да да сум слусала за такви слуцаеви дека има ама ете ми се слуцува оваа со ви написав и планирам тест да си напраам,,затоа мене цудно ми е зас не се пазиме цетири години и не сум забременувала и плус сум со полицистицни јајници и се лецам пијам фемисан веке две неделии и цудни ми се симптомиве ,,,,дај бозе господ да ме награди не само мене и сите вас кои си цекате бебенцее позз кисс
Недела пред менструација се плодни денови ? За 24 годишна ? И после колку време од односот обично се појавуваат симптомите
Нема врска дали е за 24 годишна,за 15 годишна,за плодни денови се сметаат од 12 до 14 ден од почетокот на циклусот, е сега се зависи од организмот може да се и после 14 ден,не ме фаќај за збор ептен ова е само мое мислење...а за симптоми освен задоцнет циклус спаѓаат утрински мачнини,болка во градите,повраќање...и мислам дека се јавуваат после 1 месец од односот
Па на некои места прочитав дека баш кога се има ,,бело прање,, сеа бело или проѕирно така е зборот, тогаш ти се плодни денови. Пред 2 дена дечко ми сврши во мене , и искрено и двајцата се надеваме дека ќе се случи нешто иако сме преплашени Јас имам 24 , тој ќе полни 30 , не се знаеме многу ама самиот тој кажа сакам да си бремена ... а мене сеа 300 мисли ми се мотаат низ глава. Минатиот месец добив на 8, па сеа ќе видиме...
Е сега значи тоа бело прање кога е лигаво се претпоставува дека тогаш се плодни денови,а кога е обично бело прање е како малечки парталчиња...ако си стекнала доволно доверба во него и тој во тебе не е важно колку време сте заедно...ти посакувам среќа и позитивен резултат
Девојчиња, јас имам едно едноставно прашање: ми доцни 7 дена, а обично не ми доцни, ми доаѓа дочно на 28ми ден. Знам дека треба да почекам 14 дена за тест, ама мислев ако знаете некоја техника како да проверам порано дали сум бремена да ми пишете, затоа што цело време ми се врти во глава: “Сигурно сум!“, па “Сигурно не сум!“ )). А да- осеќам по малку, обично трае по 15-20 мин еднаш/два пати дневно менструални болки, ама ништо од добивање. Се чувствуваат такви болки ако си бремена? Благодарам, поздрав!
Доколку веќе ти доцни можеш да земеш и да си направиш тест доколку си ќе покаже одма. Јас не чекав да ми задоцни ден пред да добијам направив и ми испадна позитивен направив три теста за бременост бидејќи немав отидено 2месеца на контрола не бев тука си отидов со Систина убаво да ме прегледаат се и докторката ми рече немало потреба за три теста да знаеш вика може да биде лажно негативен ама лажно позитивен никогаш. Ти посакувам да си се израдуваш со 2цртки
Немаш потреба од повеке чекање,штом ти доцни дури 7 дена секако дека ке ти покаже резултат...се надевам позитивен...и да и ако си бремена може да се јават менструални болки исто како пред да ти дојде.Еве и јас ги чувствувам исто и градите малку ме болат...па сега незнам,ке видиме за неколку дена,не сакам да мислам многу на тоа,и ако се разочарам барем да не мислам уште сега на тоа...
не мора да чекаш 7 дена за тест да направиш. другарки мои со 2 дена доцнење правеа тест и ги видоа своите две цртки.
Ви благодарам на сите за вниманието! )) Денеска направив тест и ПОКАЖА 2 ЦРТКИ! ))) Отидовме и на гинеколог, ме прегледа со вагинално ехо и веќе го имаме плодот на слика! )) Чувството е преубаво, пресреќен си, па чудно ти е, па не ти се верува... Ќе си дојдеме на нормала за некој ден сигурно! Ви благодарам што ме мотивиравте да побрзам и им посакувам на сите што побрзо ваква среќичка. Единствено чувство во кое сум сигурна е дека веќе НАВИСТИНА за ништо нема да се нервирам како порано!