Го направив ден пред датумот на кој требаше да добијам и ми испадна позитивен но со многу бледа линија, маправив но по него уште 2 и 3те ми беа позитивни и еве веќе една недела помина и јас немам добиено што значи дека тестовите се точни ... ги направив на поручек. Ти посакувам да се израдуваш со 2цртички да ни се зголемува бројот на мамички
Maшала да не те урочам, но и мене така ми почна бременоста. Мачнини, нешто налик на киселини и мешање на мириси. Ако почне да те боли стомакот доле како за пред добивање -тоа ќе да е JanaMece честитки и имај лесна бременост! Трк на гинеколог да ти ја потврди, па те чекаме во темата Труднички Муабети!
честитки до идните мамички, имајте лесна бременост, ајде нека се зголемува бројот на нови трудници!!!
Фала ви многу срцки да му се враќа на секого ваква среќа од срце ви посакувам јас чекав скоро 2 години и конечно ми се исполни желбата. Имајте голема верба и многу молитви Дедо Боже ќе не слушне и ќе ни ги исполни сите желби во свое време, некои порано некои покасно не губете надеж никако поз најголем
девојки мои ништо од мојата бременост месецов мене ми дојде сабајлево баш се надевав дека можеби месецов ќе биде, веќе незнам што да мислам ептен лошо се чуствувам
Мила не се азочарувај те молам, колку време веќе ја чекаш бременоста? - Опушти се и уживај во љубовта не мисли на бебе. Ти посакувам среќа за нареден месец да си добиеш честитка за Нова Година тест со 2 цртки
Не се разочарувај мила немој те молам, што да кажам јас 2 години секој месец. Биди позитивна и верувај ке биде најди занимација да не мислиш на оваа работа. Бацки
Е што да ти кажам исто како мене,јас ептен се надевав дека овој месец сме успеале но ништо,многу се разочарав,веке 4 месеци без успех,знам дека и не е баш така лесно за тоа ама многу сакам бебе,што да се прави,неможеме друго освен да чекаме да се израдуваме,сакам тоа да биде во скоро време...поздравче женски ве сакам
И јас чекам година ипол, но не сака да се фати... тоа е, ќе чекаме, ќе се фати најмалку кога очекуваме, барем така велат другите и јас бев многу разочарана кога добив на крајот од минаатиот месец, овој ништо и не очекувам, затоа што баш на плодните денови м ми не е тука... тоа е, со среќа на оние кои чекаат принова, па и останатите да дочекаме
стронг грл јас сум во брак веќе 1година и неколку месеци, а пробуваме за бебе веќе 6 месеци. Можеби за некого тоа не е долг период ама за мене стана вечност! Многу се плашам да не нешто не е во ред не дај боже. Досега сум правела пап тест и се е во ред , ама можеби ќе треба некои подетални испитувања да направам. Ти благодарам за подршката
Ти благодарам мила ќе се потрудам, ама некако многу влијае на мене и колку и да несакам разочарана сум.