леле да ти кажам и тоа ми е криво, што некој што посакува бебе не може да добие одма а јас вака се потресувам на околку како тоа да е најлошто нешто ама се зависи и од околносите и друго работи. Фала ти сепак ме смири многу
Ни.на, опусти се, не си бремена, тие мали симптоми ти се засто треба да добиес, тоа е нормално некогас! јас колку пати пред да добијам имам вртоглавици, и градиве и стомакот но после ден два добивам! не гризи се, мозес мирно да спиес
Лори како си ни ти, ситно броиш до 31-ви...? Како се осеќаш, има ли некои промени,или баш си уживкаш? Едвај чекам да славиме овде...Поздравче
Добро сум Силк, и јас сакам да славиме само кој знае, од пред два дена веќе не осекам болки во стомакот ко сто имав и градите ми се намалија,нисто не ми е, никаков симптом,ниту имлант.крварење а 8ден ми е, така да незнам...но усте два дена и ке знам,сто и да е тука е, мозеби пак и ке се израдувам никогас не се знае)а и кај тебе усте е ситно а? ако те снема некој ден тука тогас се знае каде си поздрав и со лесно
^ Леле Лори колку те чекам да не израдуваш....и навистина ќе сум пресреќна! Јас би била среќна за секого, но за тебе посебно бидејќи знам колку време го посакуваш тоа душиче, со колку од нас кои сме веќе бремени исчекуваше да ги видиме двете цртки....Верувам дека ќе бидеш прекрасен родител.
Благодарам драга, така е, веке долго чекам и сите сто бевме заедно веќе сте бремени а јас усте во исчекување, но таква ми е среќата, во зивотот секогас несто фали, јас имам соврсен брак но ете ни фали плодот на љубовта да си ја заокрузиме среката! но верувам дека Бог ке не израдува наскор, ако не овој пат, тогас наскоро некој следен пат! ви благодарам на сите за убавите зборови и посакувања и имајте лесна бременост, поздрав
lori gospod e so nas i ke bide ,kako me sovetuvase ti da bidam silna i da ne se otkazuvam ,da imam nadez i eve se molam i se nadevam deka gospod ke ne izraduva kisss do site mamicki i do site koi sme vo iscekuvanje na dvete crtki ve sakam site i vi posakuvam samo radosti pozzz
Лори,јас кога се решив да правам тест за бременсот, сабајлето кога станав немав ни еден симптом.Градите ама ич не ме болеа, ни стомак ме болеше, ни нешто чудно се осеќав.И баш му реков на маж ми,ништо од ова не бива, дај да не го трошам тестот,да си го чувам за следниот месец.Ама он се запна, ајде па ајде напрај го, така решивме и иди во веце. И кога отидов јас бев сигурна дека нема ништо, кога ооооп се појави и втората цртка. Немај гајле за симптоми, нејќе да те мачи уште сега такво малечко...Јас ќе си чекам журка за нова година, а ако не биде сега, ќе биде некој нареден пат,нели... Да си жива и здрава само.
Силк успеа да измамис насмевка на моето лице со поракава ме израдува и дај Бозе да е така, фала ви луге на сите сто ме бодрите и на сите за убавите позитивни зборови ја навистина не сум многу напната околу резултатот засто веке отрнав и верувам во Бог, ке се случи чудо и за мене еден ден и за Слими и за сите сто чекаме, Ве сакам сите и ви посакувам најубави новогодисни празници а ти Силк да имас лесно породување и убава новогодисна ноќ со своето ангелче
Лори исто и јас како и другите ти посакувам денот на новата година да ти биде многу убав и исполнет со најголемата радост што ја посакуваш долго време...ти држам среќичка да видиш две цртки...од се срце...со мене нема ништо ново.... чекам да дојде датата кога треба да добијам,па ке знам на што сум(има ли нема) Поздравче до тебе и до сите други феминки
Девојки ми треба ваше мислење, на 25 ноември имав незаштитен однос со партнерот и тоа беше период на плодни денови (но не сврши во мене) потоа користев кансен вагиналети поради кандида што ми се јави за прв пат, на 7 декември добив менструација која траеше 3,5 дена кратко за разлика од вообичаено (7дена) и бојата беше кафена и вчера после 20 дена повторно добив значи втор пат овој месец но ми тече по многу малку и повторно кафена боја притоа немам болки како што сум имала во предходните менструации а и редовни ми се. Во текот на целиов месец градите ми се премногу чуствителни. Прашањето ми е дали мислите дека се работи за бременост или некое хотмонско пореметување? Ви благодарам однапред
и јас исто, за сите би била среќна да ве прочитам со убави вести ама за лори би ми било посебно мило, се секавам имаше еден период кога заедно бевме во исчекување, и кога кај мене не успеваше неколку месеци памтам ми имаше напишано неколку доста добри постови што ме вразумуваа. Сега Лори ти ја пуштам мојата среќа, да се израдуваш баш како јас без ниеден симптом, ама сепак да има нешто.
Лори исто и јас како и другите ти посакувам денот на новата година да ти биде многу убав и исполнет со најголемата радост што ја посакуваш долго време...ти држам среќичка да видиш две цртки...од се срце...со мене нема ништо ново.... чекам да дојде датата кога треба да добијам,па ке знам на што сум(има ли нема) Поздравче до тебе и до сите други феминки [/qu Ти ја пуштам целата среќа на светов Лори Јас сум сигурна дека 2013 на сите ќе ни донесе радост! Ве поздравувам
Ви благодарам на сите за подрската, но мислам дека ке добијам брзо, усте кога се разбудив се несто ми се плаче и нервозна сум, еве сега мерев и температура помалку е, така е секогас кога треба да добијам! но јас моето го направив па од тука натаму како Бог ќе казе! Ве удавив знам, но мн ми значи секој вас збор и совет! не мора никој да ми одговара на поракава,сакав само да се исказам, сто е тука е, за ден ипол ќедознаам и ќе ви писам, поздрав до сите
Што и да биде, тоа е Божја волја, твое е само да истраеш за да докажеш дека си вредна да родиш здраво право бебуле. Јас така сваќам и така си се тешам, и некако полесно ми е... Се надевам дека и тебе ќе ти даде барем малку утеха без разлика каков ќе биде резултатот!
Затоа сме тука Лори да си размениме мислења и да си се поддржуваме едни на други додека не ни се оствари целта а и после тоа здравје боже...Ако не биде од прва,ке биде вториот пат,само верба и упорност,секогаш ја имаш мојата подршка...Поздравче те чекаме со позитивни и радосни вести
Лори сега јас пак да не се правам паметна ама морам да ти кажам за ова со температурава...И јас така си ја мерев секој ден и обавезно пред добивање ми паѓаше (иако и во овулација не ми се качувала повеќе од 36,. И тој месец кога останав бремена температурата ми падна,и ми беше 36,6 дента кога имав позитивен тест.Во текот на бременоста неколку пати мерев,чисто да видам дали стварно се покачува кај бремени жени, и нема врска (барем кај мене), иста си е-36,6. НЕКА НЕ ТЕ ВОДАТ ТИЕ ПРАВИЛА. Опушти се. Нејќам со ова да те тешам или да ти давам надеж, ама најискрено ти кажувам од лично искуство дека нема правила. Некои жени едноставно знаат дека се бремени,а некои како мене врска немаат пошто све им е исто како и претходно, без ниедна промена и симптом. И да добиеш,здравје.Битно е дека ти не се откажуваш и продлжуваш и понатака.Другото веќе не е во твоја моќ. Едноставно природата си знае што прави, и мило ми е што имаш прекрасен брак, да знаеш дека за тоа ќе си добиеш награда исто како што си добивме и јас и маж ми. Што и да биде вие треба да си останете заедно со истиот интензитет на љуббовта. Ништо да не застане на нејзинот пат. Јас сеуште верувам во позитивен резултат, и не се откажувам од тебе