Бравооооооооо Лелеее многу ме израдува....денс тргнат е денот, од сабајле 2 нови трудници на форумот. Ајде со лесно нека ти е бременоста....па за 9 месеци среќни и весели да си се гушкате со бебушот.
Честитки.... уживај во секој миг од бременоста!!!! Девојки, јас сеуште не добив. Еве денес ми е 37 ден од менструација!!! Утре здравје со Господ напред, планирам да направам тест за бременост и дај боже да ги видам долгоочекуваните две црти!!!
Fала да ти се врака симптоми кај мене само дим од цигари а сум пушач и болки во долниот дел од стомакот поздрав
Имај лесна бременост Lepotice и веднаш да ги оставиш цигарите, за доброто на тебе а највеќе на твоето бебе. Честитки и за тебе doni-doni, имај и ти лесна бременост. за двете
Јас сум некое осмо светско чудо, кога некој ги набројува симптомите на бременост јас иститие ги имам кога сум во пмс хаха
i jas cekam,veke 3 godini i sega se mislam da zemam test denovive nemam nekoj jaki simptomi kako pms ama......se plasam od povtorno razocaruvanje((((
Земи си слободно тест не мисли на негативни работи се надевам дека се ке излезе како што сакаш и дека ке ни се пофалиш дека ке станеме тетки ние феминките Среќно
Mili moi napraviv sabajlevo test i mi izleze edna jaka crvena linija ,ama i edna mnogu bledo crvena. Neznam dali e pozitiven ili negativen?dali sum bremena ili ne? Pozdrav
Ви честитам на сите кои ги видовте двете цртки,а на останатите им посакувам што поскоро да ги видат и кај нивниот тест ... Нека не се губи надеж... јас утре правам тест, никако да се одлучам,чуствувам страв... Но и се повеќе ги чуствувам симптомите за бременот..Ми доцни 12дена. Сакам да ве прашам нешто, дали имате зголемен вагинален секрет, во преиодот кога требаше да ми дојде беше малце кафеавко но траеше само една ден мислам, многу малку, незабележително, а сега бел секрет..Исто така и чуствувам навечер кога си легнувам болка во стомакот, но тоа само ако сум преморена, ако сум пешачела цела ден или ако сум била физички активна... Молам за некој совет или мислење за што може да станува збор.. НАЈДОБРИ СТЕ !
Штом ти доцни цели 12 дена и си имала само кафеав секрет, а немаш сеуште добиено има големи шанси да си останала бременка , може да имаш и зголемен вагинален секрет, да, болки во стомакот треба да се како тие кога треба да добиеш, само не чести, повремени...... Па, мислам дека време ти е за тест, без ногу размислувања и те чекаме со позитивни резултати Со среќа и да пишеш што си напарвила
Честитки до новите трудници, сепак ги има со здравје да ви е носијата, и да си дочекате прекрасни бебчиња, и се надевам дека во брзо време ќе ви се приклучиме и останатите што уште чекаме...
Девојки дали 10 ден после овулација можат да се почувствуваат некои симптоми на бременост? Јас ништо не чувствувам, не знам дали е рано или не? Ајде сите кои имаат искуство нека кажат.
Утрово направив тест и излезе позитивен.. Ви благодарам на подршката, ќе ве следам и натаму на форумов
Јас една недела после овулацијата почнав да осеќам некои симптоми како вртоглавици и главоболки..Имаше и промена кај градите, брадавиците ми станаа поиспакнати..поосетливи и потемни.. Друго не се сеќавам.. Но сепак тоа е индивидуално, кај некој не ни се јавуваат тие симптоми. Се надевам дека ти помогнав, тука сме да се следиме со прашањата и одговорите..