Мила,може од друго да ти се појавиле капките крв.Мој совет ти е да одмараш до вечер,да не одиш на роденден па утре напрај тест
Женски како сте ми?Вчера не ве посетив ич,не бев дома цел ден...од оправдани причини Да ви кажам дека бевме со мојот најмил да си купиме прстени,се решивме конечно после 9 години,здравје боже веридбата ќе ни биде следниот месец некаде на средината морав да го споделам ова со некој па вие сте првите што ви кажувам,така да овој месец неможам да мислам многу на бебе така можеби и ќе се фати...секако не ја исклучувам можноста до крајот на овој месец да си одам на преглед....Поздравче ве сакам Лаура ти што направи?Ајде 2 цртки чекаме од тебе
Cestitki lale, so sreka neka vi e, vi posakuvam harmonicen brak poln so ljubov, decinja, razbiranje i se najubavo, ajde opusti se mozebi ovaa radost, ke ti donese i druga nova dolgoocekuvana radost se najubavo
Ти честитам срцка, ви посакувам се најдобро и мноооооггггуууу бебиња! Јас уште не добив... Што сака нека биде, не се стресувам веќе... И да добијам, здравје! Ќе биде!
Ви благодарам на сите за убавите желби,да ви се исполни се што си имате замислено и јас исто на сите вас ви посакувам што поскоро да се израдувате со бебчиња знам дека тоа на ви е најголемата желба на сите како и на мене
Честитки Лале, ви посакувам да имате најубав и најхармоничен брак, исполнет со едно чудо дечиња! Сега ова може да биде уште една причина да ви успее бебчето, затоа што спремањето на свадба и веридба богами цица енергија, нема да можеш да се замараш толку. Се најдобро! Лаура, како си ти мила, што ти се случи? Се надевам дека ти се случиле 2 цртки, од срце се надевам!
Јас добив! Но, ми помина, зошто од 7 сабајле се дрецкав и сега сум ок. Здравје, нареден месец! Можеби Бог сака сите заедно нареден месец да се радуваме
Ајде, така требало да биде, нема нервирање. Издери си се онака од "дну дна", и повеќе среќа нареден пат! Ќе се радуваме сите, само мора да дојде моментот, Господ кога сака, тогаш!
Ајде исплачи се, совземи се и со нови сили за наредниот пат, се надевам и последен во обидување! Не си единствена, видис сите се разочаруваме постојано! знам дека е теско и знам колку е теско, но сто моземе....само да не се отказуваме! Ке успеес мила, само трпение! навистина ми е зал, но ајде следниот месец од срце ти посакувам да има гооолемо радување
Девојки јас сум супер! Ви благодарам што сте со мене! Ама не плачам и нема да плачам! Па ова е само почеток, ова е 5 месец што пробуваме... Ако јас се разочарувам од само 5 месеци , што треба да правите вие што чекате дупло повеќе од мене?! Така да, се во свое време! Престарени не сме! Господ знае кога е вистинското време! Наше е само да бидеме трпеливи и никако да не се откажуваме! Баш би сакала да си правиме кафица некогас заедно со нашите најмили Ве гушкам сите до една!
Девојки ве молам одоговорете ми на прасанјето сто го писев пред 1 ден. Еве усте имам таков кафеав исцедок кога одам во в-це и кога ке избрисам. Ве молам за помос и мислење. Лале големи Честитки и од мене многу здравје срека слога љубов и многи многу деЧиња
Сто моземе да ти каземе, немаме одговор, барем јас немам, деликатна состојба, но почекај усте ден два, јас мислам дека ти пробива, и мене некогас така ми се слуцува, така ми бесе и последниов пат, дури три дена исто ко сега на тебе па после си почна нормално! не се нервирај, поздрав
се надевав и овј месец ама ништо добив 4 дена порано а ми се лосесе,градите ме болеа и долниот дел од стомакот 3-4 дена пред да ми дојде имав како водест исцедок постојано и вецерва ми истече несто како кафеаво и кога се избришав имасе розова точка се разочарав но тоа е надежта последна умира од 21 ке почнам со кломифен па ке видам колку ке успее
Ти благодарам Riba123 и тебе zazarsko, ви посакувам се што си имате замислено да ви се исполни Riba123 и мене ми се случува повеќе пати така да имам 2 дена кафеаво па потоа да ми дојде,изгледа тоа е затоа што тешко пробива,барем јас така мислам...поздрав
Девојкии ве молам за мислење, на 10 месецов имавме односи со свршеникот и сврши во мене и бев во денови на овулација но после 4 дена ми се појави некој светло кафен исцедок и го имам само на гакичките (не и кога се бришам) и имам некое чуство на слаба болка во јајниците но мислам дека сеуште е рано за симптоми :/ Прашањето ми е дали на некоја од вас и се има случено вакво нешто? Не направив тест бидејки чекав барем 10 дена да поминат. Ви благодарам однапред
можеби е имплатационо крварење, макар да имплатационото крваренје се јавува после 6 ден од зачнуванјето ама се е можно ти посакувам да се израдувате со две цртки овој месец , а повеќе за имплатационото крварење на овој линк http://www.bebac.com/vesti/sta-je-impla ... u-trudnoci :geek:
Нисто и од мене овој месец еве после кафеавиот слој дојде и црвенито знаци не сме ги погодиле плодните денови здрваје нареднито месец да се надеваме дека ке биде несто и ние да се израдуваме.Малку се изнервирав ама тоа е повеке срека наредниот пат. Ви благодарам многу Лори -30 и Лале24.