Zdravo mi docneshe 3dena i koga mislev 4ot den da napravam test mi dojde no mnogu minimalno i mi trashe 3 dena dali sum bremena ili ima drugo neshto tuka? I da prasham mozham li sega da go napravam testot
Мене ми се случува неколку дена еве пред добивање да ме боли како за менстуација знаете тие тапа болки во половината градите и долниот дел ама мене претежно кога ми идело ме болело и ѓи доаѓало а сега ме боли неколку секунди и ме пушта такс повеќе пати во денот ми касни 3 дена а со мм се обидуваме 3 месеци за бебушко, а исто требаше да добијам
Zdravo, Imam bolki bo dolniot del na stomakot isto kako koga dobivam ciklus i me tera mnogu da jadam. Mozno li e da sum bremena iako uste nemam dobieno a treba da dobijam uste 5 dena?
Ова е тема за буквално вашите најнајнајрани симпотми, значи пред изостанокот на менструанцијата, пред потврдата со тест Многу ми се интересни овие приказни, на јутуб се изнагледав различни приказни, па и на нет се изначитав. Обично се чуствуваат симптоми после една недела (болки во стомакот и долниот дел од грбот, замор, подуеност и болка во градите, нерасположеност, чувство на гадење итн итн) на 7-от или 10-от ден од зачнувањето. Но ете слушнав приказни каде што некој девојки едноставно знаеле дури после 3тиот ден (кога апла нешто нетипично за нив се случува пример наеднаш преголем умор, а девојката е енергична и хиперактивна 90 посто од времето, или болки во долниот абдомен а скоро никогаш немала болки дури ни во менструацијата итн итн) а некои други мнг мнг покасно. Сепак колку што прочитав овие симптоми на мнг рана бременост не се нешто типично и едноставно не може да се потврди ништо бидејќи мора да помине барем недела за да може да има позитивен/негативен резултат на тестот (при што не мора да е точен, најдобро да се чека до датата кога обично добивате)
Мене пред да ми закасни и пред да направам тест почнав да имам осетливи брадавици значи буквално неможев да се итуширам ај си реков од работа што сум цел ден по прслук ми е потоа почна да ми фаќа креч десна нога-имам повреда и за првата и ега оваа бременост имам болки во десна нога...Како деновите поминуваа почнуваа градите повеќе и повеќе да ме болат па потоа заклучив дека изгледа сум заради тоа што каде што ќе се фатев на градата каде има болка се појавуваа жлезди... По 4 дена по доцнење позитивен тест.... Мајка ми мене ми е чудно ама сепак таа си го знае телото 3 дена после имала симптоми буквално значи и половина и стомак и повраќање и осетливи гради....си викам можеби затоа што организмот и е поосетлив па затоа ги имала од мн мн рано....На ехо одела 3та недела од менст ништо не се покажувало нормално за по 1 месец да се појави бременост ... Сепак сето е индивидуално може некоја и бремена да е да нема никакви симптоми до крај на бременост...
Мене градите ме болеа и ми беа подуени и имав благи болки во долниот дел од стомакот, знаев дека сум бремена уште пред да ми закасни и пред да направам тест. И сега ги имам болките во долниот дел од стомакот и се надевам дека сум бремена, ама има уште некој ден за тест, а во градите не чувствувам ништо, амасеуште дојам.
Јас 5, 6 дена пред да добијам заприметив премногу често одење во wc. Но си помислив ај можеби ми има достудено и сум настината. По ден, два се чувствував ептен изморена, постојано спиев мислам. А градите ме болеа стандард како пред циклус, и половината ме болеше исто како пред добивање. Помислив на бременост, но мислев не е можно бидејќи останав од прв обид бремена. Следниот ден симтомите од претходно си беа уште присутни и решив да направам тест за рана детекција на бременост, бидејќи имаше уште 4 дена за да добијам. Испадна позитивен, па потоанна еден доцнење преку крв испитав и тоа е тоа. После веќе следуваше уште една недела само гадење. Сега сум супер
Strasno mi se spiese, pocnav tesko da vozam kola nemav dovolno koncentracija od so bukvalno mi pagaja ocite za spienje.
Многу осетливи и тешки гради, благи болки во стомакот, екстремно нервозен пмс со hot flashes, не можев до воздух да дојдам во затворен простор од жештини. До душа и септември беше ама пак, така не ми било. Но, нервозата ја памтам.
Ги имав истите симптоми како за добивање циклус па затоа ни на крај памет не ми падна дека е можно да сум бремена, и цело време си чекав циклус, дури имав и црвенкаст исцедок реков тоа е тоа конечно добив ама остана на тоа, после ми каснеше па така направив тест и дознав.
Скоро исти симптоми како за добивање циклус , едино што приметив уцрвенети образи баш ми беше чудно што така одеднаш се вжарувам во лице
Пет дена пред терминот за менструација имав крварење кое беше во еден наврат и толку (било имплантациско), а паралелно ме болеа градите од ден на ден се повеќе, одвај одев по скали Па денот кога требаше да добијам направив тест, испадна позитивен, и така...
Беше интересно све си мислев дека ќе ми дојде имав менструални болки,ми беше чудно осеќав подуеност во стомакот се си мислев нешто сум каснала неубаво и си имам секако низок притисок и ми се вртеше по малу ама мислев дека е од топлото време,никогаш не добивав редовно стално ми каснело недела две па и тогаш не ми беше чудно додека не решив да купам тест и тоа на зезајње па покажа позитивен и тоа втората цртичка беше црвена жар како и првата па кога отидов на гинеколог сум била веќе 8 ма недела немав други симптоми како гадење и повраќање
Мене телото отсекогаш ми било како швајцарски саат, немало утка. Затоа одма знаев дека сум бремена. И секогаш сум викала дека јас кога ќе бидам бремена одма ќе знам. Мене најпрво ми почнаа симптоми со болни и подуени гради. Тоа ми се случувало секогаш 2,3 дена пред циклус. Сега ми се случи 10 дена пред да добијам. Одма знаев дека нешто се променило со моето тело. После ми се случи да бидам гладна, седнувам да јадам, се најадов од 5 залчиња, како некоја одбивност од храна одеднаш. Одма му реков на мм, јас сум трудна, едноставно си го знам телото и знам дека сум трудна. Он цело време со резерва беше, не му се веруваше одма да се фатило, зашто ние буквално еден месец пробавме колку од љубопитност да видиме што ќе се случи. Си имавме други планови. Тоа со јадењето ми продолжи и сега, во текот на цела бременост ми е така, мислам којзнае колку ќе изедам, а се најадувам од многу малку. Обично тие што имаат редовен циклус и секогаш исти симптоми, можат одма да познаат дека нешто се променило, а тие што имаат нередовен циклус, тешко можат да забележат, зашто обично симптомите на бременост се идентични како пред менструација.
Јас немав никакви симптоми. Ме болеа јајниците исто како за добивање. Ама не добив. Дури и не бев сигурна дали е бременост или ке пробие. По една недела доцнење бев на ехо ама нема ништо, а бета покажа бременост. Прво беше висока а по два дена дуплирана. Подоцна, околу 10та недела почна одбивност кон некои типови храна ама брзо ми помина.
А дали има разлика во симптомите во однос на полот на бебето? Ама пак многу рано е за полот на бебето, околу 7ма недела се формира како пол... Јас имав поболни гради, желба за храна мрсна(велат ако е машко, помесна храна бара, и машко е ) Буквално значи сѐ ми се јадеше, особено месо. Други симптоми изразени немав. Малку на денот кога следуваше менструацијата наредна, имав розевкасто ама помина. А јас да ве прашам уште порано од ова. Дали би можеле симптомите на зачнување да се осетат? Пример ако ја осеќаме овулацијата понекогаш, дали би можело да се забележи оплодувањето, секако кога знаеш дека си имал односи пред неколку дена. Што мислите?
Сум читала дека жени почувствувале дека се случува нешто. А дали е до психата не знам. Јас знам дека не очекував да сум бремена и мислев секој ден дека ке добијам. Мит е тоа за машко, јас сакав леб и тесто да јадам, а кога не сум бремена повеќе сакам месо. И тоа за коса и киселини е мит. Јас немав ни к од киселини а синко се роди со доста коса.
Со првото, имав симптоми после недела од однос, преосетлива на мирис, ми се гадеше од некои јадења што претходно не сум имала проблем, а бев и многу бледа. Направив тест после 3 дена доцнење, беше негативен, па утредента преку крв испитав и покажа дека сум бремена. Со второто имав само чести главоболки. Бидејќи патам од мигрена, мислев имам некаков проблем со главата и сакав да правам магнетна, ама кога му кажав на докторот дека ми доцни повеќе од 10 дена ми рече да си одам дома и да направам тест, а ја го убедував дека не сум бремена затоа што немав никакви други симптоми, ама испадна дека сум