измисли таква работа и да ја усоврши за ние женчињата да си бидеме среќни Не би рекла дека разумно зголемени гради изгледаат вештачки, али и да и изгледаат тоа не е репер дали да се стават или не...се ставаат затоа што или сакаш или имаш потреба и мораш.
Би ставила,зошто да не! Секако разумна големина која ќе одговара на моето тело,а не балони како што претеруваат некои.Да изгледа убаво,секси и што е можно поприродно
Јас имам големина на гради од која сум задоволна. Не би менувала ама баш ништо. Супер сум вака. А и онака , никогаш не би ставила силиконски гради. Многу мрзам.
Аууу никогашш!!!Јас имам помали гради и сум задоволна. Воопшто не изгледаат убаво и привлечно големи гради,а да те направат како 50 годишна жена тоа може( кога ќе се слечат надолу ниеден градник не ги држи и изгледа мн старолико) а доколку пак помалите гради на старост во горниот дел на деколтето ќе те прават како тинејџерка,и се ќе можеш да облечеш и градите ќе ти бидат на место.Само му е мајката еден убав градник и тоа,а силикони не идат во предвид!
Градите ми се одлични, но во случај на нужна операција ( рак на дојка или нз што), кога би морала би ставила.
No, no, no Многу сум против ваквите работи. Какво е такво е, природно си е природно Јас сум задоволна од моите гради, таман ми се.
Јас не би ставила силикони на мене, моите ми се супер а и да не ми се никогаш не би ставила многу ми се пластични и ми изгледаат вештачко.
Zdravo na site, dobro vi utro. Jas sum reshena da stavam silikonski implanti. E sega sakav da ve prasham dali nekoj ima nekoe iskustvo so doktorite kaj nas. Bev na konsultacija kaj Dr. Daskalov, Dr Mostrov i Dr. Dzonov. Site trojca vo razlicna ustanova, i potencirano deka ovie trojca se najdobri vo nashata drzava. Ama sepak e mnogu tesko da se odlucam zatoa sto mnogu retko se stapuva vo kontakt so zeni koi kaj istive se odlucile za vakva intervencija. Bi sakala da dobijam pomos, informacija, glasini, se e dobredojdeno vo mojata odluka Fala viiiii