Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Симптоми на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од macence, 19 ноември 2009.

  1. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    јас имам и претходно пишано и јас цела година внимавав на плодни денови, секој втор ден односи и пак не се факаше :( и токму тогаш кога имав односи само 4-5 пати цел месец и ниеднаш во плодни се фати бебушката ;) т.е никој не знаеме точно кога ни се плодни денови и овулација така? се ние претпоставка...
    а за тестот ако си бремена ке ти покаже во било кое време :)
     
  2. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Нема врска тоа јас од еднаш во месецот и тоа неплоден ден забременив така да не се секирај.
     
  3. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Еј женски ова со годиниве па ич не се замарајте. Пред некој ден читав дека Моника Белучи двете ќерки ги родила после 40 та, па ништо не и фали сега на 50 години.
    Сестра ми роди на 35, нејзина другарка на 36, нејзина пријателка роди со инвитро на 41 година...ехее список имам колку сакате.
    Јас исто од што мислев дека поради возраста од 31 година ќе треба со месеци да се обидуваме за бебе, на крај бебево мене ме изненади уште првиот месец кога почнавме да се опуштаме со сопругот, дури не знаеме ни кога точно сме го направиле :D.
    Годините тргнете ги од стрес листата, во денешно време мајчинството не познава години.
     
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Драги мои девојки, немојте воопшто да се замарате со годините, па и мајка ми на 33 год.ме родила мене и тоа од прва, брат ми исто така на 31, без никакви потешкотии, значи ниту годините не се пречка во бременоста. Што се однесува до плодните денови и јас бидејќи имав нередовен циклус, не знаев точно кога ми се плодните денови и ниту броев некогаш, туку секој пат по завршувањето на циклусот со мм се фрлавме на работа, е сега некој емсец повеќе пати, некој месец помалку, како што е примерот со мојот месец кога останав трудна, тогаш само 3 пати имавме односи и ете се фати, тогаш му било времето, што да кажам, така требало да биде, се останатао е џабе губење време и внимавање при односи и дигање нозе горе после односи и мерење фоликули и броење плодни денови, ма се е тоа чиста глупост за мене. Само опуштање и водење љуууубооооввв :inlove: само тоа ви советувам драги мои и ќе биде
     
  5. aleksandramiloseska

    aleksandramiloseska Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Здраво феминки :) еве денес ми стигна резултатот од брисот и гинекологот ми рече дека имам кандида а дека друго се е во ред. Ми препиша вагиналетки Микорил и капсула Дифлуконазол. Е сега пошто се обидуваме со мм да имаме бебушко велам случајно ако сум останала бремена дали е штетно да ги користам овие лекови? Докторот не ми кажа ништо посебно за тоа дали смеам или не. Ајде некоја од вас феминки ако имала слично искуство да го сподели со мене :) Поздрав до сите :)
     
  6. Lori-30

    Lori-30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    709
    Мене еден гинеколог ми има казано:бебињата доагаат кога тие сакаат , а не кога ние сакаме!!! и ова е така, засто колку има сто останале бремени кога престанале да се надеваат и да бројат и да работат на тоа, туку сосема случајно! Ние многу се замараме, мозеби затоа не доадја чудото, но ќе дојде, знам :) :*
     
  7. aleksandramiloseska

    aleksandramiloseska Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    еве денес ми стигна резултатот од брисот и гинекологот ми рече дека имам кандида а дека друго се е во ред. Ми препиша вагиналетки Микорил и капсула Дифлуконазол. Е сега пошто се обидуваме со мм да имаме бебушко велам случајно ако сум останала бремена дали е штетно да ги користам овие лекови? Докторот не ми кажа ништо посебно за тоа дали смеам или не.
     
  8. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Meне ми се случи слично нешто...ги направив сите потребни испитувања пред да почнеме да се обидуваме да правиме бебе, и му го напоменав тоа на докторот.. Кога стигнаа налазите тој ме побара на телефон и ми вели `супер се резултатите, кога ќе останеш трудна дојди на преглед` :wasntme:

    После неколку месеци одам (имам полицистични јајници) да ми следи овулација и случајно гледам во картонот -кандида + и му велам
    `докторе видете позитивно на кандида` а тој се смее и вика
    ` е де голема работа...кажи ми кој човек сега нема кандида :?: со тоа ќе се справиме лесно, важно немаш некоја инфекција која би ти го загрозила зачнувањето`
    И ниту ми препиша некоја терапија нит ништо... :| И сега незнам дали треба да барам второ мислење?!?
     
  9. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    296
    Што е за право, кандидата доколку не е појачана со чешање и исцедок со боја и мирис, не е нешто што треба да загрижува, посебно што сама се појачува и сама знае некогаш да се повлече само бара посебна исхрана и правилна хигиена. Тоа значи избегнување благо и лекарства, многу б витамини, јогурт и млечни производи, миење само со топла вода или чај од камилица, никако сапун,носење само комотни памучни гаќи, никако танга и евридеј влошки и може да се држи под контрола.
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  10. aleksandramiloseska

    aleksandramiloseska Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Исто и јас имам полицистични јајници и исто ми рече и мојот гинеколог само што еве ми препиша вагиналетки и една капсула.Немој да се грижиш не е ништо страшно :D внимавај на исхраната и миј се со чај од камилица или топла вода баш како што пиша Мицика80 подоле.Мислам дека нема потреба од 2 мислење. поздрав :* :)
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  11. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Погодете што?! :rofl:

    Леле луѓе шокирана сум, не знам што ми е. Незнам дали е нормално да се реагира вака...
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Бремена ли си па ајде напишини и израдувај не :inlove: :*
     
  13. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Да..Пред еден час го направивме тестот, на трет ден доцнење...и излезе фино видлива црвена линија :)
     
    На Speechless, BeYourself, Ema.Sk и 15 други им се допаѓа ова.
  14. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Честитки!!!!!!!!!!!!!!! Јупи браво за тебе и со лесно нека е се сега прослави и уживај зошто ове и денопвите кои доаѓаат ќе ти бида најсречни мигови во животот, а уште посреќна ќе бидеш кога ќе го држиш бебето во рака.
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    аааа честитки, баш ми е мило, да си имаш најлесна бременост, и те чекаме во другите теми , за идните мамички :*
    п.с ете гледаш дека нема правило за тоа кога се плодни денови ;)
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cece25

    Cece25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    45
    Честитки и од мене HeidiDiWalt, да си имаш лесна бременост и се најдобро. :*
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  17. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Фала ви на сите за честитките! :inlove:

    ljubicicaa навистина сум шокирана денес...најмногу заради тоа што 5 месеци се обидувавме со сите салтанати, не фати...и овој месец најмалку се надевав. Не само што ги утнавме тотално плодните денови, туку нели си имам јас и други проблеми како: полицистични јајници, превртена матка.... :wasntme: А овојпат фати без никаква стимулација :angel: Стварно неможам да се изначудам :)

    пс.Ми се чини дека ако прееска не умрев, во вц-то на шолја кога ја видов втората црта- вечно ќе живеам... 8)
     
    На Speechless, Ema.Sk, blond и 9 други им се допаѓа ова.
  18. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    еххех верувај дека потполно те разбирам, и јас бев ист случај како тебе, цело време внимавав на се на пози, на плодни денови, и пак ништо...
    и јас имам свртена матка и јас како тебе останав бремена тогаш кога заборавив на се и имавме односи само неколку пати, ама ете тогаш требало да биде ;)
    ајде сега одма на лекар да ти потврдат и да ти кажат дека се е во ред :*
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lori-30

    Lori-30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    709
    честитки и од мене:))) чувај се и имај лесна бременост, ти си еден од примерите декаа и невозмозното станува возмозно :!: :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ManeKoce

    ManeKoce Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    8
    Zdravo na site :hai:

    Jas sum nova na forumov, i imam slicen problem. Dobivav na 40 dena, a minatata nedeka (okolu 10 dena od koga mi zavrsi menstruacijata) bev na ginekolog zatoa sto imav simptomi deka treba da dobijam. Toj mi rece nema nisto ne se sekiraj, toa e zatoa sto porano se slucila ovulacija, veke e pominata, ocekuvaj za pomalku od 2 nedeli da dobies. Ama nie so soprugot nekolku dena od koga mi zavrsi imavme nezastiten odnos i svrsi vo mene (toa bese na 11ti). Na 22ri mi kapna edna kapka temna krv i mislev deka sum dobila, ama od togas nisto drugo, samo zgolemen iscedok i na momenti bolki vo jajnicite kako da ke dobijam. Mozno li e da sum bremena, a na eho togas da ne pokazalo posto nemalo uste implantacija? Izvinete za dolgiot opis na situacijata :) Se nadevam deka sum :D

    Pozdrav do site

    [mod-kirilica:4uuzbpe8][/mod-kirilica:4uuzbpe8]