Симптоми на бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од macence, 19 ноември 2009.

  1. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    Ништо од тоа срцка, баш се чудам. Мојата докторка од Скопје ми рече дека осетливи гради не биле знак на кој треба да се ослонувам, доволно е што ми касни и имам позитивен тест, колку и да е бледа линијата. Минатиот пат неможев прслук да носам колку ми беа осетливи, сега ништо, само навечер ги осеќам малку понатежнати. Многу овошје ми бара да јадам, и свеж зеленчук, што досега не ми било така. Штом станам одма овошје барам, можеби и затоа не осеќам поспаност и умор. Што знам, навистина чудно :?: ;)

    P.S. Ики сега гледам од минатите твои постови, ти како си? Правеше тест?
     
  2. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Срце не се секирај трудничко си ни ти. Јас во Понеделник ќе правам тест, бидејќи имам ПЦОС и може и од тоа да ми касни. Се надевам на две цртички :)
     
  3. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    Извини што прашувам, а што е тоа ПЦОС?
    Дај Боже да испаднат две цртички, стискам палци :*
     
  4. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    ПЦОС-Полицистични јајници, и затоа имам нередовни циклуси, ако не примам некоја терапија и овулација немам. Јас и ти може во исто време да бидеме бременки :) Jupii
     
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.273
    Миличка ecapereca, што му се заморуваш толку а ;) ?!
    Тестот за бременост да знаеш дека никогаш не може да излезе лажно позитивен, негативен да, може, но не и позитивен и плус на неколку направени тестови. Не се нервирај, ти ни си во блажена состојба со сигурност, сега да чекаме другите да се израдуваат :inlove: .
    Ова ти го кажувам мила, зашто тој стрес низ кој поминуваш не е воопшто добар ни за тебе, ни за бебчето. Нека си расте тоа сега, а ти радувај си се.
    Симптомите не се секогаш морални и за сите. Од мое искуство беше така. Немав ни еден симптом, дури кога веќе започна да ми се повраќа, тоа беше после 7мата недела. Ни осетливост на градите, ни болка во јајниците... апсолутно ништо. Кај некои личности симптомите доаѓаат многу подоцна, имаш време да поминеш низ сите, само со лесно да си ја износиш бременоста и да немаш многу мачнини.

    iki26 мила и јас имам пцос. Мене циклусот ми доцнеше и по 6 месеци, но слава на Бог за ова чудо што денес се случува. Пиев и хормони, бев на не знам какви терапии, почнав да вежбам да изгубам некој кг, зашто со губењето на телесната тежина, може да настане природен баланс на хормоните... и на крај резултат нула. Божја волја и благослов пред се, а потоа другото, но изминатиот период јадев аронија и за некој чудно или не, мене циклусот ми се стабилизира. Добивав на два месеци, некогаш на еден месец, важно имав циклуси и хормоните работеа. Ова го кажувам без никакви терапии или хормони, без ништо, само аронија.
    Од срце ти ја препорачувам мила, зашто тие хормонски терапии колку се добри, повеќе се лоши.
    Со Божји благослов, сега чекаме ти да не израдуваш со најубавата вест, а и сите што очекуваат две цртички :angel: .
     
    На Keti30, ecapereca и iki26 им се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.030
    Допаѓања:
    42.714
    Пол:
    Женски
    Да ете ме и мене , викав немам никави симптоми :^) Си бев фит по цели денови
    епа денес мислам ке поцркав , те од маЧнини , те од топло ...
    Цел ден лошо ми е , притисокот низок осекам :(
    И како и претходната бременост ми помага само Јогурт , највеке ме освежува :)
    :)
    Како ке поминам овој пат кој знае :( се надевам на лесна бременост
     
  7. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    145
    Девојки, можно ли е да сум бремена? Вртоглавица имам страшна, киселини нон стоп, осетливи гради, благи болки долу во стом. и ми доцни 2месеци но од повторно разочарување се плашам да направам тест и да отидам на преглед... :(
     
  8. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.093
    Пол:
    Женски
    :o 2 месециииии и немаш тест направено ти се дивам јака ти душа :) направи си одма Tест и да си појдиш на док. Aко си трудно док. мора да го види бебенцето и да види како се развива :)
     
  9. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    есапереса, честитки!!! баш ми е мило што си бремена... јас уште си чекам, кој чека ќе дочека :D
     
  10. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    145
    Немам, се плашам :( Ќе реагирам за брзо :) Па ќе кажам резултати, се надевам на добри вести конечно...
     
  11. eci85

    eci85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    431

    ооо па тоа е долг период... :( правец гинеколог да ти утврди бременост не е добро да чекаш толку време за да ти касни,ако тоа ти се случува прв пат,ајде со срека :*
     
  12. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    правец гинеколог тој ќе ти каже тоа што ке те израдува и како ти трае душата да не провериш...ајде купи си тест и провери си не се грижи
     
  13. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    ух еве ме и мене после толкју многу време на форумот и со милион прасалници...значи вака осетив скоро секој ден толку многу вртоглавица што и додека лежам јас едвај доагам до себе...по 10 мин вртење,потоа еден чуден фактор...љубител сум на кафе посебно на оваа 3 во 1...абе пошнав пола шојла да не можам да ја испијам ми се гади...пред месец ипол си ги средив сите ама баш сите заби...докторот ми рече дека сега сум тип топ во забите...мене последната недела секој можен заб почна да ме боли едвај јадам,едвај жвакам...идам минатата недела на доктор и ми вели ајде да почекаме до 5 бидејки ми е редовна менустрацијата и требаше овие денови да ми дојде,плус тоа ми зема вагинален брис...денес одам да земам резултати се е ок одам кај гинекологот и ајде да ме види на ехо ми вели...има нешто ама ај ке почекаме уште 10 ден...успат ми препишува витамин Ц и тифол и сега со милион прашалници и нестрпливост...ајде трудници дај те ми некој совет/надеж има шанси за бременост или тоа им е само некоја почетна процедура...пошто си пипува дека таблетити се зимат по 1 за жени кои планират бременост а човече он некоја надеж ми даде со оваа негово-има нешто се гледа ама ај да почекаме
     
  14. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    Направи си тест срцка ако ти касни барем ден-два. Ама штом докторот ти рекол така, тогаш сигурно мисли на рана бременост. Ајде дај Боже да е тоа :clap:

    А јас сеуште никаков симптом на бременост. Градите само завчера вечер ме заболеа кога го извадив прслукот. Ни стомакот го осеќам некако, ништо. Нормално ли е вака без ама ни еден симптом на бременост? А да, вчера пак направив тест за да видам како напредува цртичката моја фамозна, и беше малку појака од претходниот пат, ама пак не толку црвена како контролната. Нормално ли е сега па тоа после 5 дена од првиот тест, сеуште да не биде јако црвена цртичката? Утре ја очекувам докторкава да ми се јави, па ќе видиме за кога ќе закажеме. Поздрав до сите срцки, не ме карајте само ве молам за мојата цртичка што пак ве давам по малку :lol:
     
    На Zoza му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    и да знаеш дека ке направам тест,јас по навика кога и да си дојдам од словенија во мк одма сум си на гинеколог и така беше и сега,во неделата си дојдов и минатиот вторник одма појдов...денес пак дека он така ми рече и стварно ми даде голема надеж...плус тоа ме праша кога добив минатиот месец-јули и дали работивме на случајот онака редовно или? му кажав и дека последен однос ми беше на 27 јули и потоа си дојдов...е сега многу се надевам ама и се плашам да не се разочарам
     
  16. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Ецапереца не се оптоварувај со симптоми, уште е рано за нив, а не мора да значи дека и ти ќе ги имаш истите симптоми кои се наведуваат. Секој организам е различен. Уживај си, гали си го мешко и чекај си ја наредната контрола. Пиј си фолна, јади здрава исхрана и не се оптоварувај со небитни работи. Ќе видиш ќе дојде време ( :!: наредната контрола) кога ќе се смееш и ќе се чудиш на овие коментари. :*
     
  17. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    послушај си го докторот.. ако последниот однос ти бил на 27 не мора да значи дека тогаш се фатило може и порано да биде ако си бремена евентуално.. а за симптоми на бременост и јас немав само предменструални болки и само еднаш ми се имаше гадено. направив тест после 4 дена каснење и се покажа позитивен.. како и да е нема да се разочаруваш сите бремености и сите жени не се исти...
     
    На Zoza му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    фала ти на советот,така и ке правам ке пиојам фолна ке си пијам витамин Ц и ке си чеккам 15-ти овој месец...а знам дека немора да значи дека баш на 27 е бидело...како и да е со Господова желба и помош ке се надевам на потврена бременост после 2 ипол години мислам дека е редно време да се фати....
     
  19. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    ќе биде како Господ никој не е Господ си ја знае работата нека дава на сите,сите да сме со полни раце и очи ;)
     
  20. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    145
    Ништо девојки......... ;( ;( ;(