Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Симптоми на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од macence, 19 ноември 2009.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Engaged, ако ти е редовна менструацијата на 28 дена со претпоставка на нормална овулација на 14ти ден, tebe СЕ` УШТЕ НЕ ТИ Е НИ ОПЛОДЕНА јајце клетката, не па да имаш симптоми ко за бременост :)
    Опушти се, вака ништо не правиш...
     
  2. Engaged

    Engaged Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    10
    Па добро, баш поради тоа што не сум упатена во овие работи, побарав мислење овде. Ако знаев, сигурно немаше да Ви се обратам Вам. ;)
    Можеби Ви изгледа смешно, ама низ оваа фаза јас поминувам прв пат во животот, па не е чудно што не сум запозната!
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Се` е тоа во ред, јас изреагирав зошто ти ги наведе сите можни симптоми на бременост (ваљда си ги прочитала некаде, па потсвесно си ги проектираш во реалниот живот), а по време дури сега би требало да си во овулација.
    Мислам дека кога веќе почнавте со овој процес, треба да потрошиш неколку саати во читање на се` што би можело да те интересира за зачнувањето и бременоста, не само за симптомите - тие се резултат на претходното :)
    Со среќа!
     
  4. Engaged

    Engaged Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    10
    Е да, би требало да сум во овулација, само што мене не баш така календарски ми се случува.
    Јас веќе имав овулација пред 3-4 дена. Така да не е е се' така шаблонски кај секоја жена, како што пишува некаде...
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Можно е и тоа, ако си имала густ леплив исцедок - тогаш најверојатно и ти била овулација.
    Ако веќе знаеш да ја препознаеш, тогаш и знаеш дека:

    Значи, рано ти е за се`. Опушти се и не мисли многу на симптоми, тежок е тој притисок, а ти само што си го започнала патот. Уживај во процесот :)
     
    На Engaged му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Engaged

    Engaged Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    10
    Фала за одговоров, покрепен со доказ. :))))
    Инаку, баш ова и го барав Moira, да ми кажете дали е рано, дали е на време, што, ккао се случува, кога...
    Цела сум во прашалници. Ваљда ме разбираш...
    Во секој случај фала...:*
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Прочитајте го текстот, може ќе ви разјасни некои прашања

     
  8. KETI-keti

    KETI-keti Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    позз. имам едно прашање. пред година дена имав еден спонтан. во таа бременост имав симптоми на бременост осбено осетив уште кога градите ми станаа осетливи. сега мислам дека е можно пак да сум бремена, но симптомите ми се во тоа што малку повеќе ми се јаде, наутро некако рацете како да ми се малку отечени и забележав дека имам некој поинаков погуст секрет и мала болка во јајниците. за тест ми е сеуште рано имам уште 15 дена до менструацијата. па што мислите вие можно е да е бременост???? однапред благодарам
     
  9. Engaged

    Engaged Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    10
    Па види, према разговорот малку погоре, не би требало да ги имаш симптомите на бременост, зошто е најверојатно рано за тоа. И јас мислев дека ги имам, јас треба да добијам за 13 дена, ама ми рекоа дека рано било.
     
    На KETI-keti му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Јас по секретот што ти е погуст и болката во јајниците би рекла дека си во овулација ;)
    такада ајде на работа :lol:
    :*
     
    На KETI-keti му/ѝ се допаѓа ова.
  11. KETI-keti

    KETI-keti Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13

    :lol: ајде ќе види ме сега имам уште неколку дена до менз, едвај чекам да видам дали ќе добијам :lol: фала ти многу мила за одговорот :*
     
  12. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    Ај да прашам тука, можеби некој веќе има прашувано за ова... мора ли да се осетливи градите за да биде знак за бременост, или немора кај секој? Еве мене како еден ден ми доцни веќе, ама не осеќам ништо никаде |(
     
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.852
    Допаѓања:
    40.263
    Пол:
    Женски
    Не мора :)
    Овој пат немав никакви симптоми дека сум бремена , освен тестот позитивен :lol:

    Со првата бременост бев целата омалаксана, градите исто осетливи ..овој пат ништо :)

    Ти посакувам исто овој месец голема срека , стискам палци :hug:
     
    На ecapereca му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Јас симптоми почнав да осеќам некаде од втор месец 7-8 недела. Тогаш и градите ме болеа, ептен бев поспана, тогаш почна и да ми се гади, а осетот за мирис уште покасно ми се изостри. Така да, нема врска дека мора секоја одма да ги има вообичаените симптоми на бременост. :)
     
    На ecapereca му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    И јас затоа се чудам, дека првиот пат кога бев бремена ме болеа одма градите, половината исто, и ми се спиеше многу уште пред да дознаам дека сум бремена, а сега ништо. Ај да се надеваме дека се фатило :)
     
  16. eci85

    eci85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    431

    Ајде ецапереца стискаме палци да не израдуваш,кај мене овој месец немаше место за радост па од 5ден на циклус бев на кломифен па сега ке видиме како ке се одвиваат работите.Господ е Голем ке не израдува и Нас :*
     
    На ecapereca му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    Ќе биде срцка, мора да биде еден ден :* :hug:
     
  18. guldzana

    guldzana Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    ke bidee aj ovoj mesec da se izraduvame siteee :D :D
     
  19. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    ecapereca и мене 3 дена ми доцни, и јас немам никакви симптоми, ама баш никакви. Градиве меки, ништо посебно,освен доцнењето. Што велиш ние две утре по еден тест да направиме? Се надевам дека сега сме успеале, иако јас имам едно неуспешно ИВФ, и сега ги поднесов документите за 2 ИВФ
    Поздравчее
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Engaged

    Engaged Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    10
    Девојки, јас треба да добијам на 08.08, значи уште 9 дена. Само што направив тест, ми излезе негативен. Па што мислите, рано е сеуште за да покаже?