Леле Елена многу се натажив и јас и како и за себе да изгубам надеж. Немој никако да изгубиш надеж и да се растажуваш, кога тогаш ќе биде за сите нас. Јас верувам во тоа и за тебе и за сите нас ќе се случи чудо и за нас. Денеска плачи цел ден но од утре бриши ги солзите и со нови сили за идниот месец. Поздрав
Здраво девојки, сега ве читкам после неколку дена и зал ме фати кога ве читам колку сте испласени од добивање циклус, знам како е, но слусајте сега сто ви казам, истото вази и за мене, заедно сме, УСПЕХОТ нема да ни избега! Успехот постои само треба да почекаме! е сега некои стигнуваат полесно до него а некои како нас, си чекаат и си чекаат....но, ке дочекаме! и стварно покрај другото мислам дека мноооогу сме психички оптеретени, стом сме постојано на форумов, тоа се казува, колку мислиме на БЕБЕ!!! Знам дека еден ден ке си се смееме сами на себе кога ке се присетиме на ова лудило Ви посакувам само по две цртки, никако една! ајде кој е срекниот добитник? од кого прво ке слуснеме убава вест) Елена,Слимче, Лаура, Ели, Лале, Ики и незнам висе усте кој, не има стварно многу, но да се молиме на Господ да направи една чистка на оваа тема, да не снема , да немаме повеке потреба за тука, туку за некоја друга тема Поздрав
Ма ти кажав јас тебе, дома ќе те земам! Си се исплакав еднаш здраво, си се изнапцув, си се извикав, и толку беше, мора така. Ќе мигрираме на другите теми сите, нема више гајле! Си отидов од работа порано, си се частев една фризура, си купив еден ооооогроооомен кувар од Младинска книга, и сега ќе си се пикнам во кујна, моето златно зен место, и барем и другите ќе видат лезет од моево антистрес готвење! Не се предаваме, и нема паѓање на духот! Само напред!!!
само главата горе секој месец нова надеш. Ако ви е полесно исплачете се, ако саката да викате извикајте се..... Надежта последна умира среќно на сте
Здраво на сите феминки.Би сакала да ве прасам сега кога бев во в-це и кога се избрисав имав како кафеаво ама лигаво ми касни веке 2 дена пред еден месец бев на гинеколог и ми реЧе дека имам цисти па би сакала да ми казе некој дали тоа е некој симптом на бременос или е од цистите или пак немозе да пробие менстуацијата.Пред некој саат имав јака болка доле под стомакот и морав да легна. ПоздравЧе и ви Благодарам.
Девојки, фала на подршката и ви посакувам од срце да ви се исполни се што посакувате во моментот. Инаку јас бев денес на преглед (нели ми беше закажан за после една недела) и д-р пак ми рече дека неможела да види ништо конкретно што би значело бременост. И пак правев тест и беше позитивен. Рече дека сигурно покасно сум забременила, да одам за 10 дена. Мене ме фаќа паника, толку многу се плашам, незнам што да мислам. Инаку последната ментруација ми беше на 6.12. Што мислите вие ?
Лејди, немас место за паника, позитивен тест си е позитивен, па да е и еден па да се сомневас ама ти веке кој по ред ти е...јас мислам дека си бремена, има многу девојки сто имале проблеми слично како тебе, или не се гледа, или еднас го има друг пат го нема, или нема срцева реакција, се тоа мила си е индивидуално! две цртки си се две на крај направи тест преку бременост за потврда, а и ете нели последен пат си имала на 6.12, значи касниии, тоа ти е , бремена си, и опусти се, радувај се ти посакувам се најубаво и чЕСТИТКИ
Кога? Твингл, според годините ако ти се точно напишани се надевам не е за тебе... Немање менструација, отечени гради, гадење, ти се повраќа, болење стомак , глава, поразвиен ти е осетот за мирис... Инаку за околу 2 недели се јавуваат симптомите .
Здраво Ладу, Сега не знам со какво ехо те има прегледано докторот но јас би ти препорачал да направиш едно вагинално ехо и да се гледа добро не дај Боже да си вонматерично бремена зашто тогаш излегува тестот позитивно а не се гледа на ехо.Имав слушнато од мојата другарка имаше таков случај. Би те препорачал на време да реагираш. Поздрав
Здраво девојки! Еве јас неможам ни да спијам, синоќа во 4 заспав и цело време сум на штрек... Уште немам добиено! Кога да правам тест? Неможам да дочекам! Значи минативе месеци ми иде на 27 дена, а претходно на 28! Е сега, никога ми нема доцнето! Денеска е 28 ден! И немам ништо! Ни некаков розов или кафеав исцедок што обично го имам пред да добијам убаво! Се надевам нема да добијам! И кажете ми кога да правам тест?? Поздрав
Јас би ти препорачал да почекаш некој ден да ти ѕакасни па после поточен е.Или ако не моќеш да почекаш оди во лабораторија преку крв нека ти направат тест. Се надевам дека ќе се иѕрадуваш,
Лаура, па ти мозеби си и бремена незнам колку време има поминато од односот, но ако се 14дена тогас утре направи си тест и сигурно ке ти показе! немора да има секоја имплантациско, не мисли на тоа, хехе ајде ти стискаме палци, ако и денеска нема нисто , тогас сабајле те чекаме да ни писес добри вести но ако не се поминати 14 дена тогас не прави порано тест, засто мозе да ти показе негативно засто е рано а ти озеби си бремена и само ке се нервирас а тоа нема да е добро за ембрионот! ајде опусти се и не му ја мисли, усте еден ден ке помине бргу, поздрав и писи
Dali moze nekoj da mi odgovori na moeto prasanje. Sega momentalno nemam od kafeniot iscedok ama do sinoke imav. Pozdravcee
Ајде Лаурааа!!!!! Сабајле чекаме известување за две цртки, друго не прифаќаме! Јас нема да издржам повеќе од еден ден, гарант. Најдобро ако несакаш да чекаш денови со тестовите, оди во било која лабораторија и уште денес ќе ти кажат. Јас одев во Ремедика по препорака на Ели 25, и многу сум задоволна, не памтам колку пари беше, 700-800... Лелеееее, колку се радувааааааам!!!!!!!!!!!
И јас сите ве сакам и сакам сите да бидеме мамички сто е мозно побргу како сестри сме си на форумов и се радувам за секоја од нас, за секоја убава и надезна вест
Пред да влезам да се туширам... кога се избришав видов една мала капка крв! Скрос малку значи ама се појави! Знам дека ќе прсне кај да е Само во вц сум... на секои 10 мин имам осеќај дека ми се моча ( се извинувам на израз ) и кога ке појдам 3-4 капки, колку за адет! да му се сневиди више, па дај ако нема ништо да си добијам, нека не ме мачи вака! Сега ќе одам на роденден во игротека... Ќе се опуштам ваљда, ќе има еден куп бебуши Ќе ве известам за понатамошните случувања
Душо , немора да значи дека ке ти започне циклусот Почекај уште неколку дена за да си посигурна , ако не ти започне , направи си тест Ти пуштам среќа да си видиш две цртки! Извести не што ке биде
Немора ништо да значи! Ама баш ништо. Почекај и види, ако не добиеш најдобро, а ако добиеш, ќе се трескаме од земја наредниот месец со истиве приказни, и ќе правиме меше парти кај и да е! Само не се нервирај, секако не е позитвно ни за ебе а ни за бебето ако се фатило.