Така е стресот е најголем причинител за тоа и за многу други работи,а со стресови сум до гуша....многу се трудам да го избегнам барем малку...и конечно да ми се оствари желбата за бебенце...Ти благодарам многу на охрабрувањето и подршката,па можеби ке се израдувам за брзо време...поздравче
Јас те разбирам потполно јас сум исто во таква ситуација и не можам никако да го контролирам ниту стресот ниту нервите ми се веќе при крај.Можеби тоа е и причината зашто немаме успех досега.Немој веќе никако да мислиш на тоа Лале оди кај некој гинеколог тда те контролира и да разговарате за проблемот што може да ти понуди какво решение.Гледај само напред и никогаш не губи надеж. Поздрав
Во најскоро време планирам да одам,па здравје боже....а за стресот и нервозите стварно незнам како ке ги контролираме...секогаш се над нас а тоа не ми се допаѓа...ама ке се избориме,мораме
Феминки, јас треба да НЕ добијам на 23. Од вчера имам некаков безвезален густ исцедок, од кожа ме вади. Сите анализи ми се во ред, кандида сум немала апсолутно никогаш, а многу сум дисциплинирана за на гинеколог. Можно ли е ( дај Боже, и мајко Богородице и Исусе Христе), да има некаква поврзаност со забременување?
И јас баш тоа сакав да прашам имам така жолт погуст исцедок, ( се извинувам на изразите), Пред 1 месец правев испитувања немав ништо.
Елена.Мак и Ики26 кај мене пред да дознаам дека сум бремена исто ми се зголеми исцедокот и мене ми беше чудно затоа что никогаш порано не ми било така. Се надевам дека и кај вас ова ќе значи бременост ви пуштам многу среќичка да си добиете новогодишна честитка
Женски на сите кои очекувате нека новата година ви започне со убави радости сите да си дочекате малечко ангелче. И мене ми ја кажаа најубаата вест пред 2 дена дена сум бремена во осма недела. На сите кои сте бремени ви посакувам се најубаво и имајте лесна бременост.
честитки до меланиии и иленце, имајте лесна бременост, за новата година тоа ви е најубавиот подарок... многу ме радува што се зголемува бројот на нови трудници
Честитки до новите трудници, имајте си убава и лесна бременост и дај боже новата година да ни донесе уште многу нови мешиња.
Девојки,утрово правев тест и излезе со една јасно црвена(контролна)линија, и усте една многу посветла, но сепак јасно видлива линија. E сега да прасам, дали да го сметам тестот за позитивен, или да правам усте еден за 2-3 дена? Дали втората линија треба да е скоро со иста обоеност како контролната, или битно е само да се појави, не е битна толку обоеноста? Поздрав
лелее јас мислам дека има за частење мислам дека си трудна засто ти се појавила линијата ајдеее завлечи нога сите да видиме
Битно е да се појави Ти честитам мила,ти препорачувам само веднаш да си направиш тест преку крв,да си видиш бета хцг колку ти е и со тестот на гинеколог.Тоа можеш уште веднаш,во било која приватна лабораторија,околу 700ден за 1 час е готово.
Честитки Мелани,со лесно да ти е бременоста И јас утрово,после 6 месеци, си ги видов двете II цртки На сите сто се во исцекување на 2 цртки, им посакувам многу среќа... Ти благодарам mariatim,ти посакувам сто побрзо две цртки и тебе И ВЛЕЧАМ НОЗЕ ЗА СИТЕ ВАС... да ви се исполни желбата сто поскоро Tи благодарам eli25,ти посакувам се најдобро