ako надежта последна умира, мојата е тешко болна вчера добив... уствари незнам дали е вчера или денес, зошто вчера цел ден имав само една капка, а денес пробија повеќе, така да ништо од мојата бременост и мојата надеж... се повеќе сум сигурна дека по природен пат нема да се успее, затоа во наредните неколку месеци ќе се обидеме со инсеминација, ба белки тогаш ќе биде поздрав на сите и се надевам дека другите нема да ја делат мојата судбина овој месец
Немој веднаш да се разочаруваш,Господ е голем,белки ќе не слушне... ако нешто ти значи ја имаш мојата поддршка
Инаку моите мачнини и повраќања се зачестуваат,чувствувам дека фармерките ми сметаат како да ме стегаат во долниот дел од стомакот... не знам дали ќе можам да дочекам уште една недела за да направам тест за бременост...Јуухууууу I'm happy
Мислам дека е многу рано за мачнини и повраќања 1 недела од ризичниот однос. И да си бремена бебчето уште не е зачнато -оплодено. Зачнувањето-оплодувањето се сучува од 7-12 ден после овулацијата Ти ја пуштам целата среќа тестот да биде позиивен
Па зарем е можно мачнините да ми се само на психичка база (од желба да сум бремена) ? или пак некој вирус е (што не верувам) Ми останува само да чекам...веројатно ќе ја имам таа среќа...
Не ме сваќај погресно погрешно многу сакам да си бремена, тоа е најголемата радост, но според мене нема шанси да имаш симптоми 1 недела после однос. Почекај уште 4-5 дена и направи тест. Срекни Празници
Имам едно прашање, кој може да ми одговори. Ми доцни веќе 3 недели, но сеуште немам направено тест за бременост. Ме боли стомакот во долниот дел, имам вртоглавици, ме боли половината, забите. Ве молам за мислење!
а зошто немаш направано тест?3 недели не е мал период сигурно ке ти покаже точно.не верувам дека има друга причина да ти касни толку.инаку прв симптом(незнам колку е чест) на оваа моја бременост ми беа воспалените непца.ти посакувам да го видиш очекуваниот резултат.
Мене ме нема да пишам за симптоми...што значи дефинитивно симптомите ми биле на психичка база Значи последната менструација ми беше на 23 минатиот месец...и кога малку ќе размислам навистина е премногу рано за симптоми и предвремени заклучоци...Како точно ќе тече сега одвивањето на оплодувањето??? Да си знам да не трчам пред време за тест (иако знам дека нема да бидам стрплива до следното НЕдобивање)
Ако на 23 Април ти била последен циклус тоа значи дека деновиве ти се плодни денови. Работи на случајот деновиве. На колку дена ти е циклусот?
Епа вака значи...пиев антибејби (Јазз) значи со последната менструација ги прекинав и апчињата...така да на 28 дена.Сега за сега добро ни оди со работењето на случајот И да прашам уште нешто...имам слушнато некаде дека било подобро јас да лежам ...значи да не бидам во некои стоечки пози или кај што јас сум од горе (наводно имало некаква си врска)?
Најдобро е да бидеш во лежечка положба и некои викаат после однос да ги кренеш нозете нагоре или да ставиш перник под задникот. А колку време си во брак? Тест најрано се прави 1-2 дена пред терминот за добиванње.
Во јуни ќе ни биде 4та годишнина. А заедно сме веќе 6 ипол години.Тестот ќе го направам околу 19-20ти...Па ќе видиме што ќе каже
Здраво нова сум на форумов и би сакала да ве прашам нешто... Последен пат добив на 24 март требаше да ми дојди на 24 април пошто јас имам редовна менструација... На 21 април го направивме тоа потоа на 25 на 28 и на 1 мај... Јас сеуште немам добиено ми касни веќе 16 дена на 27 април направив тест и на 4 мај но јас мислам дека рано сум ги направила. Последниве денови често одам по мокрење, имам болки во грбот и многу киселини. Што е вашето мислење дали сум бремена??
па некои 95% ДА! оди прави тест и пиши ни што си направила ... инаку добредојде на форумот и се надевам во клубот ИДНИ МАМИЧКИ
Здраво, сакам да прашам нешто... односот ни беше пред 5 дена и после тоа се осеќам некако "чудно" за период во пмс, денеска на гаќичките забележав дека секретот ми е некако помешан со црвена боја (како конци низ него) што значи тоа? Од љубопитност земав тест иако знам дека е рано и излезе негативен...некој да знае нешто? Благодарам
па рано ти е за тест,па ако сврси во тебе има санси да останес бремена али искрено тоа можес после 2 недели или повеке да дознаес,а тоа сто си имала како крв па ако не е менс незнам,поЧекај па ке дознаес