Ќе биде девојчиња и женички, кога најмалку очекувате ќе биде, верувајте ми, од искуство ви го кажувам ова и јас кога ни не очекував дека ќе останам трудна тој месец бидна и тоа со 2 пати само што водевме љубов со м тој месец бидејќи од претходните месеци ми беше смачено вече и од броења плодни денови, планирање и такви глупости и останав и во неплодни денови трудна и ете да ми кажуваше некој да ќе да испадне така немаше да му верувам. Така и кај вас , ќе бидеееее, само позитивно, смирено, без многу размислувањаа Ve pozdravuvam и пуштам најголемата среќа на свет
nemoj da pravis test!!! ne pravi nikako, cekaj da ti zadocni dva tri dena pa togas probaj, zasto moze da ti dade netocen rezultat i samo da se nerviras, sto ne e dobro za emrionot vo slucaj da si bremena,i ne misli na test, ako si sekako ke doznaes za nekolku dena,ti posakuvam sreka, ajde bar edna da ima pozitiven rezultat, zasto do sega site prijavivme deka sme dobile!pisi stom doznaes,a do togas ostani pozitivna pozdrav [mod-kirilica:2br89gmy][/mod-kirilica:2br89gmy]
lale24, немој!!! немој зошто што ако има бебувче а покаже една цртка само поради тоа што е рано. не си стварај стресови пред време трпение спасение
Slimy mnogu ubava, razumna i poucna poraka si napisala, bravo!!! taka i treba PROCITAJTE SITE [mod-kirilica:1iutikjo][/mod-kirilica:1iutikjo]
јас сум ти пример дека полицистичните јајници не значат дека неможеш без стимулација да останеш бремена.да ти кажам и јас прво тргнав по доктори,демек да се проверам дали е се во ред,а после да поцнам да правам деца.и само повеќе се исплашив кога ми кажаа за полицистичните јајници дека прават проблем.испитував хормони,резултатите супер!дури не му се веруваше на докторот,вика не е можно вакви резултати,со вакви јајници.демек мора и хормоните да ти се пореметени.па фала му на Бога, одма после тоа,следниот месец јас најприродно си останав бремена.и тоа само од три пати.и си мислев дека пак не сум ги погодила деновите,дека тоа е премалку и не се ни надевав.симптоми,ништо посебно,како пред добивање. и направив тест 5 дена од доцнење,покажа позитивен.колку сум била изненадена,возбудена и среќна,не се опишува. сакам да ти кажам,не си вади памет со полицистичните ј. прво пробајте 6 месеци,а не само три(колку што трае летото),па дури и повеќе ако си помлада,па после ќе заклучиш дека јајниците се проблем.ако се друго е во ред со тебе и маж ти.а за превртената матка,не сум баш информирана,само знам дека една девојка која исто така имала таква матка и кажал лекарот дека за таква матка за зачнување добро е машкото при свршување да биде од позади.спермата полесно продирала... не се секирајте сите.и јас до скоро бев секој ден на оваа страница и посакував што побрзо да ми се случи.ќе даде Господ на сите..јас почекав 6 месеци и тоа со неинтензивно пробување.повеќе испитување,паничење,читање по интернет,споредување со другите,вршење притисок врз партнерот да не се испуштат плодните денови,нервози,отколку опуштено пробување и оставање на Господ кога ќе даде.ама фала на Бога,во мај се случи.ви поскаувам на сите во најскоро време да се израдувате.
Леле ке пукнам,нон стоп мислам на тоа....ама ке те послушам и ќе останам позитивна и трпелива уште некој ден....или ќе има нешто или ќе ви се придружам во клубот Поздравче
Ај ти излези со некоја другарка просетај, најди си некоја занимација да ти поминат побргу овие денови, и да немас време да мислис на тест ок? опусти се и не мисли дека ке ни се придрузис во клубов)
Баш тоа и ќе го направам....се надевам ќе успеам барем малку да не мислам 300 филмови си имам направено...како ќе биде,што ќе биде...инаку многу ме тера на јадење... можеби е од психа или е некој почетен симптом...можно ли е толку рано да ми се зголеми апетитот ако сум бремена??
не си прави филмови и не мисли на симптоми, остави одговорот сам да си дојде! ја усте малку се тргам од форумов и ке пробам да се опустам и да не мислам, така мозеби ке успееписи само одговор кога ке имас и ти посакувам гоооолема радост
Здраво девојки, како сте??? Долго време ме немаше, бев отсудна. Бевме со мм на меден месец па видов дека на форумов се случиле многу интересни работи ! Еве и јас се надевам дека овој пат ќе ми се фати бидејќи масимално бевме општени и не мислевме апсолутно на ништо. Дај боже да се фати.... Феминки, се враќам на форумов со едно прашање до вас. Менструацијата ми дојде на 6 август и тоа значи дека за време на одморот (19 август до 31 август бевме на меден месец ) ми биле најплодни денови и сум имала овулација но зошто баш вчера и денеска имал многу често жолт исцедок и ме болат јајниците...
Оленце, дали ќе ми веруваш ако ти кажам дека те мислев вчера...дека те нема, што се случува.. Јас имав последен пат добиено на 5 август и денес имам некој кафено портокалов исцедок, но никаква болка во јајници (а градите ме болат како за добивање). Колку што читам, може да е еден од најчестите и први симптоми на бременост, но не сакам да си се радувам пред време. Може е добро да почекаме и двете до среда-четврток па да си направиме по еден тест
Mene prv znak na bremenost mi bea gradite! Mi nabreknaa, mi stanaa osetlivi i gradnikot mi precese... samo toa i mozebi malku pojak vag.iscedok, nisto drugo, ni losenje ni nisto... Ama gradive mi bea osetlivi i napupeni morav vloski specijalni vo gradnik da stavam, em da ne mi preci eme da ne mislat kolegite deka sum raspolozena za nesto Pozdrav i se nadevam deka kje vi se potvrdat simptomite, pa da se raduvame za vas
Да ти кажам искрено јас неправам тест пред 6 септември. Здравје ќе направам понатаму, ако ми доцни. Бидејќи имам нередовна менструација и никогаш не сум добила на 28 ден. Минатиот месец ми доцнеше 5 дена, направив тест излезе негативен. Навистина незнам што да правам.......
Доколку денес ова е имплантациско крварење, тогаш еве според еден извор тестот за бременост (според урина) ќе покаже резултат за 4-5 дена од денес (како што пишав среда/четврток): The blood pregnancy test usually becomes positive within 3-4 days after implantation, and the urine pregnancy test usually becomes positive 4-5 days after implantation. http://www.babymed.com/implantation-ble ... d-symptoms Но ти може да си почекаш, како се осеќаш така.. Јас во среда ќе правам (како викаат..на лесен ден). Поздравче и пиши кога ќе знаеш!
Palcica. Сигурно ќе пишам што и да направам. Дали ќе добијам или ќе бидам бремена наскоро ќе дознаам јас а и вие? Поздрав Ти држам среќа и на тебе......
За палчица и оленце.... ви посакувам да ги видите васите две цртки, но ве советувам да ги оставите форумиве на страна, и не седнувајте на интернет и не се замарајте со симптоми, бидете опустени, засто се сто прочитате тука ви поттикнува мисли, сто какви и да се ве измачувааат, а за ембрионот тоа не е добро! неизвесноста секогас убива, затоа најдете си занимација, исполнете го васето време додека го добиете одговорот, и НЕ правете тестови пред време!!! Се најубаво и кога ке имате резултат писете, ве чекаме да не израдувате
Апсолутно ја разбирам поентата Лори, но верувај дека не се замарам воопшто и не паѓам во никакви депресии дури ни кога ќе добијам (btw добив денес) Знам дека ќе биде само е прашање на време, ние едвај 3-4 месеци пробуваме.. Не се оптеретувам многу со ситници и глупости и сум ама стварно ептен олабавена. За активности и занимации имам дури и премногу. Пишувам тука бидејќи ова е единствено место каде има толку многу девојки слични како мене, т.е. во иста ситуација сме. Плус пишувам бидејќи во животов никој не знае дека се обидуваме да имаме бебе, бидејќи кажуваме дека за тоа ќе видиме догодина, прво други работи да средиме (за да не се сеќираат и мислат и нон стоп не прашуваат родители, роднини, пријатели), така да ете од време на време имам мала потреба да споделам со некого мислење, ситуација, симптом...и тоа го правам само со вас... Ајде...заедно да се радуваме наскоро!!!
i јас само што добив бледо розав исцедок, значи утре или до вечер ке ми дојде... а треба у среда, значи ден-два порано, и нема шанса за бременост...
Мене ми дојде 4-5 дена порано овој месец. Ептен чудно бидејќи ми доаѓа на 30-31 ден.. може од промена на времето, одмори и сл. Ајдеее следниот месец сигурна сум дека ќе има доста радосни вести на форумов