Ќе се расписам малку, можеби некој ќе ми помогне. Овулацијата ми е 2-3 дена после менструација ( не како кај сите, ете во тие 20% жени сум јас),односот беше ден пред овулацијата. Треба да добијам за 9 дена. Од односот до сега значи се поминати 12 дена. А јас прееска повраќав (не ми се гадеше, само што осетив дим од цигара, одма се исповратив), ме боли стомакот како за добивање...Можно ли е да сум бремена, или да барам друго чаре за повраќањево?
можно е инаку почекај уште 2-3 дена направи тест,ама чим те боли стомакот може и ке ти дојде,направи тест инаку повракјањево може да биде од се,од стрс,некој вирус,со срека да го добиеш посакуваниот резултат
не си напишала дали односот што го имаше ден пред овулацијата завршл да сврши во тебе или не??? инаку да знаеш дека секој месец плодните денови не се тоцно исти ден пример секој месец неможе 10 ден да ти е плоден така да може да си земеш тест веке 12 дена поминале за да утрвдиш дали си бремена или не и да знаеш од што ти е повракањето инаку не земај никакви лекови додека не направиш тест
Добро вечер и од мене Сакам да видам Ваши мислења околу мојата ситуација,која е следна: Првпат,дечко ми сврши во мене на 4ти јули,и одтогаш па се до пред малку тоа се случува секој ден/вечер. (значи,скоро 2 месеци тој секој ден свршува во мене,а понекогаш и по 2-3пати на ден) Во јули,менструацијата си ми дојде редовно,на 17ти...но,еве,овај месец ми касни 5-6дена... Ми се јавуваат некои предзнаци дека мож ке добијам за 2-3дена ама не сум сигурна...А,да,ке заборавев:околу 5ти август направив тест за бременост и беше негативен..па сега незнам шо да си мислам...А инаку,сум во сериозна врска,ама моите не ми дозволуваат да се мажам затоа што имам уште 1год.од факултет,па сакаат да го дозавршам Позз и би била благодарна ако добијам совет и од некој постручен
Сврши во мене, да. Нема да земам лекови тоа сигурно (ќе направам тест утре сабајле, иако го знам резултатот-негативен), туку сабајле имав и малку потечна столица, така да готово, надежта ми заврши сигурно е некој вирус.
Здраво женски до сега не сум била трудна,па ме интересира после колку време се појавуваат првите симптоми за бременост и кои се најчести,зашто некако не ми е верно да после еден ден од односот да се појават или пак јас си имам нешто замислено фала ви однапред женски
Кај мене се појавија една недела пред да добијам.Значи една недела по овулацијата. Тогаш првпат почувствував чудни вртоглавици и најспецифичниот симптом-осеќам мириси кои никој не ги осеќаше. Но доколку не обратиш внимание може и да не ги приметиш симптомите. Ама пошто си чекаме бременост, си пазиме на секоја ситница, нели...? После пред да добијам се засилуваа симптомите, па почнаа и болки во стомакот и половината, па имав кафеав исцедок еден ден...и така после си испаднаа двете цртички. Мислам дека секоја жена си е различна, и дека кај некои порано кај некои покасно се манифестираат симптомите. Е сега баш еден ден после односот... не ми се верува ама... Почекај некој ден, следи ги знаците на телото, па пиши ни. Поздравче
fala ti mnogu silk na pozitivnive zborovi, zemav denes test uste eden pa ke go pravam utre sabajle i ke vi kazham. sega sum preokupirana so rabota i zaboravam sto mi se slucuva. bash ovoj period se vrabotiv i si rekov sega se otkazuvam od bremenost ke gradam kariera, ama moze bas sega fatilo poso se opustiv inaku prethodno koga vodevme ljubov samo na toa mislev dali ke napravime bebe, a sega iskreno bataliv trgnav mislite . nemozam da docekam do utre edvaj cekam ke vidime sto ke izleze. a na cista mi tekna poso imav eden period policisticni jajnici pa si vikam moze dan e toa prvo na loso mislim pa na dobro hahahah . pozdravce silk pa se slushame pak so novosti )) *********
Негативен беше, ама мм ми вика рано е ќе почекаме уште некој ден, незнам дали на психичка база или не ама јас навистина се осеќам ‘трудно‘
Vo ponedelnik treba da dobijam, a deneska e deseti den od inseminacijata, i nemam ama bas nikakvi simptomi ni deka sum bremena ni deka ke dobijam!!! osven temperatura 37(meram preku deset pati na den), no vcera dva pati mi bese 36,5, neznam sto da mislam, nestrpliva sum, se plasam deka nema da vidam dve crtki! i sekogas posle ovulacija gradite mi se golemi i me bolat, a ovojpat nisto!!! ima li nekoj mislenje? ima li sansi da sum bremena a da nemam nikakov simptom!?
лори само со позитивни мисли до вистинската цел две цртки ти стискам палци и ти ја пуштам сета срека да ги добиеш тиа две цртки па да не известиш и нас
blagodaram, no sepak utre sabajle ke napravam test! kako se blizi vremeto se poveke sum nestrpliva!!!
здрво феминки чекаме бебе 2 години направивме сите контроли и се е во ред,матката ми е извртена на кај грбот ама докторот рече дека тоа не е проблем ако има некоја вакво искуство пишете ве молам стварно многу сакам бебе поззз
P rocitaj nekoja stranica nanazad tuka, mislam deka nekoja imase pisuvano za ist slucaj kako tebe, ne se sekavam tocno! ti posakuvam sreka, i ne gubi nadez!
Lory a kolku ti e temperaturata sabajle? Togas izmerena e mislam najverodostojna. Mene celo vreme mi bese 36.8-37. I denes sabajle mi padna na 36.5 i vednas dobiv. Rano ti e za test. Napravi go za nekolku dena da ne ti pokaza lazen negativen rezultat.
Ja napraviv sega sabajlevo test 11ti den i negativen znam deka e rano, no od dr strana veren mi e zasto nemam ama bas nikakvi simptomi, eve denes koga stanav tek malku gradive mi se poteceni, a temperatura i nataka meram, za da znam za dr meseci, i se e 37 ili 37.1!!! ne mi drzi veke ni temperaturava kako simptom, se mi e cudno, najubavo covek da ne misli i da ceka, ovoj mesec bas se napraviv za da se fati, i sedev doma i odmarav i nisto ne rabotev, i bev pozitivna, i dobro se hranev i lekarot rece vistinski moment, ne treba pregnyl nitu bilo sto drugo, i ete....nesaka i neide!!!! bas se razocarav , no sto mozam....sepak ke napravam pak test za nekolku dena, za sekoj slucaj, no ovojpat nadezta mi e mala!!!
Немој така Лори...како мала надеж...па сеуште ти е рано да тест.Нели во понеделник треба да добиеш ? Епа ќе си правиш тест после понеделник. И јас требаше во понеделник да добијам, во средата (значи со каснење 2 дена) направив тест-НЕГАТИВЕН. Во петок (со 4 дена каснење) - ПОЗИТИВЕН. Затоа немој така да мислиш, а плус и температурата ти е покачена, иако мене ич не ми се покачи, и на позитивен тест имав 36,5. Сакам да ти кажам и да ти падне ништо не значи. А ова со градиве е супер. И мене почнаа да ме болат деновите пред да добијам. И НЕ ДОБИВ. Ајде пак ќе правиш ти тест во вторник-среда и ќе видиш дека позитивен ќе биде. Немој да мислиш негативно, остани си весела како и до сега, бидејќи бебето све си осеќа со тебе И пиши ни пак
Fala silk, sega mi vlea malku nadez, inaku cel den sum skrsena i razocarana....jas treba vo poned da dobijam, no mene inseminacija mi bese u sreda i mi rekoa za dve nedeli ako ne dobijam da naprav test i ke znam, znaci toa e vo sreda! mene denes pocna da me boli stomak, tapo, ne premnogu, i pomalku polovina, i popladnevo izmeriv temperatura 37.5 !!! gradive mi se mn malku zgolemeni i bez veni, i dr se mi e normalno, bez nikakvi simptomi, i tokmu toa sto ne mi smetaat nikakvi mirisi i sto nemam simptomi i nikakov scedok kako sto pisuvaat site, tokmu ovie raboti mi sugeriraat poveke deka ne sum bremena! ke znam za nekolku dena sigurno, izvenete site ako sum dosadna na sajtov sto pisuvam mnogu, navistina nemam poveke ni zivci ni snaga da cekam i da se nadevam sekoj mesec! vi posakuvam na site sto cekate dve crtki pobrgu da se izraduvate, a ja ke vi pisam uste ednas koga ke imam rezultat!
воопшто немој да се секираш за симптомите, кај сите е различно, некои имаат симптоми некои не... јас немав никакви симптоми, дури и ме болеше стомак и мислев дека ке добијам па и апче си се напив од болка, градите ме болеа исто како за добивање, мириси и меен на почеток не ми сметаа, значи немав никакви симптоми, дури и 2 теста направив и беа негативни, и си реков нешто не е во ред со мене јас ти препорачувам да не се оптеретуваш толку со симптомите , и одмори малку и од фемина, не дека си досадна туку така помалку ке се замараш и ке се нервираш, јас барем така си правев тој месец, занимавај се овие дена со нешто друго, па среда да не израдуваш, и да ни дојдиш во другата тема