Неееее,таман работа да се плашиш и да ги чекаш сите симптоми да ги имаш.Некој има едни,некој други а некои жени па немаат никакви симптоми дека се бремени.Не се секирај, и јас ги немав сите, а болките во стомакот ми се појавија околу трети месец кога малце почна поинтензивно да расне бебето. Ни јас немав мачнини, дури ни градите не ме болеа. Единстевен симптом ми беа вртоглавиците, и тоа што многу силно ги чувствував сите мириси. Ич немај гајле, не е ништо страшно, уште поубаво е да не се мачиш уште од сега со сите потешкотии кои ги носи бременоста. Следната недела ќе си ја видиш точката а до тогаш гали си го мешето и уживај.Немој уште од сега да ми го нервираш
Само смирено, и слушај си го гинекологот. Не се замарај многу со рекла казала по интернет, ќе те фркне глава... Има жени кои што воопшто не осеќаат дека се бремени, освен што стомакот и расте. На една другарка и се лошеше од првиот до последниот ден, а друга ниту еднаш не отече, не и се лошеше, абе стомак ако немаше никој немаше трудна да ја направи. Друга пак, воопшто не го почуствува бебето. Ниту еднаш, дебелокожец си е она по природа. Не се секирај пред време, да не зезнеш работа!
Немој многу да се секираш и да се плашиш со предходното искуство,тоа немора да значи дека и сега ќе поминуваш низ истото,биди си опуштена и како што ти рече Силк гали си го мешкото и на ништо друго не помислувај,затоа што ништо не е повредно од тоа да знаеш дека носиш нов живот во твоето стомаче....би сакала и јас а и сите други што го чекаат тој момент да го дочекаме во најскоро време...Те поздравувам и ти посакувам овој пат да си имаш лесна бременост
ме интересира некои од вас кои им биле првите симптоми, дали било подуеност ... за апетит веќе знам. Но 2 пати до сега , ми се има случено како да ме има фатено некоја инфекција долу , или како прелада и за неколку часа поминува. Во тој период мнг ми се оди по мала нужда а не ми е до толку работата за одење.
Здрааво Девојки, Реков дека нема да се логирам да прочитам на форумот ништо додека немам да ви соопштам убави вести, ама ете не можев да издржам. Вие сте ми единствена подршка, кога пишувам овде си олеснувам себеси и додека гледам дека не ми се случува само мене ова и дека некои феминки по многу години обидувања успееале да забременат. Еве јас денеска бев на контрола гинекологот ми потврди пукнал фоликулот и дека сега ми преостанува да почекам овие две недели да гледам дали сум успееала. Имам страшни болки во јајниците не знам од овулацијата валда ама не можам ни да стојим на нозе дали има некоја ваква искуство? Многу јаки болки неподнесливи се пиев дури и парацетамол не знаев што да направам вчера. Поздрав
Здраво девојки! Јас еве нестрпливо чекам да помине уште утре, па да видам дали ќе добијам на 17! Обично на 28 дена добивам, но минатиот месев добив на 27 дена, па затоа го чекам 17... Искрено, се си мислам дека ќе добијам, ама пак после си викам, не, бе не, овој пат се фати Јас бев настината периодов, и од време на време имам и пролив И тоа некако ме спречува да се надевам, си викам нема шанси да сум! Ама ќе видиме, држете ми среќа! Позз
Мене многу ми помага чај од камилица кога ги имам тие болки, многу добро знам за што збориш, секој месец се пораѓам, еднаш кога ќе добијам и еднаш кога овулирам. Кога е ладно како сега, уште поинтензивни се болките, па пијам и увин чај и Б-комплекс. Пробај, ништо не те чини. Ќе биде годинава за сите, мора! Имам некое толку позитивно чувство попладнево, дури и после крверењето вчера колку испаничив, имав ужасен ден на работа, 11 саати бев денес, нервози милион, и одеднаш се смирував и ми доаѓаше инстинктивно да се фатам за стомак... Мислам и да не дај Боже (Свети Јордан и Јован нека ми се на помош викендов) да добијам, пак ќе бидам позитивна исто, затоа што сватив дека телото ми е спремно за бременост, психички сум тотално подготвена да станам мајка. Неверојатно чувство, неможам да го опишам. Којзнае колку смешно звучам, ама само со вас можам вака убаво да си ги искажам чувствата, неможам по дома да им досаѓам ќе ме стрелаат...
Ич не звучиш смешно,знам какво е тоа чувство,најпрекрасно нешто на свет...да се подготвуваш пред се психички за една ваква работа,си правиш 300 филмови како би изгледала со бебе во рака хаха јас така си се занесувам и кога оп ете ја тетката дошла,па нема ништо од мечтите,наредниот месец пак исто ама сега веќе се изморив,па размислувам малку посериозно да си ја фатам работава...зашто не сакам веќе да си правам филмови,сакам тоа да ми се случи на јаве....СЛИМИИИИ со тебе сме не се предавај немој да си мислиш дека не си успеала,уживај максимално и чекаме 2 цртки
Слими, само опусти се, не мисли на бременост доколку мозес, пиј си чајчиња од камилица за опустање и не му ја мисли, ќе успеес Морас да бидес позитивна Ти стискам палци и од срце ти посакувам две добро црвени цртки овој месец
Мене пошто ми е ептен точна,може само д а ми порани не и задоцни .Ама ништо не те чини да направиш еден тест
Многу ви благодарам за подршката девојки, Да не бевте вие не знам би помислил дека само јас не можам да забременим. И се надевам не само за мене туку за сите вас да се радувате. Поздрав
Почнаа да ме фаќаат кризи Се си мислам дека ќе добијам утре Освен болки во градиве и јајниците, ништо друго не ми се случува! Зачестено е и мокрењето, но и настината сум па сигурно е од тоа... До вчера си се надевав дека нема да добијам, ама денеска сум скрос негативно настроена! И сигурна сум дека ќе добијам, ако не утре, задутре сигурно! И ако не бидне ни овој месец, од нареден ќе паузирам, па здравје летово ќе пробаме повторно!
Нема откажување!!! Главата горе, ако не е овој месец, ќе биде наредниот. Трпение спасение, сите тука сме во иста каша, и ќе се бодриме се додека не се преселиме во трудички муабети, и да се враќаме тука за да ги бодриме идните мамички!!! Тешко е, заморно е, боли, напорно е, досадно, ужасно, но на крајот ќе бидеме наградени со најубавиот поклон, наше бебе во рацете... Тука сме ти за поддршка!
Ти благодарам елена.мак за поддршката! Незнам денеска цел ден ми е таков безвезен, се нешто се нервирам за глупости и незнам! Хормоните работат и се ми е пореметено! Утре се ближи, така да ќе видиме што ќе се случи А откажување нема, само да поминат овие неколку дена па ако нема успех пак одново на работа
Колку се надевав, колку скоро бев сигурна дека овој пат се фатило, дека се ќе биде во ред, и што? Добив 3 дена пред време... Не се откажувам во никој случај, посилна сум од оваа мака, мнооогу посилна! Само во моментот сакам да се соберам во едно ќоше и да се исплачам убаво, за да ми помине стресот . Ќе ми помине секако многу брзо, се ќе биде во ред, кога тогаш ќе си го добијам бебето јас и сите ние тука. Ама во моментот, тешко е. Ајде, нека е последен месец веќе!
Еленке, без гајле... мене почна порано да ми доаѓа неколку месеци пред да останам трудна. Се обидувавме околу 6 месеци, првите два месеци ми беше нормално, ама после почна да ми подранува, за на крај да се фати. Ајде, ќе биде!
Колку си силна, дури ти завидувам! Се шалам Елена Ајде ти вчера мене ме тешеше, сега јас тебе! Па и добро што ти дошла порано, барем нема да се стресуваш уште 3 дена! Вака ти е јасно дека не успеало овој месец... Ќе биде сигурна сум, летово ќе се шетаме на плажа со мешиња Јас денеска не добив... И се надевам нема ни да добијам! Држете ми среќа!
Не ти ја држам туку ти ја пуштам целата среќа на светот!!!!!!! Нема да добиеш, гарант! Ајде овој месец ти, а наредниот јас, хахаха! Па ко ќе организираме еден меше парти, кој ќе ни ги гледа маките! Ќе биде се во ред, кај и да е. Мора, по Господ со камења не сме фрлале!
хахаха па годинава убаво започна... си има баѓи мешиња, баш би била јака party хахах па и да добијам, не е крај на светот... ние го преживеавме '' крајот на светот '' , пак за една менструација