Сакам нешто да прашам,вознемирена сум...Последен пат имав циклус на 02Септември,тогаш добив. И се уште ми доцни.А поминаа 33 дена.Мене секогаш ми иде на 29 ден.Хелппппппп,совет.
Направи си тест, па ќе видиш. Ако си бремена, ќе покаже. Ако не е позитивен, оди на гинеколог да видиш зошто ти доцни. Срцекршачке, ако таа била професор во средно, тешко на младинава со такви доктори
Здраво на сите!!!! Пред се сакам да им честитам на сите нови мамички и да им посакам на останатите во кои спаѓам и јас што поскоро видување на двете славни цртички. Мене треба да ми дојде оваа недела ( се надевам нема) и имам некој симтоми како умореност поспаност и понекогаш гадење. Ајде како што беше Септември среќен со полно трудници така и Октомври да израдува некого бацки за сите
Ми доцни 6,7 дена,правев два теста и двата беа со бледо розе боја.Ги правев вчера и денес.Некои симптоми немам,освен болки во градите,и овие 2,3 дена големи болки во долниот дел од стомакот.Денес приметив кафеавкасто со бледо розе боја исцедок На гинеколог закажав наредната недела,се израдував дека сум бремена,ама исцедокот
штом втората цртичка се појави, ма макар и розеваа има бременост, и кај мене беше бледо розева а за исцедокот на сите ги советувам одма да си одат на лекар, така да не чекај и ти, ако можеш уште утре оди, најдобро е така и најискрено ти посакувам да ти потврдат бременост
Zdravo na site, Jas sakam da prasam dali mozebi toa sto ovoj mesec dobiv menstruacija edna nedela porano od ocekuvanoto, prethodno so golema bolka vo kicmata sto mislev deka mi se odvojuvaat prslenite, otkako dobiv bolkata drasticno se namali no krvarenjeto mi e cudno, kafeavo, po malku sekoj den, denes veke 5-ti den, kako nesto da paga od mene, kako zasirena krv. Custvuvam i blaga bolka, neodredena, vo dolniot del na stomakot... Moze ne e nisto strasno, no posle edna godina nezastiten odnos so mojata ljubov, mozno li e da sum bremena? Pozdrav
епа можно е имаш некои симптоми на бременост ама не мора да значи дека си бремена све додека не се осигураш со тест или да отидеш на гинеколог вака од еден пост ништо не можеме да ти кажеме сигурно
Еве бев на дежурен,нема знаци рече рано било уште,утре ќе правам тест преку крв ама сета сум во паника
сигурно тестот ке показе позитивен резултата и ке ти дадат инекции и капсули или вагиналетки прогестерон за да си ја износиш бременоста само смирено без нервози
^ Не знам што да мислам,ќе ви пишам после кога ќе ги земам резултатите,инаку докторката ми е во странство,ќе морам да чекам дури до понеделник,инаку немам некое крварење,само малку бледо розе,ама пак ме фати паника.И докторот рече дека не гледа свежо крварење ,туку некое старо,како згрутчување било Ми рече само да мирувам и ништо друго.
Правев значи HCG тестот е позитивен,одговара на 2 недела,има минимум ХЦГ 17,8 . Докторката рече има три опции-или овулацијата настанала покасно,или е вонматрично или она третото Така да останува да чекам и да си држам среќа. Не ми дадоа терапија,за да немој да било вонматрично,ми рече за 2,3 дена да испитам пак ХЦГ . Ах,ќе си умрам,абе само јас ли сум ваков случај
Мисли позитивно. Ти држам и праќам среќа Лапај фолна и пушти мозок на пасење Спојлер (како Господ никој не е)
мисли само најпозитивно ке видиш дека била покасна овулација, има многу такви случаии и јас сум еден од нив и секако продолжи да си ја пиеш фолната киселина како што ти рече славица, само без нервози и одмарај се
Пошто крварењето се интензивира ,малку појако,закажав кај рушка од Ганеш,ме виде жената и се зачуди зошто ништо не ми дале .Ми даде добрестон орално,2по1,рече дека гледа нешто како мало бадемче во матката ама нешто и на левиот јајник,ќе видиме како ќе биде Крварењето уште го има,ќе се напијам и вечер ќе видиме сабајле како ќе биде. Одам на одмарање
da imas mnogu zanci za bremenost toa mene mi se slucina na prvoto dete. cestito bremena si toa mene isto mi se slucuva prave ne e vazno dali vtorta crta vidliva ili ne vazno deka imase
Здраво феминки. сакам да прашам нешто август добив на 7, септември на 6 и еве сега овој месец на 1ви , пред два месеци некако ми дојде таа мисла дека може сум забременила , секогаш добивам на 27 или 28 ден од месецот.Имавме односи со дечко ми мислам без заштита па мислејки дека може сум забременила направив тест две недели после последниот однос.и беше негативен .... еве веке дава месеци уште ме мачи тоа пошто велат дека можно е да добивас мензис а сепак да си бремена .... Дали е можно или не и дали ако направам повторно тест ако има нешто ке ми покаже? ве молам за помош . инаку немам никакви симптоми од овие што ги знам ме болеа градите пред да добијам сега веке не , но го осекам некако сомабот подуен , ддали психата работи или ? инаку за овие два месеци сум немала однос воопшто ? ви благодарам однапред
чекај , не разбрав , кога последен пат си имала однос незаштитен , нели да сврши внатре во тебе? ако овие 2 месеца си немала однос воопшто тогаш не си бремена