Последниве месеци се нешто арав некои симптоми дека сум бремена, се блесавев до миле волје. Овој месец толку сум оладена веќе, толку ми е чудно! Дадов се од себе за да забременам, сега останува само да чекам. И тоа чекање воопшто не ми пречи, не сум нестрплива да купувам тестови како минатите пати. Веројатно се помирив дека ќе биде кога ќе биде, без многу да се замарам!
Драга Елена, сто да се казе, сто е насе ке дојде, го знам ова чувство, и ја едно време бев исто ко и ти сега, но еве нетрпеливоста се врати! НО јас ти посакувам ОД СЕ СРЦЕ да нема простор повеќе за нетрпеливост кај тебе , туку конечно да добиес позитивен тест и да се израдувас! така и треба, да се биде опустен, мозеби целата напетост е таа пречка сто ни го кочи патот до радоста! продолзи така и ќе успеес
Сакам ако може некој да ми даде искрено мислење бидејки ситуацијата е многу тешка за мене,значи вака-Последниот пат кога ми дојде беше на 20 ноември,значи требаше сега на 2о декември но не ми дојде,ми дојде само кај 12-13 мал исцедок и ништо повеќе значи ми касни веќе 20 дена и незнам што да правам сега,месецов бев под стрес и бев болна пиев апчиња но многу е ова што касни,ке ве молам ако сакате за мислење.
Mногу е веројатно тоа што го викаш `мал исцедок` да бил имплатациско крварење кој е еден од симптомите на бременост. Ако исцедокот бил дамка или повеќе крв...тоа ќе да е А и тајмингот кој го гледам е идеален за да се појави.. Незнам дали ти е посакувана бременост...но мој совет да си го погалкаш мешето... или за сигурност трк во апотека по тест... во овој период тестот би покажал во било кое доба да го направиш и без разлика на квалитетот и цената
Вака значи исцедокот беше како крв таква боја и не го добив на 12 или 13 туку сега видов имав запишано го добив на 24 декември значи тајмингот не е тоа време од прилика,од што друго може да се добие таков исцедок,ви пишав бев под стрес и пиев апчиња.Ве молам ако сакате пишете ми побрзо мислење.
Може да ти е од стрес, и мене од стрес ми се има поместено 2-3 пати, иако ми е релативно точна. Може и да си бремена, и од бременост може да имаш по некоја капка. Никој не може со сигурност да ти каже - утре сабајле трк во аптека и направи си тест ако си имала ризични односи.
Женски ако може ваше мислење...значи пред некој ден ми се појави бело прање Спојлер беше како урда и ме чешаше знам дека може да е некоја инфекција многу сум и настината,е сега чешањето ми исчезна а и белото и сега имам како бледо розево,треба да добијам на 12,а секогаш пред да добијам ден два имам како кафеаво,сега е розеникаво....односот ми беше пред 13 дена и ми беше 16 ден од циклус.... тој сврши во мене
Изгледа дека се пофалив вчера дека не се блесавам со симптоми, денес контрадикторно на мојата изјава вчера имам... Значи уште од сабајле имам некаков исцедок, имав појачан и минатиот месец, пап-от беше чист како свирче. Ама ова сега не е појачан, туку тече како добиено. Мноооогу чудно!
има шанси да добиеш месецот а да си бремена? и дали може да се остане бремена иако не си во плодни денови, бидејќи пред 2 дена ми заврши?
Нема бебе и овој месец еве дури и 2 дена порано добив....нека помине циклусот,па би сакала да се консултирам со гинекологот,може ке ми препорача нешто,ако има некоја нека ми каже дали се земаат некои витамини или било што на своја рака....стомакот ми пука,многу ме боли,има ли некој чај што би ги ублажил малку болките...камилица,нане,такво нешто?
Со дечко ми имавме петинг, уствари и не беше ништо посебно туку само малку, колку да пробаме... Се прашувам, дали е можно да бидам бремена ако тој истиот ден мастурбирал, околу 10-12 часа пред тоа ? И да, ми доцни 2-3 дена но тоа е вообичаено за мене, имам болки како што обично имам пред менструација, но сепак ми е страв. Мислење?
Лале бас ми е зал, но сто е тука е, и ти ко мене одамна се бавтас со ова, за зал без успех, затоа мислам дека најдобро да посетите гинеколог и да не чекате, засто чинам еднас ми рече дека немас правено никакви испитувања?! мозеби и гресам! но од срце ти посакувам сто побргу да забременис
Зраво женски Да ви ја честитам новата година на сите, и во оваа година да си станете мамички. Јас сум во мало чудесие овулацијата ми беше доста болна, па и пмс симптомот што го имав и во моментов ми касни 2 дена. Имам температура 37.2 веке 4 дена колку што приметив, јајниците ме болат и денеска решив да направам тестови за бременост, од кој едниот го направив од сабајле со прва мокрача шуре чек и беше позитивен ама мн слабо се познаваше втората линија и кај 4, 5 си викам ај уште еден да земам селф клеар и тој беше позитивен. Прашањето ми беше дали има неко искуство со тестовиве и дали се точни?? Немам некој посебни симптоми освен што стомакот ми е подуен, мноооогу ми се спие, вените на градите ми се познаваат ама не ме болат како што знае за пред добивање, и ме болат јајниците веке 10 дена а можеби и повеке многу слично како пмс... голем поздрав на сите :wink: според мое искуство, ке си купиш мацина трева од битпазар и ке си пиес чајче, ем за менструални болки ем за бременост, јас ја пиев и за двете ама не нешто многу да се наливам, него по една две чаши на ден. Првиот месец кога го пиев воопшто не ме болеше стомакот кога добив, а следниот месец подзаборавив и дали се напив една чаша и ме болеше ептен. Цајот можеш да го најдеш на битпазар на почетокот на пазарчето го продаваат две жени. Осван тоа има многуу други чајчиња природни и многу се закон. Све си имаме во природата какви апчиња поздрав
Здраво, како прво да ви ја честитам новата година и божиќ на сите.. оваа година сите што чекаме да дочекаме и да се радуваме... ме немаше еден период, незнам зошто неможев да се најавам, а и решив да паузирам, за да не мислам постојано на тоа зошто сеуште неможам да зачнам... како и да е, м ми направи спермограм пред новата година и излезе се во ред, сега јас треба со резултатот да одам кај мојот генеколог па да ми каже што понатаму, дали ќе се вршат други испитувања или ќе пробаме со инсеминација, незнам дали инсеминација се врши во секој град, или само во Скопје? Инаку добив на 21 декември, без никакви симптоми, и треба за една недела да добијам пак... незнам што да кажам, господ кога ќе сака ќе биде, поздрав
Тестовите се точни! Не е можно два тестови да покажат позитивен резултат, а да не си бремена. Така да, ти честитам и имај си лесна бременост! Дај Боже сите што поскоро да се радуваме на бебуш!
cherry-pie СО СРЕЌА ТИ СИ БРЕМЕНА!!! Честитки!!!Кога ќе бидеш "спремна" оди на гинеколог да ти потврди!Со лесно уживај во бременоста
Фала ти за советот cherry-pie веќе се изморив да чекам,патем тестовите се точни и со сигурност можам да ти кажам дека ти си бремена... Ти честитам....оди си на гинеколог да ти потврдат,според симптомиве што ги кажа 100% си бремена... поздрав Точно е Лори,сеуште немаме направено никакви испитувања,сепак си помислив да ми помине циклусот па да одам,за цисти сум сигурна дека имам,бидејки тешко ми пробива и многу ме боли стомак првиот ден и вториот ама првиот повеќе..... и цистите мислам дека ја кочат работата или... Се надевам дека брзо ке се случи тоа и кај мене и кај тебе и кај сите оние што чекаат долго бебенце,се си мислев дека овој месец бидна работата,ама не било така.... Поздрав ве сакам феминки мои
Прво честитки за новата трудница, годинава убаво почна, само така и да продолзи, мислам мене не ми почна убаво За Волсебна, не се разочарувај, тука не има многу како тебе, и сите заедно сме посилни за да истраеме, сигурна сум дека годинава ќе ги видиме двете цртки, ајде да веруваме во тоа и да се молиме, ке успееме сигурно! а ти лале немој да мислис дека ако те боли стомачето првите два дена дека тоа е од цисти, тоа нема врска, ја кога добивам првите два дена буквално немозам од кревет да станам, па фала на Господ немам цисти! ако имас цисти ке се исфрлас со бубулици, така знам, а прочитав тука подоле незнам дали на тебе некоја ти има написано, да пиес чај од невен, пробај мозеби помага, но најдобро отиди си на лекар, се сетив на твојата причина, ми каза во лична порака, но не гризи се, кога тогас се си доадја на свое место! само позитивно! и да има, постои лек како да пукнат, поздрав до сите и главите горе, ке бидеме мами
cherry-pie, честитки ти си бремена тестовите се точни мене и и со двете деца ми покажа позитивен и кога не сум била бремена точно покажувале затоа честитки и уживај